Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 23 декември 2013.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.599
    Допаѓања:
    25.084
    Пол:
    Машки
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ма нит му правам на некој расизам. Нит па сакам да ми прави.
    На иста земја сме се родиле. Од истата ќе си заминеме.
     
  3. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Студент од Србија е ограбен и убиедн на улица во Америка додека шетал куче, од страна на 2 црнци. Кај сте сеа да урлате и протестирате, да сожалувате. Ве заболеа патките, се хајпате само на блм, само црнец кога ќе е убиен ве боли душа.
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Колку бесчувствително го извршија тоа громорозно дело не верувам.
    Епа ајде каде се сега сите што урлаа? :worried:
    Мора правда да има.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Од каде па ти знаеш како се чувствуваме во врска со ова убиство?
    Само си претпоставуваш дека не ни е грижа зошто уште ништо не сме пишале во темава?

    Замисли, не сме нон стоп на нет и не следиме секоја вест што се случува во светов зошто имаме и сопствени животи. Сепак, кога ќе дојде веста до нас, жал ни е и го осудуваме чинот, бидејќи е навистина грозен. Кој од тука мислиш дека оправдува убиство? Се слушате ли некогаш што зборувате, се читате ли што пишувате? На кој протест да излезам од Македонија? Колку што знам тука немаше ни за БЛМ, па сега мислиш дека ќе се организира протест? И против кого тоа да протестирам? Против двајца црнци кои се криминалци какви што всушност имаш и белци? Да, може изборот кого ќе нападнат да бил на расна основа, но тоа не ја бележи целата нивна раса. Дали ти воопшто знаеш од каде поттекнува БЛМ движењето и против што е насочено или само да се тропне нешто без врска? Движењето започнува поради полициската бруталност во Америка на расна основа, каде полицијата дури и оние црнци со најмали прекршувања ги третира како најголеми криминалци и ги убива. Значи движењето пред сѐ е насочено кон системскиот расизам, зошто од системот се гради општеството понатака. Ако се спречи таму, ако се казнува прописно, ако имаат еднаков третман како белците согласно стореното кривично дело, ќе има подобрувања и на општествено ниво.

    Пред да си земаш за право да кажуваш како другите се чувствувале во врска со некој/нешто, види првин ти како се чувствуваш и објасни го својот став. Зошто вака со прејудицирање, можам и јас да си кажам дека ти си расист бидејќи претходно не коментираше, а сега прва ускокнуваш, нели?
     
    Последна измена: 16 јануари 2021
    На ane.bella, staycalm, dayla и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.011
    Пол:
    Женски
    Никаде не се зашто урлаат само кога ќе се направи голема вест од нешто, па што пишуваат сите ајде и они.
     
    На Billy Idol, AgentGinger и burthdaykake им се допаѓа ова.
  7. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Кога ќе убијат црнец тогаш е расизам. Кога ќе убијат бел човек тоаш подеднакво криминалци има и црнци и белци и само тогаш народ не се дига бидејќи не се нон стоп на нет а и не се протестира против 2 црнци нели, ама затоа кога ќе убијат црнец се руга целата бела раса како тие се расистиа обратно нема потреба... Да се мочам јас на тоа движење ако тронка емпатија не покажува за луѓе и од друга раса, ако гледа само политичка корист и ништо друго. И не е проблемов протестите и нешто слично. Проблемот е што сите ги заболе стојко кога ќе убијат бел човек. За црнец сведоци сме што се случи, икона го направија ѓубрето кое имал дебело криминално досие. На бремена жена ставил оружје на стомак а икона им стана на движењето. Всушност тоа кажува се за тоа движење. Не не сме исти, криминалот кај црнците е 10000 пати на повисоко ниво. И да, тие нема никад да ви пружат подршка како вие на нив.
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Кажи ми ти мене кога сме дискутирале за белец што убил црнец на улица?
    Посочи ми кога сме рекле сите белци се расисти зошто полицијата решила да убива црнци?
    Од што точно ти се осеќаш навредена кога велиме дека државниот апарат ги опресира кога за истото имаш куп докази, а за обратното ретко некој?

    Го бараме коренот на проблемот.
    Тој не се бара ни во двајца црнци, ни во двајца белци кои се расисти.
    Се бара во државниот апарат кој треба да ја спроведе правдата како што треба и да даде пример за сите.
    Се бара државата прва да поттикне толеранција и да ја осуди дискриминацијата, насилството, нетрпението, за и народот да стане свесен дека никој нема ексклузивно право на парчето земја во кое живее, зошто крајно сите сме само една точка во универзумов, еднакво небитни за планетава. Ниту јас, ниту ти, ниту некој африканец, ниту некој азиец, ниту некој латино американец не сме најбитни со нашите желби кој каде да живее.

    Ми се свиѓа бројкава, онака баш заокружено.
    Дај сега те молам сподели од каде точно се информираше.
    Зошто тука зборуваме со факти, а не по внатрешен оскудно запознаен инстинкт на пресудување.

    Ах да, јасно е каде стоиш според цитираново.
    Биди мирна, во удобноста на својот дом ти никогаш нема да бидеш убиена од полиција.
     
    На ane.bella, LivingGlam, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.
  9. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Овде државен апарат бил виновен, а кога ќе убијат црнец тогаш се работи за расизам. Јасно ми е.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.011
    Пол:
    Женски
    @Purplelilac се работи за хипокризијата, ако беше обратен случајот сите вести ќе ја нагласеа расата на сторителот и на жртвата и тоа ќе беше акцент, а не делото.
    А болката е иста, и за белата мајка и за црната мајка што го изгубила детето, ама живееме во лицемерен свет што те известува на начин на кој тебе како читател и далечен сведок на настаните те тера да чувствуваш поголема емпатија кон едниот случај, а другиот да го сметаш за помалку важен. :)
     
    На tinka-mace, WaitTillTheEnd, SugarHoney и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Прво и основно лицемерно е што воопшто не се стави линк до веста тука. Ако се бараше дискусија, мислење за случајот, членката ќе настапеше така, но очигледно целта беше само да се искаже омраза кон конкретната раса и да се исфрли некаде гневот што го чувствува кон нив.

    Понатака, веста стигнала и до нас како таква каде точно ги знаеме бојата на кожа на убиениот и сторителите.
    Каде гледате неправда тука во начинот на изложување, штом се е конкретизирано?
     
    На ane.bella, staycalm, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  12. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Конкретизирано за бојата на кожата беше од страна на српски сајтови, на америчките ни збор не е спомнат...Тоа ми иде на нерви.
    Навистина жалосно толку млад живот се згасна, а некои луѓе воопшто не ни знаат што се случи, не слушнале.
    Ретко кој медиум пренеси. :(
     
    На staycalm, mode-kristina, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.579
    Пол:
    Женски
    Дури и во вакви чувствителни теми успеавте да вметнете сарказам, стварно немам зборови :clap: Ајде, на навредите се навикнавме, како прв избор за аргумент кога немаш веќе што да кажеш.

    Не ја разбирам потребата за омаловажување и исмејување. Ако немам што да кажам ќе се повлечам и готово. Го ценам секое издржано мислење, па макар и да не се согласувам со него. Убаво е да се дискутира на цивилизиран начин и некогаш навистина успевам да ја видам и разберам другата страна на приказната. Нема да одам контра со став - моето мислење е најточно, па да вреѓам и упорно да одам со главата во ѕид :| Понекогаш е фер да признаеме и прифатиме дека не сме во право.

    Сабајлето го видов видеото и погодете што, ги почувствував истото разочарување и тага како кога го гледав видеото на Флојд и на ред други. Не е сеедно кога гледаш како згаснува нечиј живот без апсолутно никаква причина. Бојата на кожата на жртвите и убијците не ми направи разлика. Посакувам и едните и другите да ја добијат заслужената казна.

    Ете баш ова, зошто е потребно да се нагласува бојата на кожата? Не мислиш дека со тоа уште повеќе ќе се направи поделба на бели и црни? Треба да се каже само дека се случило убиство и толку.
    Ова не е ни прв ни последен случај црнци да убијат белец, а веста стигна до нас бидејќи се работи за дечко од Србија. Не верувам дека ги следиме редовно сите убиства кои дневно се случуваат во САД.

    Сега некој ќе каже, зошто тогаш за Флојд беше нагласувано дека е убиен од страна на белци? Па сите медиуми нè напаѓаа со скандалозни наслови, се одржуваа протести и не знам што.
    Има една голема разлика помеѓу ова убиство и убиството на Флојд. Знам, не е хумано да зборувам за разлики кога нечиј живот е згаснат, но морам за да ја доловам поентата. И да потенцирам уште сега дека јас подеднакво ги осудувам и полицајците и црнците од денешното видео.

    Разликата е тоа што Флојд беше убиен од страна на полицаец, повторувам, полицаец. Од страна на човек кој треба да го чува редот и мирот на државата. Да не ги дели луѓето според расата, да спречува убиства и криминал, а не да одзема животи. Никој не треба да се става во улога на Бог и да одлучува кој ќе живее, а кој не. Па уште помалку треба да е важен фактот дали убиениот бил криминалец или не. Затоа и се крена толкава "фама" околу тој случај и целосно сум против полициска бруталност, не само кога се работи за расна основа.
    А дечкото е жртва на убијци, не полицајци. Отсекогаш имало и ќе има расисти, ксенофоби, хомофоби кои се способни да убиваат. Ете тука е најголемата разлика помеѓу полицијата и криминалците. Улогата на полицијата е да ги спроведува криминалците пред лицето на правдата, а не да биде дел од нив :|
    ЏЗа жал наместо да опаѓа, имам впечаток дека се зголемува расната нетрпеливост.
    Жал ми е што морав да го кажам ова, искрено сочувствувам со семејствата на сите жртви. Се надевам дека ќе ги фатат набрзо и дека правдата ќе биде задоволена.

    Енџи ти си една од ретките која знае да дискутира смирено без употреба на навреди и затоа те почитувам, иако во некои теми сме на различна фреквенција :D
    Се согласувам дека случајот со Флојд имаше голем одзив насекаде во светот. Кажав претходно, според мене, која е причината за тоа. Но, зошто мислиш дека истото немаше да се случи доколку белец беше убиен од црнци полицајци? Зарем тогаш немаше да е полоша ситуацијата?
    Судејќи според коментарите од расисти на социјалниве мрежи, па и овде, мислам дека ќе имаше далеку поголеми немири. Кај се видело припадник на супериорната раса да биде убиен од припадник на инфериорната раса? Одма на сцената ќе настапеа белците за одбрана на своите права. Секако ова е хипотетичка ситуација и никој не знае што би се случило.

    Но, можам да кажам дека за мене не би се променило ништо. Трагично е добивате впечаток дека нешто поддржуваме само затоа што е "ин" и што доаѓа од Америка, како да немаме способност самите да сфатиме што е хумано, а што не. А уште потрагично е тоа што "ин" тема во 21ви век е расизмот :|
    Сè што сакам е да ги тргнеме розевите наочари и да нема никаква поделба меѓу луѓето. Секој живот е важен, но и секој треба да ја добие заслужената казна.
     
    На ane.bella, Lella, IM.TMKQ и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.011
    Пол:
    Женски
    @f.girl зборувам за пренесувањето од медиуми и реакциите на луѓето по социјални мрежи.Дефинитивно многу помалку акцент се става на вакви вести, како да е недозволено да се осудат и не е општоприфатено да се коментираат масивно.Така е во последно време, да не замижиме пред тоа.Сега, како е таму не знам, зборувам за тоа што доаѓа до нас.
     
    На WaitTillTheEnd, SugarHoney, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто се става акцент само кога некој криминалец црнец ќе убијат? Бидејќи сектите кои стојат во нивна одбрана се користат за политички цели. Многу тешко дека би добиле подршка од некој патриот кои во принцип се обично белите американци. Па затоа не ставаат акцент кога тие се жртви.

    Не дека стварно имаат емпатија туку стана помодарство да се следат такви двињежа чија улога пак ќе кажам е политичка и служи за дестабилизација во одреден момент. Замисли твојот најомилен инфлуенсер и позната личност става сторис на инста блм уаууу и како ти да не бидеш? Ете тоа ги хајпа повеќето а не дека реално се борат против расизам. Да беа против расизам подеднакво ќе беа против убиства и на белци и црнци. Слушнала жабата го коваат коњот па и таа крева нога е тоа е работава..
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    ККК бараат загубен член. Да ги известиме дека е пронајден на форумов.
     
    На ane.bella, crimson и mode-kristina им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.080
    Пол:
    Женски
    Ужасно е тоа што го направиле. Никој не ги брани нив. И тука е разликата, што за полицаецот рипнаа одма да го бранат дека Џорџ бил насилник, криминалец и така се постапувало со нив, а тука не гледам некој да ги брани нив оти биле црнци. На ниеден нормален човек насилството не му е океј.

    Шта се мене тиче треба да скапат во затвор, не затоа што се црнци, туку затоа што се убијци. И сигурно ќе си ја добијаат законската казна што им следи. Да не се дигнеа протестите за Џорџ, полицаецот немаше ни опомена да добие. Е затоа протести.
     
    На ane.bella, LivingGlam, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.015
    Пол:
    Женски
    Така е според твојата лична перцепција. Сите мислиме дека за проблеми кои нас повеќе нè допираат не се зборува доволно или пак мислиме дека медиумите извртуваат. Има еден куп примери по интернетот каде луѓето потенцираат дека кога се случува shooting некаде во Америка од страна на црнец или некој со потекло од средниот исток, медиумите користат термини како терорист, криминалец итн. (како што и треба да ги нарекуваат), а за белци користат зборови како 18 годишно момче, 24 годишен маж и слично. Поентата ми е дека од нивна перспектива медиумите не се на нивна страна, па пробуваат да урамнотежат. Од перспектива на all lives matter толпата случаите како тој со Србинот се медиумски игнорирани. И на крај само се вртиме во круг и се обвинуваме едни со други зошто за ова креваме фама а за она не, бла бла дрн дрн... Сè се сведува на исто: од нашата субјективна гледна точка ние сме опресираните.

    Ама за среќа, нашите субјективни гледишта за тоа кој медиум која вест ја пренел и кој збор го искористил не се показател за реалната ситуација, за тоа постојат статистики и постојат реални информации и случаи на кои сите сме сведоци. И тука веќе станува јасно кој е системски опресиран.

    Убиството на Србинот е грозоморно и ужасно, никој не го негира тоа. Не знам дали било расно мотивирано, да претпоставиме дека било. Постојат ужасни луѓе од секоја раса и секако дека е расизам да убиеш некој поради неговата боја на кожа, без разлика на која раса припаѓаш. Ама знаете ли зошто ,,се крева фама" за убиствата на црнците, а не за убиствата на белците?

    Бидејќи убијците на белците секогаш одат во затвор и ги добиваат заслужените казни. Не се случило црнец да биде така заштитен од последици. Да не се кренеше фама убијците на Ахмад Арбери (убиен на сличен начин како Србинот) и Џорџ Флојд ќе беа на слобода, тоа е факт, а за жал на Бриана Тејлор сè уште се на слобода. Се крева фама бидејќи не се почитува законот и правдата и бидејќи расистичките белци убијци не добиваат последици, со што практично им се укажува дека тоа што го прават е во ред, и дека животот на еден црнец не вреди доволно за да се прати белец во затвор.

    Да си ја добиваа и белците заслужената казна, немаше да се крева фама. И ве молам имајте емпатија и само пробајте да замислите како е да живееш во свет каде никогаш не можеш да се потпреш на оние кои треба да те заштитуваат. И пробајте да ги оставите одбранбените механизми на страна.
     
    На ane.bella, Someonespecial, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.080
    Пол:
    Женски
    Да не заборавам, ми помина времето за редактирање. Кога убијците на Србинот ќе шетаат слободно, јас прва на протест ќе излезам. И ќе протестирам за да ги затворат. Ама се дури нив ги стига закон, а полицајци што со рацете у џеб убиваат луѓе - не, нема што да се дискутира.

    Иначе од секоја раса постојат убијци, криминалци, лопови, секаков шлајм. Ама едно е ако убиеш некој да те фати закон, друго е да си поминеш слободно, пошто жртвата е од одредена раса.

    Не гледам ни што е сензационално или нефер во ситуацијава, го убиле човекот, ги фатиле, ќе ги судат. Така и треба да е, за секого.
     
    На ane.bella, staycalm, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  20. brunettefairyxo

    brunettefairyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Никогаш не треба да ги осудуваме другите луѓе според бојата на кожата, верата, националноста... Сите луѓе се родени еднакви, и ништо не може да го промени тоа. Сепак, за жал, ваквото однесување е секојдневно и претставува сурова реалност и не покажува знаци на опаѓање.

    Расизмот ги тера луѓето да жалат што се родени на одреден начин, да жалат што имаат одредена боја на кожа... Расизмот нема научно објаснување, а расистичките луѓе се целосно неуки во врска со чувствата на другите човечки суштества.

    Никој не може да избере каква ќе му биде бојата на кожата. Бог нè создал и нема ништо што би можело да нè натера да се чувствуваме виновни за тоа. Нехумано и бесмислено е да се исмеваат (и убиваат) луѓето поради нивната култура или бојата на кожата.

    Постојано зборуваме за тоа како модерното општество прифаќа разновидни култури и разновидни луѓе. Ние се обидуваме да постигнеме работи како светски мир, да го искорениме гладот и сиромаштијата, но не сме подготвени да се обединиме за да се случат вакви промени. :x

    Расизмот може да се отстрани само со ширење на свеста и со корегирање на луѓето кога ќе дадат расистички коментар. Заедно, можеме да се бориме против расизмот. 21 век сме, побогу.