Мислам дека дискусијава отиде во многу различни правци, зошто не се обрати внимание на првичниот пост од кој се активира темава, а кој произлезе од новоотворената тема за Културно присвојување. Се зеде за задача да се докаже дека белите луѓе сме дискриминирани. Па се постави прашањето зошто никаде не се споменати азијатите. Никој не негира дека постои расна дискриминација низ цел свет, од и на повеќе нивоа. Само конкретно од БЛМ почна муабетот. Се согласувам со кажаното на Лела дека примената на сила кај американската полиција е во голем број случаи на расна основа, вкоренето е како да им се спротивствуваат на дивјаци, а не на луѓе. Па често завршуваат со смртен исход, на најбрутален можен начин. За тоа дали сум живеела или дали живеам таму па да знам, одговорот е не. Но, која и да е причината за апсење, особено кога некој не ти се спротивствува, немаш право да го убиеш. Човек на земја со колено врз него кој едвај диши или пак човек кој спие, не може никој да ме убеди дека претставуваат закана за околината, за на таков начин да им ги завршат животите. Токму затоа поддржувам излегување на улица и поддржувам палење на полициска станица како револт. Лично не ми се допаѓа ниту мене уништување на нешто што не е во сопственост на државата. Ама ајде да речеме дури и тоа ако го тргнеме на страна, не мислам дека насилни протести се во ред. Настрана сето она што е материјално, за време на истите има доста убиени, повредени, приведени. Се тргнува со цел да се бараат права за живеење без страв дека еден ден ќе бидат застрелани поради бојата на кожа, а сепак некои од нив повторно ќе завршат токму така во протестот. Едноставно ми се коси желбата за живот со директното фрлање во оган. Ништо не се менува веднаш и сега. Потребно е време и уште поголема масовност на движењето.
Number of people shot to death by the police in the United States from 2017 to 2020, by race https://www.statista.com/statistics/585152/people-shot-to-death-by-us-police-by-race/ ПА ДАЛИ Е МОЖНО ОВА? Белци убиено дупло повеќе од страна на полицијата во последните 3 години. Ама и белците се криви требало на време да им текне да започнат White lives matter и културно да си ограбуваат сигурно ќе имаа голема подршка како БЛМ.
@WaitTillTheEnd : вИе Се ИнФоРмИрАтЕ оД мЕдИуМсКаТа ПрОпАгАнДа Исто @WaitTillTheEnd : Искрено, имам многу да кажам за оваа тема. Имам и претходно спомнато дека сум била во општество базирано на расни разлики. АМА, покрај сите ваши заостанати мислења не би сакала ниту да дискутирам ниту да споделувам искуства. Жал ми е што така млади, паметни луѓе немаат желба да го вклучат мозокот и малку повеќе да истражат, да искусат, па и да прифатат нешто што воопшто не ги ни засега нив. Кога ќе почувстувате ВИЕ дискриминација врз база на бојата на кожата, тогаш можете да зборите и за афро-американците дали се во право, дали блм е извор на пари и слични глупости што не ги прочитав тука.
Битен е контекстот. Кој колку е застапен како популација. Дали се убиени затоа што пружале сила и бегале од апсење или како резултат на полициска бруталност?
Може со право не се чуствувала сигурно Шала на страна се работи за ретки случаеви каде сеуште постои расизмот во Америка. Ама тие ретки случаеви на расизам секогаш ќе ги има на 2те страни за жал. Зборувам за МОМЕНТАЛНАТА ситуација а не како било пред 5-10-20 години.
Ако ти имаш не значи по дифолт дека сите имат и 100% е така. Што ако некоја членка има негативно искуство со црнец/ка значи сите се лоши?
Се извинувам. Дописникот ни соопшти дека денес во Америка расизам постои во ретки случаи. Во кои ретки случаи?
Не сите белци и црнци се расисти во Америка туку се помала бројка на црнец/белец се погодува да е расист еден спрема друг.
Не знам дали мислиш дека поентираш нешто? Буквално на твојот линк го пишува ова: Additionally, the rate of fatal police shootings among Black Americans was much higher than that for any other ethnicity, standing at 34 fatal shootings per million of the population as of December 2020. Wtf, sis?
Готово got me не гледам повеќе смисла да се расправам со вас. Потполно сте во право за се од сега сум про БЛМ, ви благодарам што ми ги отворивте очите. Стоп на рсизмот!
На така сензитивна тема, не знам како можете само да пишете нешто колку пишано да е. Ако се има нешто аргументирано да се каже, супер, ако не, смешно е да се пише нешто безврска само да се прикаже поента. Сфативме кој ти е ставот уште од првото мислење, не се обидува некој да ти го промени, но фактите зборуваат за себе, тоа не се сменува.