Да или не за овој вид музика и зошто?Кои изведувачи (домашни и странски) ги почитувате и кои траки ви оставиле впечаток ?
Секако дека да, зошто мислам дека преку рецитирање може да се искажат чувства кои на друг начин не би можеле.Мада во денешно време ретки се тие рапери кои што стварно вредат. Во Македонија мислам дека воопшто не постои рап сцена и многу ме иритираат некои си x рапери кои само јадат го*мна што се вика безвезе. Комерцијални-некомерцијални, какви и да се, за мене не чинат. Од Србија го почитувам само Марчело, човекот е феноменален, колку е креативен тоа е чудо невидено. За жал оние кои не го разбираат го плукаат, мада не им вреди ништо, ни им се замара многу. Што се однесува до американската рап сцена, која според мене е најразновидна и има секакви лудаци, идиоти и таленти, мислам дека последниве неколку години стана толку комерцијална што таму веќе неможе да се најде вистински рап. Сите се залетале по Еминем, 50 Cent, Lil Wayne, а тие пусти за пари и слава се ќе направат. Old school генерацијата е веќе друга приказна. Инаку омилени рап песни ми се оние на Марчело,на пр. : Ponos, Testament, Kuca na promaji, Dole, Pozeriste, MC bez harizme и други.
ХИП ХОП ДАМИ И ГОСПОДА!! Дефинитивно стил на музика кој ми лежи најмногу. Иако слушам се, (освен трубафолк), хип хопот може да се каже дека го сакам најмногу. Слушам секаков, од македонски, српски рап, американски олд скул... Бог на хип хопот, еден и единствен - се разбира 2pac. Само кога ќе слушниш некои песни, веднаш можеш да забележиш колку се разликува од денешните "заебани" рапери, кои пеат колку жени имаат и колку пари фрлаат по нив. Секако има и исклучоци. Но Тупак е еден и единствен. Не знам кој сеуште нема мрдано газ најсилно што може на California Love, мислам дека од оние кои слушаат хип хоп, нема таков. The next episode e песна која што може цел ден да ми стои во плејлиста и да не ми здосади. Српскиот рап ми е сеуште на проучување, не сум слушала толку мнооогу за да можам да дадам општ заклучок затоа што слушам само поединци. Марчело, Струка, Едо Маајка... Од македонски рап, едни и единствени Green Out. Саф се исто така добри. Само кога ќе го слушнеш Антонио од Грин ќе видиш што значи рап, уметност со зборови, уметност кога ги изговара, уметност кога почнува да забрзува. Арно што има ограничување на 5 видеа, инаку можев 100 да ставам. http://www.youtube.com/watch?v=RzcGJIGvmZE http://www.youtube.com/watch?v=9hS8X9UkCh0 http://www.youtube.com/watch?v=kO-XmvYlow8 http://www.youtube.com/watch?v=Ay9BWM8lwOA И секако НАЈубавата, песна без која не ми поминува ден http://www.youtube.com/watch?v=7nzLgpN_ ... re=related So take, these broken wings I need your hands to come and heal me once again (Until the end of time) So I can fly away, until the end of time Until the end of time Until the end of time
Тaткото на македонскиот рап!!! http://www.youtube.com/watch?v=58wPB4pcRng Инаку деновиве се слуша: http://www.youtube.com/watch?v=UH0REUjy0Uc една љубов!!
На ова песна имам ѕенѕано најмногу во животов. Оваа песна ако не те поткрени не знам која ќе го направи тоа. http://www.youtube.com/watch?v=BGICU6gKpRo Im so Fr-ta- Fresh- to Fresh to Def. Yes. (Yes). I gotta Wax On Wax Off (Wax On Wax Off) Wax On Wax Off (Wax On Wax Off) If you know youll fly and no one can test. You gotta Wax On Wax Off (Wax On Wax Off) Wax On Wax Off (Wax On Wax Off)
http://www.youtube.com/watch?v=j3gkN9MyMoM http://www.youtube.com/watch?v=TgUtducMsxY http://www.youtube.com/watch?v=rhmYaNM3hV4 http://www.youtube.com/watch?v=TqxB4PHfLeA
http://www.youtube.com/watch?v=i-QAwlacBHI http://www.youtube.com/watch?v=0bHn7tKj ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=eQi9pmkNWz4
Господе прости им! Убава култура, вредна за почит. Само ме нервираат сељаците кои се жалат од тешкиот живот.. ај да не серам.. еве на што мислам http://www.youtube.com/watch?v=oVsgpiSwcNY, победија на ланските хип-хоп награди(за песничка).. ЗАСЛУЖЕНО! Идемо даље. 2pac,d-12(и Еминемчото како соло),outkast,cypress hill, Lil Wayne,Nas,50те центи,Нели,Џеј Зи,Fat Joe,Xzibit.. Лудила. http://www.youtube.com/watch?v=ImRPsLxe8t0 Балканика.. bad copy..опасни дечки "идемо одма", "bad copy журку"..ненормални Марчело-ела стигни го да те видам.. "позериште", Скај Виклер, Београдски синдикат-АЛАЛ ВЕРА! Македонче САФ,ДНС,Чиста,Црна Тачка-камени темелници Понатаму, СВП, Стр2, Слаткишот(ете тука нега биди и Скит.. скратено ЕО), Кацар,АцеНл, Пука, Сиги(скрипти на еден писател), Џакичот(темата на лириките му вреди),Грин Аут(солидни),Urban Minds(уникат),Бизи,Тони Зен(комерцијален хип-хоп.. американ стајл, високобуџетен деќко,знае како во шоу-бизнисот),Клан исток(о,неее!),кемп од(будала),Легија(тоа и за Грин аут шо беше).. http://www.youtube.com/watch?v=XT6RQKE0 ... re=related и како што реков, уникатот http://www.youtube.com/watch?v=lQ-i5ZwrQmI http://www.youtube.com/watch?v=oaCrwXi7j9g да го испромовирам.. албумот е на страната на токсикологија, не жалам за ниту еден мегабајт потрошен
Македонски и спрски многу ретко слушам, а англиски слушам секој ден, имам многу омилени изведувачи ама да на ги набројвам сега сите ке кажам само дека најомилен ми е ЕМИНЕМ го слушам уште од првиот албум кога му излезе и многу сакам да одам на коцерт али тешко дека ќе дојди во македонија некогаш Едни од омилените траки ми се: Sing for the moment, the way i am, Youre never over, абе сите ми се убај.
Сите се убај !! И јас пробвам да напрам некогаш омилени кој ми се ама...не е можно. И се надевам дека ќе има концерт барем за година или две.. Сонував дека сум била на концерт!!
Ги почитувам и сакам сите елементи на хип хоп културата, rapping, DJing, graffiti, beatboxing, breakdancing. Растена сум на хип хоп, сум се криела од полиции за време на цртање на графити, сум одела и без здив сум следела повеќе breakdance battles, ги обожавам диџеите кои знаат одлично да скречуваат на винил и да прават музика, а ги почитувам раперите кои знаат да доловат повеќе со своите стихови отколку само делови и секакви џигери и мускули од женското тело со кои може да се има секс Кога некој ќе ми спомне хип хоп, автоматски во главата ми се покажува Њу Јорк, Бронкс, метро со графити и DJ Afrika Bambataa - прататкото на хип хопот. Најмногу ги сакам песните од 90те години, време кога немаше толку многу златни ланци и дијаманти набутани во устата наместо заби. KRS One, Beastie Boys, NWA, Blahzay Blahzay, Wu Tang, Public Enemy, Arrested Development, Dj Premier, Notorious BIG, Big L, De La Soul, A Tribe Called Quest, Gang Starr, Cypress Hill, Souls of Mischief, Onyx....се само едни од многуте кои допринесувале за квалитетна хип хоп музика. Премногу опширна тема за да се смести се во еден пост. Го обожавам исто францускиот и германскиот хип хоп, нивната хип хоп култура скоро и да ги стаса самите мецени на оваа култура, Американците. Групите Supreme NTM, IAM, Mc Solaar, Die fantastischen Vier, Kool Savas или пак Турците Cartel се капка во океанот на европската хип хоп култура. Ајде малку да се вратам назад во времето со некои од моите омилени песни со кои се труев деноноќно. http://www.youtube.com/watch?v=CB8wTs7xA_U http://www.youtube.com/watch?v=ksUv-jJZWm8 http://www.youtube.com/watch?v=U76Nde6rMTw http://www.youtube.com/watch?v=Lxp7jQx_XUM http://www.youtube.com/watch?v=VC4ORS5n9Hg&ob=av2em
http://www.youtube.com/watch?v=N4HjsZqOaQ0 Веќе знаете - во организација на БМ продукција ќе се одржи првиот и досега најголем балкански фестивал под име Balkan Hip-Hop & R'n'b Fest Vol.1. Истиот е закажан за 5-ти февруари 2011-та во скопската Метрополис Арена. Настанот ќе започне во 21 часот и ќе трае до раните утрински часови. Списокот на учесниците е повеќе од импозантен: Едо Маајка - БиХ Connect - Хрватска Упсурт и Лора Караџова - Бугарија САФ и Токсикологија - Македонија DJ Playa, Гру, Цвија, Марчело; Струка, Ана Масуловиќ, Луд - Србија (резидент DJ - Гоце САФ и DJ Playa, кој е познат како резидент DJ на 50 Cent, Busta Rhymes, Rhiana, J.Lo...) Продажбата на билети стартува на 15-ти јануари во сите продажни салони Тобако и Тogether и кафулето Ало, ало (Кеј 13-ти ноември). Еве ги цените: Од 15-ти до 31-ви јануари - 290 денари Од 1-ви до 5-ти февруари - 390 денари На благајната на Сајмиште - 490 денари -извор: hiphop.mk добар настан
Јас си го сакам олд скул рапот, овие новиве (особено на македонскава сцена) нигга wanna be Мислат дека се е во спотовите со женски во хеланки, коли и мотори ха ха ха. Очај и беда А си имаме и кавлитетни македонски артисти, само што квалитетните не се искомерцијализираа
Слушам секаков вид музика, но рапот си го слушам и те како. Од нашиве Легија се дефинитивно, без конкуренција, најдобри! Странско не слушам многу, многу, ама ќе речам еве Еминем. Од Легијата песна не можам да одвојам, некоја која посебно ми е драга, зошто кине мафијата, и секоја трака е врв. Страшно ме нервираат луѓе кои слушнале песна и сега ајде ќе рокаме, а врска немаме, ни кој ја "пее", ниту пак суштината и целта им ја сфаќаат на луѓето, а што е најстрашно не се разликува рап од хип-хоп. Се е тоа работа на вкус, но барем да нема фолирање.
Сме немале ние квалитетен рап Кемп прави парталиииии!!!! http://www.youtube.com/watch?v=n-twnxpBEcg http://www.youtube.com/watch?v=hVzLLkRDacY http://www.youtube.com/watch?v=hOoytenydc4
Видете вие што е хип хоп јоууууууууу На ова паднав од смеа! http://www.youtube.com/watch?v=UJeUTHMx5ac http://www.youtube.com/watch?v=0kUS28Nf ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=sVyLmJV0U-o Гледаш телевизија а викаш ти си рапер, ако ти си рапер, тогаш јас сум ЅВЕР! аааааааааа
Хип - хопот не знам зошто ама не можам да го сварам. Единоставно ме нервира, се се тера набрзина, еден ритам... што знам. Единствено знам пар песни од Марчело и тоа е се.