Толкави коментари во темата што наместо Расизам, помислив дека се вика Биполаризам. Не сум расист, тоа е измислен термин и дефиниција за поделба и омраза помеѓу луѓето.
Прочитај ми го цело ова мислење. Најпрво треба да имаш емпатија и да сфатиш дека поради историски причини некои групи луѓе светот ги смета за инфериорни. Тоа што ти го гледаш сега во серии, на твитер и сл. е само одлика на тоа што светот оди напред, тоа се напори да се изедначи постоечката нееднаквост. Верувај, никој не сака да се форсира како што велиш. Не го прават тоа бидејќи сакаат да се жртви. Кој сака да биде жртва на овој свет?
Сте запознале ли припадници на црна раса, како и да е политички коректно. Изворни, од Африка, и од Америка, Канада, Британија? Или чисто филозофски ги разбирате работите, оти видов на фб е исто ко у живо?
Црнците Верувај не ми сметат никако иако се 30% (80,000,000)+ во однос на белците во Америка а ги има буквално во секоја серија, филм. Најновото е тоа што во филмот мора да има црнец во главна улога за да биде номиниран за Оскар. Дали ова правило за тебе е во ред? Значи дури ако нема ниту еден филм каде што добро одглумил црнец сепак мора да биде номиниран. Каде е овде еднаквоста?
Во Америка живееш? Еве мене ми е многу наивно толку жестоко да се брани движење како блм додека истото го следиме само преку очите на медиумите. Мислам, едно е да збориме за култура и плетенки, ова е посериозно според мене, се појавува организација која многу веројатно е дека повеќе е поврзана со политиката отколку со тоа каков им е животот на црнците.Ништо што зафаќа толку глобални размери не е случајно и површно. Да. Ама не од Америка така да не се важи. Ми текна уште нешто, една неубава страна ама ќе молчам.
Да, да само македонски филмови треба да гледаме Ама тоа е white privilages ќе се буниме кој филм како се номинирал за Оскар.
Не реков такво нешто. Многу е просто- светов е голем, за сите. Кој како се номинирал за Оскар, е исто ко кој се кандидирал за конгрес- ниту ми е во доменот на одлучување, ниту во домен на интерес.
Кај прочита дека мора да е црнец галвниот лик? И сериозно не ви смета тоа што Холивуд во главни улоги најчесто става нереални стандарди за убавина, а ви сметаат црнци?
Па цело време се зборува против расизам, за еднаквост а во ред ли е белец да го заслужил оскарот а не го земе само заради правилото што мора црнец?
Уште не разбравте дека мк е полигонот за тестирање концепти? Прво рамковен во Охрид после во ЛА. Прво 27 ми април, после 6ти јануари. Мене овие првиве ми се проблем, вторите ич.
А што правиме ако од тие At least one “lead or significant supporting actor” from an underrepresented racial or ethnic group. Or ... At least 30 percent of a cast in secondary and minor roles from two underrepresented identity groups. Or .. A main storyline or subject that centers on an underrepresented identity group. Никој од нив не одглуми добро а според овие правила мора да земат Оскар? Каде ви е еднаквоста?
Расизам тешко дека ќе се искорени... Со тоа растат децата кои живеат во земјите во кои било најмногу застапено. Со оглед на тоа што го изучуваат во историја или било на кој начин на кој предците го правеле тоа, децата кои имаат претензии кон деликвентно однесување како спротивно на она што не треба го прифаќаат и оправдуваат... Секако зависи и од примерите околу нив, без разлика дали било тоа заради статус, некаква си чиста раса и фобии постоело и ќе постои. Пример во Македонија според мои примери додека растев слушав за расизам за шиптар е, циган е... Скоро беше еден пример со муабет на Германец и тоа постара особа кој велеше дека во неговиот ресторан не сакал муслимани... И ај сеа разјаснувај, ма како не.
А кога излезе веста дека Chloe од Chloe x Halle ќе ја глуми Ариел, муабетот беше, толку ли ниту една бела личност не глуми доволно добро за да биде Ариел? Тука правиме исклучок, не најдобриот, туку било кој, само не црнкиња.