Дејствијата на Lane како околности кои наводно би требало да служат како основ за олеснување, односно ослободување од вина, не само што ги сметам за пасивни и непродуктивни дејства, туку претставуваат јасно прекршување на законот од негова страна, заедно со останатите негови колеги. Токму поради ова комплетно се согласувам со мислењето на Sheriff Youngblood кој е убеден дека не постои никакво оправдување за она што полицајците го направиле (самото убиство на Флојд) и тоа што не го направиле (да интервенираат пред Флојд да бил убиен). Еве дополнителен дел од истото интервју за кое претходно обезбедив линк: “I want you to know that I expect — I demand — if a deputy is using excessive force that another deputy intervenes if he or she is there. It’s not a request, they know it’s mandatory,” said Youngblood. Меѓутоа, факт е дека дури и пред убиството на Флојд, бил направен огромен пропуст кој влијаел за настанувањето на овој морбиден чин, а тоа е прашањето како можело воопшто да се дозволи Derek Chauvin да ја задржи својата позиција со дури 17 претходни пожалби против него: “We know in Minneapolis that the officer allegedly had many complaints,” Youngblood said. “We want to ensure if an officer gets two or three complaints we pull that file and pull that officer in and see if there’s a problem and see if we can resolve it before we have an incident like (in Minneapolis).” Лично, навистина ми се допаѓа предлогот на Sheriff Youngblood за воведување на помала толеранција на пожалби против полицајци врз основа на која ќе може да се истражат вистинските причини за тие пожалби и дали истите зависат од квалитетот на нивното работење. Се надевам дека ова ќе послужи како пример и значително ќе придонесе да се воведат промени кои ќе спречуваат идентични убиства во иднина, бидејќи никој не го заслужува тоа што му го направиле на Флојд, без разлика на неговата раса, пол, вера или било кој друг абсурден основ за дискриминација.
Од 17 поплаки, две биле прифатени, другите одбиени. За тие две добил ситни дисциплински. Но во исто време треба да се истакне дека има добиени 3-4 медали, дека спасил живот на човек кој бил нападнат и тн. (колку што видов 20 години бил во полиција). И уште една работа, за да може да зборуваме за тоа дали 17 поплаки се многу или малку, треба да знаеме колку вообичаено поплаки има за полицајците. Таков податок немам. Тоа што можам да кажам со сигурност е дека во последните 10 години бројот на такви поплаки е зголемен најмногу заради тоа што уапсените се надеваат да добијат отштета за порекршувањее на процедурата.
И ти навистина мислиш дека сите тие негови постигнувања го оправдуваат фактот дека Derek Chauvin го прекршил законот и извршил убиство? Ниту еден од овие фактори не придонесуваат да се намали кривичната одговорност, туку напротив сметам дека Chauvin поради неговите постигнувања се смета за доволно пресметлив за да биде кривично одговорен. Дури и ми звучи иронично што Chauvin наводно спасил живот на човек кој бил нападнат, а од друга страна го прекршува законот за да одземе нечиј туѓ живот без никаква валидна причина или околност. Се знае дека кривично одговорен е оној сторител кој е пресметлив и кривичното дело, во случајот на Derek Chauvin, го сторил со умисла и истиот бил свесен за забранетоста на делото и за методите на неговото извршување. Chauvin свесно го сакал извршувањето на убиството, знаел дека преку неговите дејствувања можело да настане штетната последица, односно одземање на туѓ живот, и сепак се согласил со настапувањето.
Зошто црнциве не се бунат кога жртви на полициска бруталност се белци? Нели сме исти? Ова е секојдневие во Америка, жртвите се и белци и црнци и со коси очи и секакви. Протестиве се со политичка позадина со цел да се сруши сегашната власт, да го изгуби рејтингот. Не мислам дека сето ова е поради некој рандом убиен лик бидејќи ваквите случки таму се секојдневие.
Ете пак со замена на тези. Кога сум рекол дека оправдува? Пет пати реков дека мислам дека треба да одговара, единствено дали за убиство од втор или од трет степен, тоа е дилемата. Постот го напишав како одговор на тоа дека ти било интересно, па и шокантно, дека имал 17 пријави/поплаки. Ти објаснив дека тоа веројатно не е реткост особено во Америка (каде добиваш милионски отштети ако се испостави дека полицаец или некој државен орган згрешил нешто) и кога си полицаец преку 20 години. Сите ние врз основа на податоци градиме некаква слика. Каква слика ќе изградиш ти ако само го земеш податокот дека 17 поплаки имало и толку, дури не истакнаа дека 15 биле одбиени, а две биле ситни дисциплински. Зошто да не се каже дека имал долга кариера, бил наградуван и тн? Очигледно зошто - затоа што така ќе знаеш дека работите не се црно-бели (хаха), туку има и некои други работи. Дури ни сегашното обвинение кое го изменија под притисок на дел од јавноста не вика дека со умисла го лишил од живот обвинетиот. За тоа треба да докажеш дека имал причина и намера. Единствено како што кажав пред 2-3 постови да се случи тоа сценарио е да се познавале порано преку втората негова работа како обезбедување. Плус според официјалната обдукција, коленото на вратот не била причина за смртта. Ова ќе биде многу тешко да се побие од страна на одбранта. Сепак, заради сите овие немири и грабежи што се случија, не верувам дека случајов ќе заврши без мешање на политичари т.е. вистината тешко дека ќе се дознае.
Бидејќи треба да се разбере дека добра репутација не претставува одбрана за кривично обвинување и покрај тоа што законот дозволува таков доказ на карактер и истото во секој случај официјално се зема во предвид бидејќи доказ за добар карактер и репутација може наводно да предизвика сомнеж дека такво лице би сторило тешко кривично дело. Меѓутоа, снимките служат како доказ дека Chauvin одзел туѓ живот и поради тоа сметам дека доказите за добра репутација не треба да претставуваат изговор за ослободување на обвинетиот доколку, откако ќе се одмерите сите докази, вклучително и доказите за добар карактер, одбраната е убедена надвор од основано сомнение дека обвинетиот е виновен за делото за кој е обвинет во обвинението. Сметам дека познанството не би требало да преставува главен основ за извршување на убиството бидејќи Chauvin можел да го изврши убиството поради други лични причини, без разлика дали претходно се познавале со Floyd или не, како на пример, дискриминација врз основа на раса. Претходно се велеше дека причината поради која Floyd бил убиен е бидејќи "полицајците се плашеле за нивните животи", што нема смисла бидејќи на снимките се гледа дека тие имале целосна контрола врз Floyd. Знам дека во еден од моите претходни постови кажав дека се практикува типичен victim blaming каде се обидуваат смртта на Floyd во неговата аутпосија да ја препишат врз основа на неговите претходни здравствени проблеми, а не само врз притисокот на коленото од полицаецот Chauvin, како и "any potential intoxicants", што само докажува дека истото нема цврста основа за да може полицијата да се ослободат, целосно или делумно, од вината и да се извлече со полесна казна. Политизацијата на случајот на Floyd претставува само една потенцијална претпоставка. Овие протести се случуваат бидејќи луѓето во Америка веќе стануваат очајни нивните гласови и да бидат слушнати и да го покажат револтот кои го поттиснувале со години. Се веруваше дека доколку луѓето претераат со насилството, јавното мислење би можело за многу кратко време да се промени и тоа да се претвори во дополнителна причина за брзо задушување на насилните протести. Меѓутоа, забележувам дека протестите веќе покажуваат позитивни резултати во правната област и верувам дека истите имаат потенцијал да придонесат кон намалување на полициската бруталност и манифестирање на расистичко однесување и дискриминација. Поради тоа во претходен пост го споменав предлог-законот 'The George Floyd Law Enforcement Trust and Integrity Act of 2020 (LETIA)' од страна на Sheila Jackson Lee, кој има за цел да ја намали преваленцата на полициската бруталност преку поттикнување на врски помеѓу полициските оддели и заедниците, истовремено повикувајќи се на национални полициски стандарди и акредитации.
Значи тоа што имал 17 поплаки (само две уважени за помали прекршувања) е битно, но тоа што бил наградуван не е битно? Познанството е и тоа како битно. Полесно е да докажеш мотив ако се знаеш со некого. А оди повели докажувај дека имал мотив- расизам (а човекот работел 20 години во полиција, апсел белци, црнци, хиспаноси со години, ама сето тоа му било покритие за еден ден да може да го убие Флојд затоа што е расист - има смисла?). Јас ти зборувам за официјален записник. Ако се сомневаат во записникот, нека докажат дека не е така. Инаку што ќе биде ако секој почне да зборува - јас не верувам во тоа? Позитивни резултати заради протести од пред две недели? Really? Имаш официјална статистика која недвојбено покажува дека бројот на убиени осомничени се намалува од година во година. Нема апсолутно никакви драстични нарушувања во бројките за да има оправдан револт со нереди. Истовремено бројот на убиени полицајци расте, но тоа нели не е битно, тоа им е работа - да гинат.
Јас не направив компарација меѓу неговите постигнувања, туку наведов дека би претставувале доказ за добра репутација и карактер, што не претставува одбрана за кривично обвинување. Проблемот лежи во тоа што луѓето ќе помислат дека одредено дејство не претставува расизам, освен ако истото не е претставено како експлицитна омраза кон определено малцинство или група на луѓе, како на пример навредување со the N-word. Кога во спротивност, расизмот исто така може да биде манифестиран и на субтилен начин. Систематски расизам постои во сите институции, вклучувајќи ја и полицијата. Полицијата во Америка има тенденција црнците да ги гледаат како поопасни и поради тоа чувствуваат потреба да користат поголема сила дури и за сомненија за полесни кривични дела како користење на лажни 20 долари, што значи дека полицијата била пристрасна врз основа на раса. Вистинското прашање не е само што го мотивирало Chauvin да го изврши убиството, туку и тоа што не успеало да го мотивира да престане со незаконскиот чин пред да го усмрти Floyd. Прашањето за тоа дали овие протести се оправдани е делумно точно поради тоа што одговорот се препишува на тоа што меѓу сите луѓе кои мирно, активно, искрено и несебично протестираат за правда, постојат и одредени луѓе кои само ја користат смртта на George Floyd за истовремено да ги вршат нивните кривични дела и да нанесуваат штета кон невини луѓе. Уништување на имотот на невини луѓе никогаш не може да биде оправдано и не смее да се дозволи потрагата по правда да не ослепи до тој степен што ќе заборавиме дека им нанесуваме неправда и да им го уништуваме животот и безбедноста на невини луѓе.
Многу зборови, малку докази. Ти наведов бројки, не ги коментираш. Повеќе белци се убиени од полиција, 50%+ во затвор се црнци, во најголемите градови секој викенд има 20-30+ убиени во меѓусебни црнечки пресметки и тн. Ова се факти, а не некаков суптилен расизам кој не се гледал ама тлеел. Веројатно мислиш некој те погледнува попреку и тоа е многу побитно од некој да тепа, краде, убива?
На еден кој уби дете доби 3 години казна а дедоно кој и ја корнеше косата на Шеќеринска доби 4 години казна затвор.
Бидејќи третманот кон извршителите на кривични дела е различен зависно од бојата на кожата. Притоа иако умираат и бели луѓе, нивната бројка е не многу поголема од бројката на црни луѓе кои умираат, а разликата во популација е огромна. Во најголем број Америка е бела, а бројката на бели убиства, смрт од полицијата е премногу ниска. Ова не го измислувам, читав статистики и ова е огромен проблем. И ве молам не велете сите животи се еднакви. На хартија се ама во пракса, видливо се скратени правата на црните луѓе и мора да се бори за промена, за еден ден ако кажеме дека сите животи се еднакви, тоа да е навистина така. Притоа ништо не губиме ако се бориме сите да имаме рамноправни права и слободи, напротив сите добиваме.
Бројка на бели убиства била многу ниска?? Ало, што збориш? Што треба висока да биде? Секој си заработува по своите дела. Сите знаеме дека криминалот е позастапен во црнечките гета во Аерика и поеѓу нив така да немој да велиш дека повеќе црнци од белци има убиено од страна на полиција. Се е со причина и не секое убиство е со расистички мотив, во 100 или 1000 едно да било добро ама не секоје убиство на црнец од страна на бел полицаес е со расистички мотив сфатетего тоа еднаш.
Имаш интернет и достапни информации кои можат да ти ги поништат моменталните аргументи. Информирај се.
Бев минатата година на work and travel и добро знам што се случува. Цимерки не афроамериканки туку од Африка се бунеле зошто во соба сум била јас бидејќи сум била бела. Желбата не им се исполни да ме сменат па морав да трпам коси погледи секој ден. Поголеми расисти немам видено. Расисти има и црнци сфатете веќе еднаш. Не се тие богови.
Тие од Африка што си ги запознала немаат апсолутно никаква врска со афроамериканците во гетата за кои се збори, така што не, не знаеш „добро што се случува“. Плус, твоите индивидуални искуства со црни луѓе не се показател за тоа каква е цела раса во генерала. Тие африканци што јас сум ги запознала, од Кенија, од Зимбабве, од Уганда, никој не бил расист. Субјективни се такви муабети, не им е место во темава.
Расизмот доаѓа во многу форми, во многу земји https://www.theguardian.com/world/2020/sep/30/joyce-echaquan-canada-indigenous-woman-hospital Сори @Mantub , совршена земја била утопија