Да беа сите луѓе добри, расизам ќе немаше. Ама од секоја страна има насилници шо применуваат физичко или посуптилно психичко малтретирање па стравот или одбивноста респективно проработува и секако тоа политиката го искористува, порано јавно, денеска тајно, и така припадници на различните раси се мразат едни со други.
И јас сум за дека расизмот се учи. Со добра реорганизација на образовниот систем и воопшто општествениот систем и инклузија во него на сите диверзитети многу повеќе би се намалила расната нетолеранција.
Башка од дома. Сите вицови, заебанции, навреди, расистички изјави, потсмевања. Децата гледаат и повторуваат.
Затоа се' не е за пред децата Најодговорна и најмалку вреднувана работа 24/7- родителството и правилно воспитување на идните поколенија.
Па шо ти напишав јас, и тоа се учи. Расизмот не е стекнат со раѓање, туку расата. Лошиот човек ја наоѓа како повод за насилство. Злото ќе зема замав се додека го релативизирате.
Имам читано за интересно научно истражување главно спроведено од страна на Dr Elizabeth Phelps од New York University, која успеала да разгледа претходни студии за скенирање на мозокот кои покажуваат како социјалните категории на раса се обработуваат, проценуваат и вклучуваат во донесувањето одлуки. "The same circuits in the brain that allow us to see which ethnic group a person belongs to overlap with others that drive emotional decisions. The result is that even right-thinking individuals make unconscious decisions based on a person's race. Brain scans have proved that interactions with people of other ethnic backgrounds set off reactions that may be completely unknown to our conscious selves. The finding may force researchers to think about racism in entirely new ways. They showed a network of brain regions called the the amygdala, dorsolateral prefrontal cortex and the anterior cingulate cortex are important in the unintentional, implicit expression of racial attitudes. The researchers said the brain areas themselves - as well as the functional connectivity among them - are critical for this processing." https://www.dailymail.co.uk/science...d-human-brain--people-racists-knowing-it.html Лично, сметам дека модерниот расизам претставува производ на комбинација од општествени стереотипи, државниот систем и расна омраза и несвесното функционирање на човековиот мозок, каде се дозволува хемикалиите вклучени во перцепцијата на етничките потекла да се преклопуваат со оние за обработка на емоции и донесување одлуки. Поради тоа, не може да се каже дека расизмот потекнува само преку пат на учење, ниту пак дека потекнува само од невролошки аспект, бидејќи истото е манифестирано во несвесниот дел од мозокот. Факт е дека човештвото низ историјата постигнало голем културолошки напредок и разни глобални подобрувања во врска со расизмот, меѓутоа мора да применуваме комбинација од разни методи, особено од аспект на општествена свесност и промени во државните безбедносни и кривично-правни системи со цел да ги промениме расистичко-мотивираните интерперсоналните интеркации на глобално ниво за ги надминеме оние невролошки тенденции за сублиминална категоризација кои успеваат да се пробијат во човековата психологија и перцепирањето на различни раси во непосредното опкружување.
Активистиве цела Америка ја излутаа како Fortnite да играат. Се испокрадоа, за ова ли се борат? И не ми велете дека се исклучоци кога има купишта видеа на кои стотици илјадници луѓе пустошат по маркети и продавници.
Меѓу активистите има и белци. Не кажав афро американци туку активисти. Што и да се случи немаш никакво оправдување за да пљачкосуваш нечиј труд и нечии заработени пари или нешта.
Немаш, ама им го разбирам гневот. И од кај знаеш дека тие белци немаат партнери кои се Афро-Американци? Мешани деца? Пријатели Афро-Американци? Каков контакт си имал ти со Афро-Американци, воопшто? И секако, тука не изостануваат оние кои се криминогени, па ќе крадат, палат и кршат... без разлика дали е протест за нечии права, или спортски натпревар.
Затоа и кажав активисти, не само афро американци. Никакво ама баш никакво оправдување не постои за некој да краде. Таквите треба најстрого да се казнат, активизмот не им е оправдување за кражба. Замисли сега ти имаш полн камион кој треба да испорача телевизори да речеме. Доаѓаат активисти и камионот го пљачкаат, доаѓа шоферот и ти кажува дека камионот е празен.. Што ќе речеш? Ааа ако нема проблем што е за black lives matter нема проблем нека се служат со здравје.
Не ги оправдувам, само ги објаснувам. Секако дека треба да се казнува. И кај нас кога се протестира, дури и на протести каде јас сум учествувала, сум очекувала тие што кршат закон, да бидат казнувани.