Не ви е срам што пишувате вакви мислења? Искрено, мене ми е срам што ве читам. Македонска назадна работа у пм
Што знам, дека постојано се е во контекст на Америка и тамошните случувања. Кои мислења се македонска назадна работа?
Да погодам ти се сметаш за woke прогресивен оти ти е премногу жал за БЛМ-луѓе што палат, тепат, ограбуваат локални продавници на невини луѓе.
Кои медиуми? Вести на Сител? Постојат видеа, лајвстримови, статистики и најважно од сè, реални луѓе кои живеат таму, кои биле на протести и кои искусиле од прва рака. BLM не е организација со директор и headquarters, движење е. Се создаде сосема спонтано како одговор на вистинска и реална работа: полициската бруталност кон црнците. Влече корени уште од аболицирањето на ропството, уште од кога постои расното таргетирање од полицијата. Мене ми е стварно многу жал што мислите дека зад едно вакво движење има повисоки цели или зли намери. Не е ни возможно да има кога во Америка уште умираат невини дома спиејќи. Уште се борат за најбазични работи како правото на живот. А глобално гледаме што се дешава, тврдиме дека не биле дискриминирани бидејќи ги имало во филмови. Шта речи... Сме запознале. И ,,на фб" и во живо. Тие што ги знам се фантастични луѓе и другари. Ама прашањето, бог да чува. Ако немав можност во животот да ги запознаам и да разговарам со нив ќе ми паднеше ли во вода муабетов? Демек ова тука што го зборам чисто теоретски е, ако ги запознаам ќе видам дека не се китки за мирисање. Ако запознаев црнец што е лоша личност ќе ми паднеше ли во вода ова што го зборам? Немаше ли да важат историјата и фактите? Не се океј ваквите муабети, не прилегаат на времето во кое живееме, можностите за едукација кои ни се достапни. Стварно не е океј. И не мора да познаваш лично за да го сфатиш тоа.
Добро да, и јас вака си мислев до лани, па ако прочитав една статистика си мислев дека нешто мора да е така штом пишува бројка, или ако некој игра на карта на емоции дека мора да ја кажува вистината.Не ме сфаќај погрешно, не оспорувам дека можеби се уште црнците доживуваат некој вид на дискриминација, ама ако збориме за полициска бруталност, не можеме да ги исклучиме и сите други кои ја доживеале.Не постои белец кој бил неправедно убиен од полицијата? Ако постои таков проблем со полицијата, горе долу ќе важи за сите.Инаку испаѓа дека секој полицаец е расист.А, и чекај, црнци полицајци нема? Друго, еве и ние имаме роднини и пријатели во уса, јас лично имам слушнато многу негативни искуства за безбедноста на местото на живеење поради гетата.Сепак, тоа не ми дава за право да зборувам за цела раса, не е правилно, за да дадам суд би требало да живеам некаде, а не да тврдам врз база само на туѓи искуства или тоа што сум видела дека некои протестираат. А блм е очигледно политички ориентирана, како и сите што поддржуваат, некои работи се јасни и не мораш да гледаш толку наивно на работите.Постојат и црни луѓе кои не сакаат да се поврзуваат со нив, тие што се, си ја мразат расата? И кој во Америка нема основни права?
Свесна си дека според новите стандарди Паразит немаше да може да биде во конкуренција? Што правиме ако некој естонски филм е објективно најдобар, ама заради овие критериуми нема да може да биде номиниран? Ќе увезуваат црнци или индијанци во Естонија за да снимат филм за оскар?
Постојат, непропорционално со населението. Ваљда не морам да објаснувам што значи тоа. Горе-долу во совршен свет. А не во свет каде полицијата во Америка била создадена токму за да ги фаќа робовите бегалци. Расизмот и расното профилирање се во самите темели на полицијата таму. Сите полицајците индивидуално не, ама системот во целина е расистички. Црнци полицајци постојат како што постојат и пушачи доктори и сите други контрадикторни работи на светов. Токму така. Искуствата на твоите пријатели не се показател за тоа каква е цела раса. Се сложувам. Ни на моите не се. Ама историјата и фактите и тоа како се показател. А историјата вели дека гетата се последица на класна сегрегација, којашто многу очигледно е последица на расизам. Не верувам во теории на заговор и нови поредоци, ако на тоа алудираш. А немам појма на што алудираш и што би биле исполнетите зли политички цели на BLM, еве повели кажи ми. Обратно ропство? Црнците што се против BLM, не знам што да кажам, ко жени против абортус. Себе-деструктивни. На хартија сите имаат. Ама еве видовме дека можат да те убијат додека спиеш дома и пак да не се соочат со последици. Ова мене ми личи ко лишување од основно право, не знам за тебе.
@Lella Немам време за реферати, само ме интересира, сакаш да кажеш дека треба да се уништи концептот на полиција? А да, и не сум по теории на заговор.
Не да се уништи комплетно, туку да не фрлаат толкав дел од буџетот на forces што се покажале како расистички одново и одново. Теориите на заговор ги спомнав бидејќи упорно ми тврдеше дека наивно гледам на BLM, па те прашав да ми ја откриеш поголемата вистина.
Драга, и Корејците спаѓаат во underrepresented. Со првата точка ги исполнуваат условите за номинација. Не знам како не сфаќате дека условите се воведени затоа што оскарите се вртат околу бели мажи години наназад. Сигурен сум дека годинава нема ни да се забележат некакви промени.
Расизмот се учи од околината. Ако родителите и заедницата се расистички, такви ќе бидат и децата родени во таа заедница. ... како нашава... Една опција е, родителите да се одучат од расизмот (што е малку потешко), другата опција е, да се адаптира едукативниот процес на децата, за живот во глобалното општество (што е исто така 'потешко', со нашиве лидери). Има тро надеж во младината која научи многу од интернетот. Тие кои денес не се родители, а ќе бидат во иднина, а не се расисти, ќе имаат деца кои исто не се расисти. До тогаш, ќе слушаме вербална дијареа.
Значи секој интернационален филм автоматски ги исполнува условите? Академијата ќе разликува белци од САД и белци од Естонија? Што ако естонскиот филм е на англиски или е сместен во САД, а глумат Естонци?
@Lella Најдобронамерно ти препорачувам намали со про БЛМ вести, вака читајки те по темите изгледа како да се мразиш што си бела Има интересна статистика за кој има направено најмногу криминал во Америка Белците и Црнците го делат првото место. А едните се 30%+ од населението ги разбирам зошто би им годело да нема полиција.
Не е океј кога прејудицираш. Прашањето имаше сосем друга поента. Баш затоа што јас лично сум запознала и од едните и од другите, па и од третите. Знаеш дека уствари неможноста да разликуваш едни од други и трети те прави во некоја рака расист? Сите се исти и ги тангираат исти работи затоа што се црни, побогу. При толкав интернет не си ја согледала разликата? Е тоа е затоа што фб не ти ја дава целата слика, најлесно се работи со меури и стереотипи. Никако не мислам дека некоја раса ја сочинуваат лоши луѓе, побогу преку 40 години имам, и сум ги видела и функционирала со повеќе од нив. Расизам не е ексклузивитет на белците, ниту ги тангира само афроамериканците. Индијци и Кинези има на светов повеќе од 2 милијарди, мислиш тие немаат некој расизам и некоја дискриминација кон некого? Немам енергија да објаснувам, колку е светот поголем и покомплексен, од тоа што вие го гледате во вашиот меур. И извинете ако темава е блм, мислев општо расизам е насловот.