Јас ја сакам многу оваа музика,бидејќи така се облекувам,однесувам,зборувам брзо и гласот ми е како машко,се тепам,нонстоп се карам(каде има карачка таму сум и јас).Најомилени пејачи: -Eminem -Слаткар -Tonyo san(legijata) -Тupac -50 cent -nicki minaj -wiz kalifa -2 chaniz..ги има многу Песни кои ми оставиле впечаток се : -Eminem- -rap god,buffalo bill,under the influence,the real slim shady,berzerk,survival,superman,the monster,old time sake,say goodbye hollywood,lose yourself,3 am,criminal,beautiful,ass like that,my only choice...(сите) -Слаткар- -Сите -Tonyo san- -1љубов,одмазда,не пипај мајк,драма,бенг-бенг,греен оут банда... -Ники- (Сите).......
Слушам најчесто по клубови и кафичи,хип хоп убаво е за денсање Инаку она прав рап,Еминем го поштуем,човекот е бог на раперите,од мала го слушам и ќе го пренесам понатака и на деца,внуци како најјак рапер во „мое време“ Тупак и Дре исто се добри,old school лудница. Оние како 50cent,Wiz Khalifa,Tinnie Tempah,Snoop Lion итн како што реков,ги слушам по дискотеки само Од Балканот нема подобар од Марчело,човекот е уметник невиден,малку го ценат,за голема штета. Знам да ги послушам и Страјк и Пистолеро,имаат по една,две песни онака добро испишани и тоа е тоа. http://www.youtube.com/watch?v=bmXumtgwtak !!!
Значи,луге :НЕМОЖЕТЕ да ставате ужаси и цареви на исто ниво и да ги споредувате. Сеуште неможам да се совземам од фактот дека некој ги става Еминем и Тупак на исто рамниште со Лил Вејн,Бибер,Дрејк и остала компанија на комерцијала(Или пак Рнс со Слаткариштено) . Мислам разбирам некој да слуша комерцијален рап и по тоа да се определи ама да ми каже дека некојси таму Слаткар или не знам кој има подобри текстови од Рнс,Легија и компанија? Абе ајде. Андерграунд рап е онаа ВИСТИНСКА лирика. Ако некој сака да си слуша како се ку*чат 'јас имам пари,женски,коли,кој сум јас ,кој сум јас,ми се може итн..' океј ,нека слуша, никој не го осудува дека слуша комерцијала и така си сака ама знае една песна од (јас како што ги нарекувам) квалитетните рапери(пр.Тупак) и готово он е андерграундер и прошол низ секакви срања во животот вау , леле се запрепастив -.- Или некои ужаси шмизли што се најголеми кремци + мамини и татини принцезички и принцчиња, ја знаат love the way you lie и едвај уште една песна од еминем (дека е доста познат) или не знам што, или ја знаат Одмазда од Тонио Сан(прилично позната е) и готово они се раперишта јо јо. Ма што прошле они во животот за да се соживуваат со таква музика? Немаат да кажам, ни 'право' тоа да го слушаат, не ме сфакајте погрешно за последново, и исто така многу ме нервира кога некој ке се потсмева на рапот и да имитира т.н. раперче со некои неартикулисани движења..MAKES ME WANNA PUNCH 'EM IN THEIR FUCKING UGLY FACE !! Инаку лично јас , ај да не ја должам многу, слушам рап, посебно последнава година поинтензивно, бидејки и ми се случија прилично многу лоши нешта и тоа едноставно, ме доведе тука и ме инспирира и да пишувам. Омилени рапери ми се Еминем, Тупак и Рнс. Тоа е тоа. Поздрав, keep it real. )
Toтално те разбирам и се согласувам со тебе но темата не се вика РАП туку се вика Рап и хип-хоп култура. Сите тие што го наброја се рапери освен Lil Wayne и Bieber... На денешницава нема андерграунд рап како што гледам. Рнс се предобри и сите песни им ги знам на памет но еве и тие имаат албуми,познати се, прават по некое настапче и се мешаат во народот. Не сакаат да се експонираат како Тони Зен но истото е. А Слаткар не ми го мешај. Слаткар е ѕвер на ѕверовите. Човекот заслужува медал за тоа што го прави. Се прослави затоа што го бива,затоа што знае дека од андерграунд нема излез сфаќаш? Тони Зен и Слаткар порано биле Рнс,сите заедно. Но ете овие двајцава го сфатиле како навистина функционира животот и дека малку треба да лижеш газ за да успееш во животот. Егото не ти помага воопшто,те остава доле да гниеш сам. Тони Зен искрено не го ценам многу затоа што како што гледам баш и не го бива,само се рекламира и сака да биде нешто. Продуцентите си го прават своето. И тој не е рап туку е хип-хоп. И Слаткар не зборува за јаки женски и јаки коли. Слушај ги текстовите пред да коментираш. Слаткар е најголем ѕвер. Се занесов...
како прво, си требала малку повеке да се распрашаш/прочиташ пред да го пишеш коментарот. Хип-хоп е култура во која спагаат :графити, хип-хоп танцување, такво облекување во врекести панталони и сл. и рап музика. Тоа е еден начин на живот. Второ, Рнс не е множина , туку е еден човек, Тонио Сан или Антонијо (неговото вистинско име) значи тоа е еден човек, и е андерграунд и баш има голем успех , и не лиже г*з на никого туку рапува за вистински нешта, неговиот живот и слично. На денешницава ИМА андерграунд рап. Трето , Лил Вејн не е ниту рап, ниту хип-хоп ,туку е т.н. рапер за некои, за мене не е рапер туку е едно лигаво циркус фрикче со премногу аутотјун во песните. Четврто, Слаткар според мене , воопшто не е ѕвер на ѕверовите, туку една каша од комерцијала кој може да рапува само ако е надуван. И да, ги имам слушнато неговите е*ани песни пред да коментирам, и да , шоп-шопинг 'не е' за јаки женски хах, фм 'е песна со многу длабоко значење' ... абе ајде. Инаку, андерграунд и те како има. Само богатите мамини и татини галеничиња не можат да видат подалеку од својот нос на кој се наогаат фејкери каки Лил Вејб, Ники Минаж,Бибер,Дрејк... хах
Премногу старомодно сфаќање имаш или си ептен назад со времето. Пистолеро што е? Тонио Сан сам е нели? Нема грешка за тебе. И знам дека се вика Антонио не слушам I'm a barbie girl песни. Разговараш со девојка која слуша таква музика затоа ќе те замолам да не ме правиш проста околу тие работи. http://www.youtube.com/watch?v=G_9b74zPeTs Го цитирам еден дел од неговата песна... Се попедерчив почнав да правам R'N'B и вакви лоши, сељачки песни. Ако малку подразмислиш ќе сфатиш дека "простата маса" се всушност оние кои сакаат РНБ и такви песни. Слаткар прави такви песни затоа што знае што поголем дел од народот сака. Тонио Сан е ѕвер,тоа и го признавам. Андерграунд рапот го ценам,но не го цени тоа секој. Го разбирам тотално животот на Антонио и никогаш не реков дека лижел газ. Баш затоа што не го правел тоа,остана доле величен од луѓето кои навистина го ценат она што го прави тој,како на пример ти. Јас го ценам но не го величам како тебе. Не е поентата да останеш на својата гордост цел живот,како што прави Антонио и остала екипа. Никаде не стасуваат ги гледаш? Кого го знаат,Слаткар или Антонио? Секако дека Слаткар,затоа што човекот беше доволно паметен да се извлече од гомната кои животот му ги даде лижејќи нечии газови а пак рапува. Антонио е премногу горд за тоа да го направи,или пак сеуште живее во сон на добрите дела се исплаќаат. Слаткар да не го направеше тој чекор ќе беше на иста позиција како Антонио... Само што Антонио е побрз рапер. А и не ти треба некој посебен талет за да бидеш рапер. Ти треба добар текстописец и твојата уста. Ако брзо збориш тогаш супер ќе ти оди бизнисот.
ariela09, за некои гордоста е најбитна- некој може да го разбере ова, некој не, тоа зависи од карактерот... Оние кои ја задржале гордоста, не потценувајќи се пред некој што има пари и може да им обезбеди медиумско внимание, по цена тие да му го лижат газето, сигурно имаат далеку пониски примања, но останале доследни до нивното ЈАС. И што ако го знаат Слаткар? Има повеќе пари од Антонио- да, но во мои очи се спушни премногу ниско! Доволно е да ги споредиш песните во кои тој беше "мажиште", плукајќи по женскиот род, а сега пее "Тунајт"???
Знам дека гордоста е најбитна за некои,но не треба да биде сфаќаш? Не го осудувам Антонио што така си го зацртал животот но понекогаш треба да се потклекне. Ми идат на нерви луѓето со преголемо его. Но не дека го мразам Антонио. На Слаткар песните кои се такви како Тунајт и Олабави ме...луѓе сериозно? Бар малку е попаметен па за ова да го пишува. Зар мислите дека тој ги пишувал текстовите? Тој сам кажа дека некои текстови ги мрази пошо се срање. А некои се од него напишани. Како на пример Класика,Да полетам,Знам како е.... Секогаш се фаќате за оние песни кои му се најпознати затоа што шмизлите од вашиот град ја знаат само најпознатата песна негова и уауууууууу леле Слакар ѕвер си. Ма дај.
Не се согласувам дека не треба да биде, јас одам според она, дека на крајот гордоста и чистиот образ ќе ти останат, кога ќе ги снема и парите и пријателите... Не треба да се потклекне, особено не пред оние кои ти велат да пееш одредени песни (кои ти ги мразиш) само заради тоа што некои шмизли ќе ги слушаат... И зошто да си контрадикторен самиот на себе си, и да велиш дека не ти се допаѓаат песните, смешни се, срање, а сепак за пари прифаќаш да ги пееш? Некои луѓе не паѓаат на парите и популарноста и пред се остануваат достојни на тоа какви личности се и каков живот живеат...
Да, секој си има свој начин на размислување и сосема го разбирам и прифаќам твојот. Но сепак многу јасно е дека баш и не вреди да бидеш добар со сите затоа што ти си единствениот кој ќе пати на крајот. Слаткар го сака рапот и никогаш не се откажал од својот сон за да продолжи да го остварува на било каков начин. Многу ретки се луѓето кои размислуваат како A.Fenty кои го ценат трудот на Антонио и неговиот талент,па затоа и ги презираат сите оние кои се комерцијала како Слаткар,затоа што причината е едноставна...комерцијала. Но во секое неправилно дело има причина зошто. Постојат луѓе кои газат на гордоста за да ја одгледаат својата фамилија,се продаваат за пари,вршат убиства и други грозни работи. Не ги оправдувам, но ги разбирам. Слаткар не потекнува од богата фамилија, па затоа тој стана комерцијала искористувајќи го својот сон на единствениот начин - станување комерцијала. Ќе речеш и Антонио не потекнува од богата фамилија но не е доволно храбар да ја прегази гордоста и да се извади од бедата во која живее. Можеби е задоволен со она што го има и тоа сосема е во ред, но Слаткар сакал нешто повеќе за сите негови блиски а и за него. Секогаш барам причина зошто луѓето направиле нешто злобно. Секогаш го барам доброто во нивните дела. Секако,постојат и луѓе кои се едноставно себични и злобни но во тие случаи веднаш се чувствува нивната неискреност и злобна намера,затоа што неможеш да им ја пронајдеш добрата причина за нивното дело. Тие се злобните луѓе. Слаткар не е еден од нив. Тој само е во насоката на Антонио но на различен правец. If you know what I mean. Инаку јас најмногу си ги сакам Wiz Khalifa,Juicy J,Eminem и други. А од македонските...Слаткар. Можеби него го ценам најмногу затоа што не гледа премногу длабоко во работите или пат не сака да се вмешува во тешките води на животот. Едноставно го живее животот без разлика на тоа што велат другите за него (Ме боли кур - Слаткар). Во последните песни негови,мноооооооогу добро го објаснува она што го зборувам и ако би ги слушнале би сфатиле. А оние Тунајт и другите срања се само за народот,дискотеки...нека има забава.
ariela09 јас уште со претходното мислење те разбрав што сакаш да кажеш, но Слаткар е контрадикторен со своите песни, мислења и ставови поврзани со музиката. Мене тоа ми беше муабетот, не е достоен на себе си. Точно е дека секој наоѓа некој начин да дојде до пари, било тоа да е лесно или тешко, правилно или не, легано или противзаконски, сепак она клише "парите го вртат светот" е точно, и јас не го осудувам заради тоа. Мене ми пречи неговиот карактер како појава на телевизија воопшто... Ако нешто не ти се допаѓа не го прави тоа, но ако веќе си приморан (заради финансиски или некои други причини, сосема небитно) подобро молчи и трпи, отколку да се правдаш дека тоа не си ти, туку си приморан да го правиш. Излегува демек тој има многу да каже (најчесто со еден куп вулгарности и плукање по понежниот пол, без стил и култура), но не смее да го направи тоа, заради притисокот одозгора...
Пардон,јас дури сега те сфатив што сакаш да кажеш. И да, во право си. Мене ме иритираше она што плука насекаде (во смисла навредува), посебно женскиот род. Некаде прочитав "Го сакате Слаткар а Слаткар сите курви ве направи". Сурова вистина. Затоа комплетно те разбирам каде одиш со муабетот затоа што и јас го делев истото мислење со тебе. Но, му дадов шанса затоа што се сметав себеси како достојна девојка која не се пронаоѓа ама баш никаде во неговите текстови (мислев како курва). Новите негови песни ме воодушевија, а првата која ме натера да продолжам да ги слушам неговите нови песни беше песната "Сара". Таа песна уште толку ми потврди дека јас сум една од девојките кои не ги опишува како курви. Тој не го мрази и презира женскиот род, му се гнасат курвите. Затоа не би требало да се вреѓаме со неговите песни доколку не се ставаме во категоријата плукана од негова страна. Тој не кажал дека е приморан да прави такви песни, тоа е само моја претпоставка. А под приморан не мислев пиштол на глава да му ставиле да пее такви песни туку едноставно тие кажуваат што ќе пее и тој пее иако многу повеќе би сакал да пее нешто поинаку. А она ќути и трпи ако не ти се допаѓа она што си приморан да го правиш го прави Тонио Сан. Затоа што останал на зборот дека ќе живее во срцето на улицата до гроб. И секако,му се дивам на храброста и воопшто не го обвинувам. Всушност јас никого не обвинувам,само ги разбирам и двајцата. Но кога јас би била во таква ситуација би го избрала патот на Слаткар затоа што спремна сум да дадам се од себе (во граница на нормалата) за подобар живот затоа што знам дека тоа понижување еден ден ќе се исплати. И да не се сфатиме погрешно, не би се продавала за пари или слични грозни работи. Мислам се разбираме...
Хехе на крајот сепак се разбравме... Но сепак во неговите текстови, според мене, тој сите жени ги става во ист кош, но тоа е мое мислење, твоето е сосема друго, но за тоа не се дискутира, нели секој со својот став... А ниту јас не реков дека е приморан со пиштол на глава, но приморан е од финансиска гледна точка, во стил, ние те плаќаме да го пееш тоа и тоа, ако ти се допаѓа добро, ако не ќе најдеме некој друг рапер.
Уште нешто за раперите.На вистински рапер не му треба текстописец, и оној кој мисли дека рапот е лесна работа, се лаже. Еден рапер треба да знае/може 1.Фристајл 2.сам да напише текст т.е. песна 3.и секако, да знае да рапува на бит/акапела Толку од мене,и да, од комерцијала се зимаат повеке пари, ама андерграунд е оној вистински рап кој ти допира до срцето секој пат кога го слушаш и се поистоветуваш со него. П.с. Омилени рапери ми се Еминем, Тупак и Рнс од Македонија. Поздрав,Keep it real
Ахам и уште нешто, зошто мислите дека р&б музика слуша прост народ? Грешка сте. Life is too short to spend it listening to bad music, such as турбо фолк -,-. Rap(Hip-Hop),R&B - favourite
Рап е специфичен вид на музика и треба да знаеш да го разбереш и да се соживееш со него. Има некои луѓе што просто не ја разбират рап музиката. На пр. имам другарка ја слушала Only God can judge me од Tupac, една од најпознатите и најубавите рап песни и Тупак само only God can judge me викал цело време според неа
Дефинитивно ДА за рап и хип хоп Nicki Minaj,Lil Wayne,Birdman,YMCMB,Basta Ryhmes,Drake,Chris Brown др..
респект...мрзам кога некој ќе го каже тоаа... На пример јас не можам да поднесам метал,рок.Али ако некој слуша нормално,дека нема да го мрзам.Али си кажувам свое мислење.Некој мрзи РАП,некој РОК и МЕТАЛ (БЕЗ НАВРЕДА ВЕ МОЛАМ )