Ќе конкретизираш што точно си видела или треба мисли да читам? Не сум љубител на вакви вујче од Америка муабети. Демек еее јас колку сум видела, вие по фб се информирате и паѓате на пропаганди. Ти се молам, поштеди ме. Иако имам запознаено и Африканци и Афро-Американци, нема да паѓам на ниво моето субјективно искуство со нив да го користам како аргумент на форум. Ни јас ни ти ги немаме запознаено сите црнци на светов, комплетно нерелевантно ти е прашањето и уште понерелеватно е кога се зборува за теми што опфаќаат историја, факти и логика. Азијци знам уште повеќе од црнци, кога сме веќе кај тоа и знам дека можат да бидат расисти исто како и сите други луѓе, а уште повеќе можат да имаат штетни религиски убедувања, можат да бидат сексисти итн. Што менува тоа кога се работи за дискриминацијата која несомнено постои кон нив, без разлика какви се тие? One problem at a time, нема потреба од вакви holier than thou пристапи. А кога веќе збориме за меури, баш напротив, јас поголем меур, или попрецизно да се изразам circlejerk немам видено од овој тука на форумов. Не само што лагано се шират лоуки расистички мислења туку и во другите теми си се убедуваме сами себе дека не сме расисти, таман работа. А само што ќе дојде момент во пракса да се покаже тоа, одма нешто не е така, одма ама нешто не чини, одма они се кривите во таа ситуација, а ние сме обесправените. Ако не ја сметаме Македонија ака последната дупка на свиралото, јас не сум сретнала меѓу луѓе што ментално живеат во 21 век да биде тема на дебата дали BLM е океј работа. Не е ни тема на муабет вакво нешто, а не па да се зацрнува и разводенува како што се прави на форумов редовно. Збори ми за меури...
А ги земаш во предвид условите во кои живеат? Дискриминацијата која ја прави полицијата ја рачунаш? А тоа дека се приватни затворите во САД, го рачунаш?
Ама првичното прашање ич не се однесуваше на тебе, општо беше, не знам што се превозбудена и што толку те тригерираше. Ниту ме разбра, ниту ќе ме разбереш, пошто ништо битно не кажав, освен дека расизмот нема боја на кожа. И Африка има историја, не само Америка, тоа ми беше муабетот, меѓу другото. Ај може ќе дојдеме и до таа тема некогаш, со тек на време.
Леле очекував сличен одговор. Они на млади години одбираат криминал или образование, нормално кога ќе одберат криминал какви услови за живеење сакаш да имат? За каква дискриминација зборуваш? 2019 Белец убиен од страна на полицијата дали 2-3 медиуми известиле за тоа. Да ги има многу вакви случаи на 2те страни. Убаво што почнале да се освестуваат со протести, ама да беа тоа мирни протести.
А, оти само на црнците мислите и ги дискриминирате латиносите, Пакистанците и сличните други поопресирани етникуми во САД? Не ви е срам Индијанците да не ги спомните ич?
Одговорив на тоа што таа напиша. Прашај ја нејзе, зошто не ги спомна Латинците, Пакистанците и Индијанците.
Ова стварно ли е така? Пред неколку дена на протестите за поддршка на Трамп убиена е жена и тоа од страна на полицијата, ама ударните медиуми во стејтот ни абер ни глас, ни движења, ни протести, ни драми ни ништо, изгледа нејзиниот живот не вреди колку животот на црнецот. Ова е жената која е убиена во Вашингтон: Беше жесток поддржувач на Трамп и 14 години служела во Армијата на САД
Во Америка, помалку дискриминирани црнци се само оние од елитата, реално. Обичните луѓе на дневна база искусиле дискриминација, некои и полошо од само дискриминација. Особено ризично е кај полицијата, скоро секогаш постапуваат различно во исти или слични ситуации зависно дали се справуваат со црнци или белци. Кај нас пак нема црнци ама затоа другите малцинства често се дискриминирани, колку и да законски се обидува да се спречи тоа, ништо не е сменето. Е сеа, малку смешно е што многу македонци се вклучија во онлајн БЛМ движење само ради тренд а на секојдневно ниво дискриминираат роми.. али тоа е
1. Чекај ова нешто као топла вода да измисли? Не го знаевме ова ние? 2. BLM е движење против полициската бруталност врз црнците произлезена од расизам, нема причина за да не се зборува за тоа овде.
Како ни абер, ни глас во водечките медиуми? Еве ти од ABC, Fox, NBC како дел од водечките медиуми во US. Еве ти онлајн статија од нивни весник. Еве на пример стигнала веста и во Австралија, замисли. Исто и во Британија, на BBC. Дури и во Тунгузијава наша стигна, веројатно не по гулаб со писмо. Дали уште ќе ја разводнувате темава и водите во насока дека белите луѓе се дискриминирани? Сериозно ли до тука стигнавме?
Прво, јас сум прогресивен затоа што се разликувам од вас Второ, БЛМ е милионско движење. Со БЛМ движењето се случија најголемите протести во историјата на Америка. Сериозно мислиш дека сите што протестираа ги правеа горенаведените работи? Иако буквално беа стотина луѓе кои всушност и беа приведени потоа? Плус смешно е како ти зборуваш за ограбување продавници кога самите корпорации чиишто продавници беа уништени и ограбени сами изразија поддршка за БЛМ движењето и покрај направената штета пошто имаат пари и ќе го санираат уништеното, ама не постојат пари што ќе ги вратат животите на загинатите црнци од страна на полицијата.
Убиената жена ја имаше на сите светски медиуми, кај живееш побогу? Убиената жена исто така редовно си ширела QAnon теории на заговор покрај тоа што била жесток поддржувач на Трамп, и нелегално влегла во сенатот, што мислиш ти ко во земјава можеш слободно нелегално да си влегуваш у собрание и никому ништо?
Уште одамна беше познат говорот на "црниот"политичар мислам беше Tомас Соуел,дека црнците во САД треба да го напуштат менталитетот на жртва,да го прифатат менталитетот на работа и усвојување знаење,исто како и Евреите,Италијаните,Азијатите во Америка. Азијатите исто се различни од белците во САд па се често поуспешни од нив, и немаат проблем со системот.
ти дечко си испуштен ама браво за медиумите добра работа завршиле. Да те прашам само си веруваш во тоа дека биле само стотина луѓе? Прогресивен си само така продолжи. Против полициската бруталност можеа заедно со белците да протестираат МИРНО ама не си го крстија blm а не stop for police brutality.
Самото тоа што уште се дебатира за расизам е жално. Почнете повеќе да ги гледате луѓето како посебни индивидуи, а не криминално или било какво дело направено, веднаш да се поврзува со расата на сторителот.
Не ми збори за испуштање. Чекај само црнци протестираа? Интересно, ваљда трансформери беа тие што имаа бела кожа а се гледаа на протестите