@martiiinna Многу bad blood постои помеѓу тие 2 раси. Можам да разберам од кај им е таа лутина спрема белците. Робови биле, тепани, малтретирани како кучиња. Убивани for sports, дискриминирани и во здравство и во работа, жртви на полициска бруталност...до утре можеме да редиме. Кога имаш таква историја на твоите претци нормално е да осеќаш лутина. Ги разбирам луѓето, навистина. Овој протест досега вроди со плод, на сељакот ќе му биде судено за second degree murder, наместо за third. Тројцата други што иначе ќе се извлечеа, сега ќе си одговараат кривично. Нема оправдување за ова што му го направија на човекот - едноставно нема. Изживување, мислам дека од се најмногу ме иритира тоа што со рацете у џеб го дави буквално човекот. Колкав монструм треба да си некој да ти умира под нозе а ти да си дремеш со рацете у џеб? Секој човек што излезе на протест според мене е сосема оправдано. Не само оправдано, туку и потребно. Искрено многу размислував на оваа тема деновиве. Од една страна јас најмногу сакам да се дига awareness за да се прекине таа bad blood измеѓу црната и белата раса. Со тепање и насилство апсолутно ништо не се постигнува. Само уште еден јаз кој дополнително ствара омраза и насилство. Ама после дебатата со @Lella не можам да негирам дека ако протестираа мирно можеби овој ефект немаше да се добие. Ми паѓа тешко што многу луѓе останаа без работа и им беа искршени продавниците и тоа ми е најтешко да го соџвакам. Тоа е тоа што според мене дополнително ќе ја зоврие тензијата меѓу и онака тенка и вунерабилна нишка. Погледнете го видеото на @LivingGlam дечкото смирено и одлично објаснува што е есенцијата на секој протест и што сакаат да постигнат. Видеото што си го споделила ти е читанка, буквар за како да се победи расизам. Ама, едно големо АМА на кого имаат ефект таквите работи. На мене, тебе, на некој што му фаќа главата и нема слама у неа место мозок. На racist white shit колку и да му збориш, тој пак ќе е расист. Па можеби, едно големо можеби насилен протест е единствен начин да пробаат a taste of their own medicine. Јас тргнав со конструктивна критика за овој протест и уште си стојам на моето дека ако сакаш навистина да му помогнеш на некој дека многу подобро е да му укажеш ако мислиш оти греши, наместо само да го тапнеш по рамо, да удриш еден хаштаг колку да те види светот и после да си продолжиш со животот. Ако сакам некој да се надогради, да се подобри нормално дека ќе му дадам конструктивна критика. Troubled сум многу и јас за моменталната политичка ситуација низ цел свет. И одлучив дека она што можам да го направам - веќе го направив. Споделив, изгледав се што можеше да се изгледа, потпишав петиција и ако имам еден ден дете сигурно ќе го воспитам во никој случај да не е расист. Доколку можам да направам уште нешто, ве молам кажете ми. Останатото го оставам на тие што разбираат повеќе од мене.
Повнимавај на тонот. Како модератор треба да обрнеш внимание на своето изразување пред да опомениш некој друг, или да го избришеш со некој банален изговор како што впрочем и ти е навика. Не си ти овде надлежна за на мене, Брајар или било кој член да кажеш што смееме а што не смееме да пишуваме. Особено не доколку не се крши ниту едно правило на Светата феминска полиса. Така да тие надмени детски игри со некој друг Лела. Околу другото, тоа што илјадници завршиле како Џорџ Флојд, не ги прави овие теории помалку релевантни. Особено не затоа што тебе не ти се допаѓаат. Интенционална бруталност во прометна улица, позиционирање на место каде има улична снимка, и во случај кога доаѓаат три полициски возила за прекумерно користење сила кон еден граѓанин без оглед дали е сомнителен или не, според кривичното право јасно индицираат со која намера се случуваат. Да не беше снимката можеби и немаше да има потреба од дискусија, и ќе се сведеше на само еден од многуте "случајни" противправни дејствија во низата, но со ваквиот пристап, и кога е официјално документиран случајот, го става во еден сосем поинаков highlight кој е апсолутно вреден за теоретизирање со оглед на незгодниот timeline во кој се одигрува. Не треба да спомнам уште еднаш како во репликата јас лично споменав дека втората теорија е можно да е сведена токму на конспирација, со што потврдувам дека не е нужно е вистинита, или е потребно да се самоцитирам? Контролирај се.
Сакам да споделам дека сум особено среќна што овие протести веќе покажуваат позитивни резултати во правната област и верувам дека истите ќе придонесат кон намалување на полициската бруталност и манифестирање на расистичко однесување и дискриминација. Имено, според ABC News, се предложува предлог-закон во the United States House of Representatives наречен 'The George Floyd Law Enforcement Trust and Integrity Act of 2020 (LETIA)' од страна на Sheila Jackson Lee, кој има за цел да ја намали преваленцата на полициската бруталност преку поттикнување на врски помеѓу полициските оддели и заедниците, истовремено повикувајќи се на национални полициски стандарди и акредитации. Повеќе информации можете да прочитате на овој линк: https://abcnews.go.com/Politics/hou...ng-reform-bill-named-george/story?id=71069101 Канада и Америка несомнено имаат долга и богата историја поврзана со расизам и полициска бруталност. Како личност која цел живот живее во Канада, уште од најмала возраст безброј пати сум била сведок на манифестирање на расизам и полициска бруталност врз црнците особено во авенијата каде што живеам. Така, да се каже дека се однесувам како ова прв пат да се случува е погрешно на секое можно ниво и сметам дека е абсурдно, па дури и комично странски државјани да ми кажуваат што се случува во државите во кои сум пораснала. Претпоставката дека политизирањето на убиството на Флојд се препишува врз основа на раширувањето на веста е нелогична, бидејќи не игра релевантен фактор до кој степен веста ќе се рашири меѓу народот, туку во кој политички период истата се раширува. Концептот за политизација не подразбира само дека одреден настан е креиран или "нарачан" за политички цели, туку дека неговото настанување може да биде искористено од страна на политичарите, што е навистина подло според мене. Тоа не го прави убиството на Флојд помалку расистички, ниту пак ја негира полициската бруталност, туку напротив го засилува истото бидејќи политизацијата истовремено ја вклучува перцепцијата за дискриминација против одредена група и ги зајакнува перцепциите на лишувањето во однос на другите групи во општеството. Постојат многубројни истражувања кои покажале дека за победата на Трамп во 2016 година придонеле "racial anxieties", меѓу други фактори. Поради тоа сметам дека е сосема е нормално кај одреден дел од Американскиот народ да постои сомнеж за политизација на настанот, а притоа истото да не се сведува врз логиката на т.н. white supremacists. Сепак, јас никогаш не сум тврдела дека убиството на Флојд е политизирано како цврсто докажан факт, туку само споменав дека е само една потенцијална претпоставка, за која се надевам дека не е вистинa. Не сите манифестирања на расизам и полициска бруталност се политизирани, и не секое политизирање се применува врз расистичка дискриминација и полициска бруталност. Воопшто не е тешко да се поверува дека полицијата е ужасна, барем од мој личен аспект, бидејќи како што веќе кажав, безброј пати сум била сведок на нејзината брутаност. Додека вие ограничено сте сведочеле на попознатите случаи на расизмот и полициската бруталност во државите како Америка и Канада само преку медиумите, јас сум ги сведочела истите и многу повеќе во вистински живот. Можеби ова недопаѓање на претпоставката за политизирање потекнува од вашето животно искуство со упростената и дисфункционалната политика во неразвиена држава како Македонија, која е нерелавантен актер во интернационалните односи и која не манифестира никакво глобално влијание...
Еден од полицајците бил ослободен со кауција https://abcnews.go.com/US/thomas-la...olved-floyds-death-released/story?id=71185219
Еве вакви да не бидете. Сељачиња ко тој што ја направил сликава. Никој човек не заслужил да биде удавен, да биде задушен со колено у врат. Колку и да правел прекршоци, колку и да користел наркотични средства, бил човечко суштество за кое си има соодветна институција ако се огрешил пред законот. Не можам да бидам паметна како има некој кој ја релативизира смртта на овој човек. Не бидете вакви сељаци, најсериозно.
@Lella те молам дај статистика од тие "илјадници убиени црнци" од полицајци. Инаку интересна е статистиката. Еве за последните 4 години https://www.statista.com/statistics/585152/people-shot-to-death-by-us-police-by-race/ 980 белци vs 780 црнци. Тука може да се даде аргумент дека црнците се 13% од населението, но има уѓте еден побитен аргмент дека над 50% од извршителите на насилен криминал се црнци. Во меѓувреме. Само во Чикаго во последниве десет дена убиени се 40 црнци (од страна на други црнци, најчесто gang related убиства).
Исто како што имало 10 поплаки против полицаецот од која патем ни една не е прифатена за да има дисциплинска казна или отказ ама тоа не пречеше да се врти неколку дена по медиуми. Инаку кога се оди на суд, се ова се вади пред јавноста - каква била жртвата, каков бил обвинетиот и тн. и се тоа влијае на пресудата. Како правник можам да кажам дека случајот е интригантен. Правно гледано, работи кои ќе влијаат на пресудата - ефектот на дрогата која ја конзумирала жртвата, евентуални срцеви проблеми + ковид, и пружањето отпор (тоа подетално ќе се види кога ќе се прегледаат снимките од камерите на цајканите + снимката од продавницата која од непознати причини почнува во моментот кога го вадат од колата, а не и што се случувало претходно?). Во однос на полицаецот, зафатот кој го направил со ставање колено на врат е дел од процедурата, но вака како што изгледа (многу долго и покрај присуството на уште тројца колеги) е неправилна примена и уште една многу битна работа е тоа што и двајцата работеле како обезбедување во ист ноќен клуб, но не се знае дали се познавале (дали работеле во исто време). Ако успее адвокатот на Флојд да докаже дека се знаеле, тогаш може да има сериозен пресврт и построго обвинение затоа што несомнено ќе пробаат да докажат дека цајканот имал нетрпение лично кон жртвата од претходно (од работното место).
Во последниве неколку часа, имам прочитано коментари од одредени Американци кои велат дека Thomas Lane, полицаецот за кој во веста се зборува дека е ослободен со кауција, можеби заслужува да биде ослободен под изговорите дека бил "rookie on the force", во времето кога Floyd бил убиен, како и дека тој два пати го прашал Derek Chauvin за Floyd: "Shall we roll him over?", додатно на тоа дека се вели дека Lane извршил CPR на Floyd во возилото за брза помош. Меѓутоа, сметам дека овие околности во никој случај не треба да го ослободат Thomas Lane од вина, поради фактот што тој и останатите полицајци го прекршиле законот во времето кога Floyd бил убиен бидејќи истите имаат т.н. "dereliction of duty" и таа не е променлива по карактер доколку постои присуство на постар, односно поискусен полицаец како Derek Chauvin, за кој верувам дека имал 20 години искуство во областа на law enforcement. Фактор кој дополнително го поддржува ова е фрагмент од интервју со Kern County Sheriff Donny Youngblood каде тој коментираше за дејството на полицајците, како и за недозволениот метод кој Chauvin го употребил за да го убие Floyd и особено ми се допадна делот каде истиот вели: “There’s a requirement by law to intervene when excessive force is being used by a police officer and you’re a police officer. That didn’t happen in this case,” Youngblood said. http://www.desertnews.com/news/article_93a1d18e-a5ab-11ea-af06-8b36383d5f4d.html
Да, во Америка речиси во сите случаи (освен кога имаш убиство од прв степен) се одредува кауција и ако ја платиш/депонираш може да се браниш од слобода. Тоа е правилно. И за другите тројца има одредено кауција, која ако ја депонираат ќе може да се бранат од слобода.
Мене истото ми е прашањето. Треба да те дави некој 9 минути до смрт? Толку е просто. Сликата е пополнета со прекршоци кои ги правел. Пеки, нека го уапсат, нека го судат. 9 минути пробај некој нека ти стави колено на врат, не мора да те стиска за да те повреди, само нека ти покаже како е, врати се во темава и кажи дали е фер.
Не е. Затоа е обвинет полицаецот и затоа ќе оди во затвор. Но прашањето е дали е ова убиство со умисла, предизвикано од расни предрасуди. Во тој случај се лежи доживотно. А во случај да е прекршена процедурата без умисла и на груб начин 5-10 години. И нема потреба од играње со емоции Еве на пример, дали знаеш дека убиениот држел бремена жена со пиштол на глава во нејзиниот дом, и се заканувал и ја ограбил за што добил 5 години затвор? Дали сакаш да пробаме тоа да го направиме со бремена жена и да видиме што мисли, дали 5 години се доволни? "According to the indictment affidavit, available on the Internet, the complainants stated that in the home invasion case in which Floyd was found guilty, after forcing his way into Ms. Henriquez's home, he pressed the barrel of his gun against her (pregnant!) belly. One of his cohorts then guarded her, pistol whipping her when she called for help, while Floyd searched the house looking for drugs or money. Finding none, he took some jewelry and fled." Или ајде уште повеќе да додадеме емоции и да потсетиме дека Флојд бил хај (потврдено дека бил издрогиран) и спремен да вози кола кога (значи можел лесно да прегази и утепа некого) го сопрела полицијата за пријава за плаќање со фалсификувани банкноти.
@KateKane сликата која си ја објавила погоре претставува јасна манифестација на т.н. "false justification", од страна на white supremacists кои се обидуваат истото да го манифестираат како објективно "rationalization". Според нивната субјективна психологија и логичко размислување, тие знаат дека нивните расистички тенденции претставуваат контроверзни однесувања и чувства во денешното демократско општество и сите вакви слики и memes направени од нивна страна само претставуваат облик на самоодбранбен механизам каде сакаат истите тие расистички размислувања да ги оправдаат, но и да добијат поддршка од потенцијални истомисленици. Сите такви идентични расистички слики и memes претставуваат крајно неверодостојни средства преку кои се обидуваат на општествено-психолошки начин да воспостават лажна и навoдна "рационалност" и "логика", па дури и чувства на супериорност и восхит. Вакви сељачиња како што ти ги нарекуваш, за жал, отсекогаш постоеле и колку и да се расправаш со нив или да им докажуваш дека нивното мислење е погрешно, не гледам целосно продуктивна последица од тоа бидејќи тоа нема никакво трајно влијание врз нивниот начин на размислување каде едноставно ќе продолжат слободно да ги искажуваат нивните расистички мислења.
Баш поради ова сум револтирана, ништо не направија да го спречат убиството. Што ако му пружил CPR, тоа не го менува фактот дека стоеше 8 минути гледајќи како неговиот колега го убива Флојд. И тебе не можам да те сфатам @edenandrej Поради тоа што ги имал извршено наведените кривични дела, поради тоа што бил под дејство на дрога тој заслужи да биде задушен? Ете бил казнет за тоа со бремената жена, дали 1 дали 5 години не е важно, важно бил казнет. Ако сметаш дека е мала казната, тогаш ајде да ја прашаме ќерката на Флојд дали е доволно полицајците кои го УБИЈА татко и', да се притворени неколку дена и после тоа некој од нив да се спаси со кауција, а притоа да не лежи ни еден ден во затвор. Не ми е разумно да го оправдуваш убиството, со грешките кои ги направил Флојд претходно и поради кои бил соодветно казнет.
Каде сум напишал дека заслужил да биде задушен? Напротив напишав дека треба да има судење и дека полицаецот (според ова до сега што го имаме како докази/факти) треба да биде осуден. Очигледно не го разбираш концептот на кауција. Пуштени се да се бранат од слобода. Ќе доаѓаат на судења и ако ги осудат ќе одат во затвор.
Самиот факт што може да шета на слобода додека донесат пресуда ми смета, но ајде такви се законите нема што да правиме. Точно, си за судење и самиот напиша. Но, она што може да се сфати од твојот пост е дека на иста вага ги ставаш убиството и прекршоците на Флојд. Добро, правник си и тоа ти е работа, но не сметам дека треба да добијат олеснителна казна полицајците поради тоа што го направил Флојд во минатото или пак тоа дека можел да убие некого под дејство на дрога, па ете се нашле полицајците за да го спречат. Сакам да кажам дека каков и да бил, дали белец или црнец, муслиман или христијанин, убиец или невин, никој не заслужува онака да биде убиен.
Што и да направил тоа не е причина да биде задушен до смрт со зафатот од полицаецот, заради кој се смени правилникот во полицијата да не се применува повеќе. Тоа е употреба на премногу сила од страна на полицаецот кој не беше спречен од ниеден негов колега да престане со употребата на сила.