Да ама еве ги апсат, и факт е дека повеќето се црнци и штом ги уапсат одма почнуваат со напади и провокации расизам ова она го апсат само затоа што е црнец, а нема врска, човекот крадел. Има и такви случаи многу, а активизмот собира поени на тоа давајќи расистички мотив на таквите случки.
Секако дека тие што размислуваат како криминалците, или оние кои се премногу изреволтирани, дека ќе ја напаѓаат полицијата. Затоа е полицијата: To serve and protect. Не само физички да се справува со нив. Имаат огоромен проблем со недостаток на комуникација со полицијата, башка што полицијата е себезаштитена организација, и преку полициската култура, и преку закони. И кога немаш никаков начин да го смениш системот кој е самоодржувачки, а воедно и дискриминирачки, мораш да го 'деинсталираш' и наново да го изградиш. Рачунај, во моментов, сите кои протестираат, немаат апсолутно никаква доверба во тој систем, дека ќе ги штити, па уште ако им 'докажува' со насилство, а во исто време не можеш да се обжалиш, што ќе правиш? Ќе подвиткаш опашка? Не... Треба да се менуваат работите со заеднички труд и непрекината комуникација меѓу сите страни. Значи сите треба да сакаат да се сменат. Или барем во доволен број... за да има придвижување.
InformOverload неодамна објави уште едно дополнително видео каде јасно се покажува настанот пред Floyd да биде извлечен на улица и убиен откако веќе бил сместен во автомобилот, а причината поради која го извлекле надвор за да го убијат е бидејќи "полицајците се плашеле за нивните животи", што нема абсолутно никаква смисла бидејќи јасно имале целосна контрола врз Floyd. На видеото може да се види како полицаецот кој само стои мирно и набљудува што му се случува на Floyd во автомобилот, одеднаш забележува дека некој ги снима и субтилно ги предупредува неговите колеги, при што полицајците моментарно престануваат со нивното напаѓање. Полицајците цело време биле свесни дека се снимани и сепак решиле да го убијат Floyd, со тоа што сега практикуваат типичен victim blaming каде се обидуваат смртта на Floyd во неговата аутпосија да ја препишат врз основа на неговите претходни здравствени проблеми, а не само врз притисокот на коленото од полицаецот, како и "any potential intoxicants", што само докажува дека истото нема никаква цврста основа, најверојатно за да може полицијата да отстранат дел од вината и да се извлече од потешка казна. "The Hennepin County Medical Examiner (ME) conducted Mr. Floyd's autopsy on May 26, 2020. The full report of the ME is pending but the ME has made the following preliminary findings. The autopsy has revealed no physical findings that support a diagnosis of traumatic asphyxia or strangulation. Mr. Floyd had underlying health conditions including coronary artery disease and hypertensive heart disease. The combined effects of Mr. Floyd being restrained by the police, his underlying health conditions and any potential intoxicants in his system likely contributed to his death. The defendant had his knee on Mr. Floyd's neck for 8 minutes and 46 seconds in total. Two minutes and 53 seconds of this was after Mr. Floyd was non-responsive. Police are trained that this type of restraint with a subject in a prone position is inherently dangerous." Дополително, според The Sun, се вели дека Floyd бил позитивен на COVID-19 кога починал и бил тестиран позитивен при почетокот на Април. "The Hennepin County Medical Examiner's document confirmed Floyd died from a cardiac arrest "complicating law enforcement subdual, restraint and neck compression" – and that he was positive for COVID-19." A urine drug screen also found Floyd was "presumptive positive for cannabinoids, amphetamines, and fentanyl/metabolite" https://www.thesun.co.uk/news/11779736/george-floyd-autopsy-coronavirus/The report noted that he died from a cardiac arrest "complicating law enforcement subdual, restraint, and neck compression". Floyd had contracted COVID-19 prior to his death.
Го гледав и јас вчера целиот настан на едно видео, снимано од минувачи и од камери. Кога сакаа да го стават во колата тој им рече дека е клаустрофобичен и дека не сака да влезе, затоа онака со сила го туркаат. После не знам што се десило за да го извадат надвор и тројца полицајци го притискаа, еден на глава, торзо и нозе. Тој азиецот стоеше настрана и го предупреди на еден минувач да не снима. Флојд викаше дека не може да дише долго време. Потоа овој полицаецов што го уби го праша дали ќе влезе во колата на што Флојд одговори i will, но и покрај тоа не го пушти да стане и уште го притискаше, тој викаше дека не може да стане но за џабе. Откако изгуби свест се собраа доста минувачи, сите им викаа го убивте човекот, тргни се не гледаш дека не мрда. А овој уште стоеше иако Флојд не даваше знаци за живот. Најтрагично беше кога дојде брзата помош, дојде лекарот до телото а овој гнасава од човел сеуште го притискаше, дури кога лекарот му рече да се тргне отстапи. Искрено бев против онолку насилни протести, но после гледањето на целото видео тотално ги оправдувам. Јасно се гледа дека полицаецот беше решен да го убие, можеше да го пушти кога го праша дали ќе влезе внатре, но свесно не го направи тоа. Да не беа протестите и видеото случајов ќе поминеше неприметно како и многу други за жал. Едит: Го најдов и видеото https://iheartintelligence.com/
Се согласувам дека смртта на Floyd беше целосно непотребна, но уште поголемиот проблем е сега што се обидуваат да практикуваат victim blaming, односно дека полицијата не е целосно виновна за смртта на Floyd, туку дека за тоа допринеле неговите здравствени проблеми и потенцијални интоксиканти во неговиот систем, како и дека бил позитивен на COVID-19 во моментот кога починал. Се обидуваат неговата смрт да направат да изгледа како "оправдана" со тоа што сакаат да го одвлечат вниманието од тоа дека полицијата и претходно го малтретирала Floyd во автомобилот и потоа непотребно го убиле на улица, истовремено манифестирајќи недозволена и непотребна полициска бруталност. Нешто што заборавив да споменам во мојот претходен пост е дека се појавуваат многу вести кои велат дека George Floyd и Derek Chauvin се познавале од порано и поради тоа претпоставуваат дека ова ладнокрвно убиство можеби не е само извршено од расистички, туку и од персонални причини, и покрај тоа што не е официјално потврдено дека тие воопшто биле запознаени еден со друг. "George Floyd and Derek Chauvin, the former police officer charged with killing Floyd, worked security at the same local club for much of the year before their fatal encounter on a Minneapolis street last week. The owner of El Nuevo Rodeo said the two were in close proximity once a week for their Tuesday night shifts, though she did not know if they ever actually met while working at the club. Maya Santamaria said she had been paying Chauvin, when he was off-duty, to sit in his squad car outside El Nuevo Rodeo for 17 years. She said Floyd worked as a security guard inside the club frequently in the last year. In particular, they both worked on Tuesday nights, when the club had a popular weekly dance competition." https://www.cbsnews.com/news/derek-...d-security-shifts-el-nuevo-rodeo-minneapolis/ Всушност, треба да се запрашаме каков е тој систем што првично дозволува полицаец како Derek Chauvin сеуште да бил оставен на функција и покрај тоа што имало вкупно 17 пожалби против него. Самиот department треба да биде одговорен што не ги отпуштува од работа полицајците од ваков тип пред да може воопшто да им биде овозможено да извршуваат вакви бездушни кривични дела.
@Briar Rose мислам дека е многу веројатно да се познавале. Не знам кој нормален човек онака ладнокрвно би убил некого. Мислам дека беспотребно се обидуваат да ја прикријат причината за смрт, самото тоа што Флојд немаше воздух бидејќи Chauvin го стегаше за вратот е причина тој да доживее инфаркт. И сосема здрав човек мислам дека би доживеал. Но, ајде ќе го оставиме настрана монструмот. Она што ме ужаснува уште повеќе е неажурноста на другите полицајци, зошто не го спречија, зошто без око да им трепне го оставија човекот да умре. Многу ме вознемири видеото, се надевам дека ќе има правда и дека ова ќе биде крајот на полициската бруталност.
За жал нема да биде.Нешто што е толку вкоренето во одредена група на луѓе не се брише туку така.Но, се надевам дека овие протести од огромни размери што се проширија и во Европа и на други континенти, ќе донесат барем малку подигање на општата свест кај луѓето.А многу е значајно и тоа што моментално се испишува историја...
Пред некој ден зборував накратко со роднина во Америка и таа претпоставува дека токму неангажираноста на останатите полицајци предизвикува сомнежи меѓу Американскиот народ дека можеби целиот овој морбиден настан со Floyd претставува обид за започнување на т.н. "race war" поради одредени политички цели, особено сега со наближување на изборите во Америка. Создавањето на конфронтации врз основа на раса наводно би придонело за Trump за испадне како "the bad guy" со неговите воени закани против луѓето кои протестираат, покажувајќи дека не му е грижа за полициската бруталност и расизмот во Америка, што може да предизвика и да изгуби на изборите. Меѓутоа, она што е истовремено контрадикторно за оваа политичка претпоставка е што ова сценарио може да "backfire" и да придонесе за Trump повторно да победи на изборите. Имено, протестите не се случуваат само во родниот град на Floyd, туку и низ многу други Американски градови и многу луѓе се исплашени од бесниот народ и штетата која можат да ја предизвикаат, па се принудени привремено да заминат на побезбедно место. Токму овие луѓе би можеле да гласаат за Trump кој при неговата кампања би промовирал манифестирање на закон и ред, што е спротивно на оние насилни протести кои моментално се случуваат низ Америка. И покрај тоа што ова е само обична претпоставка, нема да бидам изненадена доколку ова е вистина бидејќи не е непознато за Америка да ги политизира сите потенцијални настани за политички цели, па и да го жртвува сопственот народ за истите. Всушност, иако оваа вест не е директно поврзана со протестите за George Floyd, денес беше тргнато видео одобрено од страна на Trump каде ги злоупотребува научните достигнувања на NASA и SpaceX и ги промовира своите политички гледишта преку нив, како и дека ги прекршил правните регулации за рекламирање на NASA со тоа што искористил footage што му припаѓа на NASA, астронаутите и останати без претходна дозвола и согласност. Trump го започна својот говор за успехот на SpaceX, со тоа што почна да коментира за смртта на George Floyd.
@Briar Rose Анализирај ги гестикулациите од страна на Derek Chauvin. Начинот на кој го притиска на вратот дури и во моментите кога Џорџ очајно моли за помош... Се забележува дека неговата постапка е интенционална и брутална без милост. Чинот е нареден од повисок авторитет, тоа е мојот краен заклучок. Во спротивно полицијата не би имала таква слобода и не би била така организирана со дури три возила и четири полицајци кои употребуваат сила која е повеќе од потребна. Делува на внимателно испланирана политичка наредба во чиј прилог одат две теории. Првата е онаа која ти ја спомена за 'race war' и втората која е повеќе сведена на конспирација и гласи дека политиката на Трамп и целата врхушка го креирала настанот со намера да ги изнесе на улица црнците за побрзо да се заразат и тргнат од државна каса.
Страшно. Полицијата таму е премногу брутална. За 20 долари фалсификувани. Патем од кај знаат дека тој ги фалсификувал? А дури и да откријат дека има лабораторија во која фалсификувал милион долари, зарем толкава сила да се применува? Не сум никаков стручњак, ама четири души да не можат да уапсат еден, цели 9 минути? Не ли се обучени? Немаат ли барем тејзери? Се надевам полицајците ќе скапат во затвор. Само лани ми текнува на неколку случаи каде што мажи и жени убиле или малтретирале само заради бојата на кожата.
@Nigredo Odor Јас и во еден од моите претходни постови јасно споменав дека многу добро знам како можат политичарите и медиумите да ја прикријат и извртат вистината во нивна полза, особено сега кога се соочуваме со глобална пандемија. Плус, уште поважно е што мора барем да го земеме во предвид фактот дека во Америка се ближат изборите и дека овој период буквално претставува гладијаторска борба меѓу контрадикторните политичари и истите нема да се двоумат да искористат било какви методи, средства и начини за да победат. Ова ми е сосема разбирливо со оглед на фактот дека се работи за избори кои се случуваат во моментално најмоќната држава во светот. Со други зборови, САД според дефинициите на интернационални односи, се смета за единствената светска т.н. "superpower/hegemony" - држава со доминантна позиција која се карактеризира со широка способност да изврши влијание или моќ на проектирање на глобално ниво, кое се манифестира преку комбинирани средства за економска, воена, технолошка и културна сила, како и со дипломатско влијание. Така, дури и реалноста која ни се прикажува не е секогаш црно-бела и зад еден навидум недвосмислен настан можно е да стојат сосема поинакви мотивации и намери. Поради тоа, сметам дека мора понекогаш да ја земеме во предвид целокупната ситуација во државата пред да реагираме само врз основа на нашите емоции. Особено е тешко да се препознае кога настан како убиството на George Floyd е всушност политички испланирана стратегија кога обичниот народ се сведоци на идентични инциденти низ текот на годините. Поради тоа е многу лесно истото едноставно да се препише на полициската бруталност и честа државна практика. Така, дури и безмилосните методи на Derek Chauvin скоро и не изгледаат како "too much", туку како неговите колеги се однесуваат низ целиот процес. Ова е дополнително поддржано од фактот што истовремено се прават обиди да практикуваат victim blaming, односно дека полицијата не е целосно виновна за смртта на Floyd, туку дека за тоа допринеле неговите здравствени проблеми и потенцијални интоксиканти во неговиот систем, како и дека бил позитивен на COVID-19 во моментот кога починал. Доколку убиството на George Floyd навистина било политичко испланирано, тогаш ми е јасно зошто на видеото додека Floyd е малтретиран од страна на полицајците во автомобилот, полицаецот кој набљудува надвор субтилно ги предупредува колегите кога забележува дека некој ги снима и тоа им бил знакот да го извлечат Floyd на улицата и да го убијат, знаејќи дека се снимани и дека за настанот ќе дознае цела Америка, а не само тогашните сведоци на улицата. Повторно, доколку претпоставката дека убиството на George Floyd навистина било политичко испланирано е точно, во тој случај сметам дека Американска власт успеала да ги искористи буквално сите можни околности за овие протести да бидат колку што е можно понасилни од страна на Американскиот народ, а не само претераната полициска сила применета врз Floyd, истовремено вклучувајќи: - Паника поради глобалната пандемија и рапидниот број на заразени/починати лица од вирусот - Воведување карантин и влошување на менталното здравје на народот - Масивно отпуштање од работа - Осиромашување и финансиска, односно економска криза - Вршење политички притисоци врз Американскиот народ за изборите - Потиснувани фрустрации поради системот на Американската кривично-правен и безбедносен систем - Континуирано сведоштво на расизам и полициска бруталност низ годините Навистина е жална претпоставката доколку трагичната смрт на George Floyd сепак била искористена да служи како последната капка која би ја прелеала чашата во Америка за намерно предизвикување на т.н. "race war" од страна на Трамп како обид за повторно да победи на изборите... Нема да ме изненади и ако одговорот преставува комбинација и од двете теории со оглед на фактот дека Трамп е веќе препознатлив по неговиот расизам и истовремено се стреми повторно да победи на изборите. Исто така претпоставив дека доколку се евидентира нагло проширување на бројот на заразени при Американските протести, ќе биде премногу лесно истите да бидат политички обвинети за проширување на вирусот COVID-19 и да бидат задушени на брз начин за да се спечи понатамошно ширење на вирусот, што всушност ќе им оди во прилог на убијците на Floyd, како и нивните расистички поддржувачи. Сепак, сметам дека во овој случај е поверојатна првата теорија дека Трамп се обидува да креира Race War. Сум го видела овој bullsh*t метод и порано во светот на Американската политика. Всушност, ако добро се сеќавам, на ваков идентичен начин Трамп победи на изборите во 2016 и не ме изненадува ако се обидува повторно да ја примени истата техника. "Racism courses through Donald Trump’s blood and is one of the foundational principles of his presidency. Which is why, when faced with one of the greatest uprisings against police brutality this nation has seen, a movement led by black people around the country and joined by all other people of color and white people as well, his only policy solution is to start a race war. And unfortunately, American law gives him the authority to do so." Right before curfew fell on the city, the president announced: “I will deploy the United States military and quickly solve the problem for them.” His goal is to use federal resources, including the military, “to stop the rioting and looting, to end the destruction and arson, and to protect the rights of law-abiding Americans, including your Second Amendment rights.” For D.C., he said that “I am dispatching thousands and thousands of heavily armed soldiers, military personnel, and law enforcement officers to stop the rioting, looting, vandalism, assaults, and the wanton destruction of property.” Action soon followed. Federal police used tear gas to clear a path for the president to walk to a nearby church and pose with a bible, a photo op that “outraged” the Episcopal bishop of D.C. Then, later Monday night, military helicopters executed an aggressive low-level flyover in D.C. to scare away protesters. In other words, Trump’s political back is against the wall, and he is doing the only thing he really knows how to do — project the image of a tough white guy and hope that racial division will, once again, win the election for him in November. It’s just that this time, rather than doing it with promises of a wall or a travel ban, he’s doing it with the military and promises of a racial war. And unfortunately, Congress long ago ceded this authority to the president. https://www.rollingstone.com/politi...nald-trump-race-war-insurrection-act-1009090/
Сечиј живот е вреден ! Дури и на најмалиот микроб ! Време беше некој да го дигне гласот против расизмот ! Случајот со Флојд е еден во милијарди . Не е единствен и тука е проблемот . Не само во Америка , туку насекаде во светот расизмот е најголемата епидемија , против која за жал нема вакцина . И не само кон Црните луѓе , туку и кон Белите ! Филмот " 8 Милји " на Еминем се фокусира на расизмот кој бил вршен врз него од поединци Црни луѓе , додека пак , еден дел се негови најдобри пријатели . Исто така , видов слики од доста Бели луѓе што се на улиците во Америка и протестираат рамо до рамо со Црните , меѓу кои и полицајци .
Затоа што знаат дека системот ги штити. Еве една анализа на системот и какви промени се потребни: America’s Protests Won’t Stop Until Police Brutality Does
https://mobile.twitter.com/greg_dou...10894.ampproject.net/2005220120000/frame.html Гледајте, лекција по полициска бруталност. Посебно второто видео од кожа ме извади. Во ваков систем во кој опресорот никогаш нема да одговара, мирни протести ништо нема да сменат. Да можеа, ќе беше одамна се' поинаку.
Како човек што минал одреден период во Америка и посебно на место, град каде што точно се согледува таа расна разлика и омраза, сакав многу работи да напишам и да објаснам како точно стојат работите таму. Осетив омраза кон мене од двете страни, и од страна на афро-американците и од белците. Ќе почнам прво од осудите од страна на белците бидејќи се помалку. Насетив осудување од страна на белци кога бев видена со другар афро-американец при излегување од Таргет, со попречни погледи, пцуења и изразување секакви апсурдни зборови. Бев осудена од афро-американки кога повторно бев видена афро-американец на најразлични места, исто со упатување лоши, погрдни зборови и изразување на преголема омраза кон општо женскиот пол кој поминува време/се занимава со афро-американец. Во однос на младината, нема поголеми расисти од афро-американките! Го тврдам тоа. Знам дека ќе бидам осудувана и ќе речете дека генерализирам, но само ги изразувам фактите од моето искуство. Спремни се и физички да те нападнат додека гледаат како ''крадеш'' некого од нивната раса. Кога прашав за машко мислење околу ситуацијава, тие ми кажаа дека ги уништува фактот дека белките им ги преземаат нивните потенцијални мажи. Додека работев во ресторан, овие луѓе буквално се иживуваа врз мене. Зошто? Поради расата. Не сакаа ни да ме погледнат во очи додека зборував, ми одговараа непристојно. Постојано се жалеа и бараа интервенција од менаџер. Бараа попусти поради некои апсурдни, икс причини. И нормално, бакшиж оставаа само на афро-американските келнери. Баш зборував и на тема за како тоа стојат постарите жители на Америка за врска со човек од различна раса. И повторно го добив одговорот дека повеќето баби/дедовци им забрануваат на своите афро-американски внуци да се гледаат со белкињи. Тие се уште чувствуаат омраза кон белата раса, поради нели, историјата. Друга ситуација при што бев лично јас сведок е следнава: Додека мој другар белец ме чекаше да го соберам, поминува кола со афро-американци, излегуваат од кола и му се обраќаат: What the fu*k you lookin' at, motherfu*ker? Овој пребледе и ништо не им одговори. Но, колку и да зборувам за нивната култура и начинот на кој ги третираат оние што се различна раса од нивната, разбирам од каде им е целата таа фрустрација. Тие се изиритирани со причина. Со години наназад тие се сметани како криминалци, како потенцијални убијци, дилери на дрога и што уште не. Точно е дека белците се приоритизирани во општеството, а за тоа претпоставувам дека сте зборувале. Па и невино куче секој ден да го тепаш, ќе се претвори во ѓавол и ќе гризе и добар и лош човек. Предлагам да го погледнете видеово, поточно да ја слушнете приказната од двете страни. Од страна на белец и од страна на афро-американец каде што точно се доловува нивната омраза и нивното размислување.
Ај ви се молам не го валкајте случајов со вашите теории на заговор. Не е само овде што сум прочитала. Звучите ко првпат да се дешава вакво нешто. Веќе кажав, илјадници црнци ја имале истава завршница како Флојд, само што веста не се рашири толку масовно, главно поради тоа што нема видеа од настаните. Сведувањето на ваков случај на ниво на нарачување за политички цели имплицира дека настанов не е предизвикан од расно таргетира полициска бруталност, а тоа одзема од целата кауза. Не знам зошто е толку тешко да се поверува дека полицијата е ужасна.
@Lella се согласувам со тебе, не треба бруталноста на полицијата да биде во сенка на теориите на заговор. Но, она што ме замислува е зошто од толку илјадници случаи само овој да биде снимен? Останатите полицајци можеа да се справат со минувачите. Многу ми е чудно.