Рано влегување во пубертет

Дискусија во 'Тело' започната од Bitter-Sweet, 4 јуни 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.347
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема.
    Денес децата се порано влегуваат во пубертет, дури за 5 години порано од нас, постарите генерации.

    Во последните 20 години, научниците се обидуваат да откријат на што се должи феноменот на прераниот пубертет кај денешните деца, посебно девојчињата. Растот на градите, кој во претходните генерации типично започнуваше на возраст од околу 11 години, сега почнува веќе од 7, а кај некои девојчиња и во 4-тата година. Експертите стравуваат дека ваквото избрзување може да го зголеми ризикот од рак или други болести во текот на животот.
    Причината за прераниот пубертет е предмет на истражување во научничките кругови. Сепак, гојазноста се наведува како еден од главните фактори. Имено, степенот на гојазност се дуплирал во последните три децении – само 8% од децата на 6 до 11 години биле гојазни во 1980-тата, за разлика од 18% од децата во 2012-та година.
    Најновите студии сепак сугерираат дека не може целата вина да се препише на гојазноста. Се смета дека стресот во семејството, како и изложеноста на хемикалии во модерното опкружување, исто така, имаат важна улога во сé пораната појава на пубертетот. Ова важи и за момчињата, кај кои е востановено дека во пубертет влегуваат од 6 месеци до 2 години порано од она што би требало.
    Клиничките професионалци велат дека раниот раст на градите кај девојчињата не му штети на физичкиот развој на телото. Но, психичките ефекти се многу силни. Раниот пубертет, имено, го зголемува ризикот од депресија и сексуално злоставување, како и за порано влетување во сексуални односи.
    Од биолошки аспект, пубертетот, без разлика дали се јавува порано или подоцна, започнува во мозокот. Па така, безбедно е да се заклучи дека некој од горенаведените фактори всушност го предизвикува мозокот да го продуцира хормонот гонадотропин, кој потоа ја активира хипофизата. Хипофизата пак, испраќа сигнали до јајниците да излачуваат естроген. Генерално, менструацијата започнува две години подоцна. Меѓутоа, јајниците не се единствениот дел од телото каде што се создава естроген. Масните клетки, исто така, го продуцираат овој хормон, па јасно е зошто пубертетот започнува порано кај гојазните девојчиња. Патем, кај нив, и менструацијата почнува 3 месеци порано, што значи дека и пубертетот трае подолго.
    Мајките можат да им помогнат на своите деца и да го спречат раното влегување во пубертет така што ќе ги дојат наместо да ги хранат со млеко во прав.

    На оваа тема често имам зборувано. Еве и тука ме интересираат мислења, дали треба да сме загрижени поради ова или да го прифатиме како нормално? Да, има некои кои го сметаат за нормално и мирно си го прифаќаат, не мислејќи на разните ризици (горенаведени).
     
    На zokystanoevsky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    I jas rano vlegov vo pubertet i mnogu mi e maka.. Ama toa e, taka trebalo da bide.