1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 23 декември 2013.

  1. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Треба не полициската станица да им ја запалат, туку цела држава да ја превртат. Нема по шизофренично државно уредување од тоа во Америка. Случајов нит е прв, нит последен и нема да биде. Гнаси!
     
    На Bezimenka90, lovestoneddd, CindyAnn и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    За жал, расизмот е антрополошки вкоренет многу подлабоко во човековата психологија, отколку што истиот претставува само производ на расистичко државно уредување. Како личност која пораснала во Англосаксонска држава и уште од најмала возраст сум се дружела со луѓе од различни раси, оваа вест само дополнително ми ја зголеми омразата која ја чувствувам кон човештвото.

    И покрај тоа што видеото е снимено од страна на bystanders, сепак истото станало viral и не дозволило и ова расистичко убиство да биде скриено под тепихот. Floyd наводно бил обвинет за обид за предавање фалсификувани пари при одредена corner store и поради тоа полицијата била повикана на локацијата.
    Во изјавата стоело дека Floyd наводно физички им се спротиставувал на полицијата, но камерите откриваат дека тоа воопшто не е точно. Со ова, само се сакало да се даде лажна причина поради која полицијата би "морала" да употреби физичка сила против Floyd, кој не направил ништо погрешно.

    Додатно на ова, според градоналачникот на Minneapolis, методот според кој Floyd бил држан на земја е против регулациите на нивниот department, а самиот полицаецот кој го убил Floyd, откриено е дека претходно имал дури 17 пожалби против него, иако засега не се знае карактерот на истите. Поради тоа, иако четирите полицијаци се отпуштени од работа, мнозинството смета дека таа казна не е доволна за тоа што го направиле против невин човек.

    Доколку некој е заинтересиран, повеќе информации за случајот може да дознаете на видеото објавено од InformOverload:

     
    На Bezimenka90, Lella, yourfavoritegirl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Полицаецот кој го убил е обвинет за убиство од трет степен, а се бара и другите полицајци соучесници да се обвинети како соучесници во убиството и да се осудат сите.
    Сега за сега имаат само откази од работа добиено.
    Има големи протести за остварување на овие барања.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Wow... баш кога помислив дека не би можела повеќе да го мразам човештвото отколку што го мразам сега, го видов овој одвратен пост утрово на Quora:

    [​IMG]
     
    На Bezimenka90, lovestoneddd, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од целата ситуација, секогаш сум против било каква делба на луѓето и отворено пишувам на форумов за тоа. Ама, и црнците претераа. Што бараат да напаѓаат невини луѓе?
    upload_2020-5-31_13-23-35.jpeg
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Бојата на кожата претставува само една од многуте "општествени класификации" која им дава имагинарно право на луѓето да мислат дека повеќе вредат од останатите луѓе врз основа на бојата на нивната кожа, фактор врз кој инаку немаат првенствен избор. Срамно е како расизмот претставува само уште една практика каде нарцисоидното човештво се обидува да воспостави субјективна супериорност во општеството врз основа на кожна пигментација која е резултат на генетика.

    Меѓутоа, бојата на кожата уште одамна претставувала наметнат стандард за убавина, фактор за социјален статус, како и причина за појава на суеверија. На пример, домородната Африканска група, Maasai, ја поврзуваат бледата кожа со проклетство или дека била предизвикана од зли духови поврзани со вештерство. Поради тоа, кај нив постои практиката да ги напуштаат своите деца родени со посветла кожа, како што е случајот со албинизмот, и генерално покажувале сексуална предност кон оние кои имале потемна кожа.

    Од друга страна, расизмот и класичната омраза кон црнците се развила со колонизацијата и ропството кои биле спроведувани низ Европските земји, каде се верувало дека луѓето со темна кожа биле нецивилизирани, инфериорни и дека треба да бидат потчинети на нивните напаѓачи кои имале посветла кожа. Како што имам и претходно споменато, овие верувања се само обид за воспостави субјективна супериорност во човековото општество.

    Реалноста е дека луѓето се социјални суштества чија вредност и успех го пронаоѓаат во почитта што ја добиваат од човековото општество. Поради тоа, расизмот е антрополошки вкоренет многу подлабоко во човековата психологија, отколку што истиот претставува само производ на расистичко државно уредување.

    Во историскиот период кога црнците сеуште биле потчинети на робство од страна на белците, бојата на кожата претставувала фактор за социјалниот статус кој одреден поединец го уживал во општеството. Односно, белата кожа асоцирала на почит, привилегии, висок статус, слобода и богатство, додека од друга страна, значително темна боја на кожа укажувала на потчинетост, робство, угнетелност и безвредност.


    Кога станува збор за белците и црнците меѓусебно да се напаѓаат, без разлика дали тоа е преку насилни или ненасилни манифестирања, постојат повеќе фактори кои придонесуваат за тие непријателски односи, вклучувајќи ја нивната меѓусебна проблематична историја, нивните реалистични моментални положби во општествената пирамида, стандардите за убавина, стереотипи и генерализирање.

    Дури и сега
    кога во модерниот и демократски период во кој живееме, се промовира принципот на недискриминација кој проповеда дека сите луѓе уживаат еднакви слободи, привилегии и права, без разлика на бојата на кожата (меѓу други фактори), бојата на кожата сеуште претставува значаен и влијателен фактор за вредност и почит во општеството, со едиствената разлика што црнците, сега како слободни граѓани, се чувствуваат еднакви и поради тоа се охрабрени да возвратат на дискриминирачкиот третман кон нив од страна на белците со идентична мера, што е многу погрешно.

    Проблемот со расизмот никогаш не престанал со демократијата, принципот на недискриминација и ослободување од робството, бидејќи истиот не зависи целосно од државното уредување (иако истото може значително да придонесе за расизмот да биде поретко манифестиран), туку неговата антрополошка вкоренетост која е поставена многу подлабоко во човековата психологија и истата потекнува од карактеристиката на општествената зависност на човекот и стремежот за воспоставување субјективна супериорност во човековото општество.
     
    На thequeen95, ane.bella и tijanana им се допаѓа ова.
  7. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Жално. ама вистинито, а уште повистинит факт дека расизмот и ден денешен не е искоренет. Тлее цел бес и баш градоначалникот во својот говор по повод овој немил настан потенцираше дека ова е револт кој датира уште од пред 400 години, но еден ваков настан отвара стари рани и затоа уште се бунтуваат барајќи построги казни за полицајците.
     
    На ane.bella и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Што се случува со САД? Ова е надвор од граници убија човек сред бел ден и никој не го ни спречи цајканот. Каква беда од народ се протестирањето беше во ред. Како се без осет, крадат и уништуваат "во името на жртвата". Колку себилен народ се!
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ова е затоа што меѓусебе се прозваа, а и на друго видео еден со пушка им излезе демек ќе ги стрела. На друго видео видов обедените меѓу себе и белци и црнци.
    Тој што го убија влегол да плати со чек а овие мислеле дека е лажен чекот. Добро 21 век сме, во сите банки има апарат за чекови и пари, значи таа апаратура не е скапа да кажеш не може секој да го набави. Но, очигледно било дека е подобро да се пријави отколку да се троши пари на апаратура и да се проверува постојано.
    Во СДК бев саркастична алудирајќи на полицијата. На видеото се гледа Кинез кој не дозволува да му се приближи никој, затоа и никој ништо не превзема, а на една жена и се слоши и почна да плаче кога човеков испушти душа. Дури ни пожарникарот не го пуштија. Овде беше јасно дека се работи за Расизам. Самата полиција треба да биде свесна дека кога човекот нешто повторува значи е ТАКА.
    Напишав и дека многу луѓе со психолошки растројства скриени во себе добиваат работни дозволи што ова видео им е олицетворение дека потфрлиле во таа област.
    Ги подржувам протестите, никој не заслужува ваква сурова смрт.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да беше полицаецот црнец немаше волкава врева да се крева. Полицајците се брутални, посебно во САД.
    Секојдневна случка е ова, посебно таму, имате еден куп видеа по интернет како полицајци меѓу кои има и црнци вадат пиштол и пукаат на ненаоружан цивил само затоа што возел 3 миљи на час повеќе или само затоа што посегнал во џеб да земе документи без да ги извести дека сака да земе нешто.
    Човек е човек, без разлика црн или бел или со коси очи. Нема потреба на се да се дава расистички зачин.
    Гледам новости Black man dies after begging a white cop и се мислам дали ако беше полицаецот црнец насловот ќе беше Black mad dies after begging a black cop или ќе беше само обично убиство кое ќе се спомнеше минутка на вести.
     
    На SofiMar_, JoanaS и burthdaykake им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Полицајците таму се испрани во мозоците намерно да подгреваат тензии.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и не гледам потреба да се потенцира тоа a WHITE man killed a BLACK man. Проблемот е што полицаец убил невин човек. Бојата на кожата нималку не е битна во случајов и да беше обратна ситуацијата немаше воопшто да го има ова медиумско внимание.
     
    На JoanaS и Vitaly им се допаѓа ова.
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ако мислите така тогаш тргнете го превезот од очите и дојдете во реалноста ,расизмот за жал уште постои насекаде околу светот тоа што се случува во Америка не се случува за ништо.
     
    На Herrera, buba4e89, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Леле немало потреба да се потенцира. Случајов е скрос расистички, расизмот постои во Америка врз црнците, ужасни неправди има и не разглабајте многу проблеми во кои немате познавање пошо е крајно навредливо кон семејствата на жртвите на расизам вакви муабети. Цел свет се крена на нозе, протести, паметни и образовани луѓе пишуваат како се револтирани, ама обавезно 3ца се наоѓаат да пишат нешто кое не му текнало на никој друг
     
    На LadyD, Bezimenka90, lovestoneddd и 10 други им се допаѓа ова.
  15. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се потенцира бидејќи сите сме исти. Не постојат црнци и белци!! Постојат нијасни на боја на кожата и тоа од најсветли до најтемни. Се додека луѓето меѓусебно се делат на ЦРНЦИ и на БЕЛЦИ ќе има расизам.
    Инаку за ова дека цел свет се кренал на нозе, како на светот не му текна да се крене пред неколку месеци за Ahmaud Arbery???? И не се само овие невини луѓе жртви! Многу повеќе има ама да, некои од вас дознаваат само кога "светот ќе се крене на нозе", а сами не ви текнува да се освестите и да се КРЕНЕТЕ НА НОЗЕ!
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    А зошто не се потенцира кога црнец ќе убие црнец? Или кога белец ќе убие белец? Сами си го создавате тоа во глава. Човекот е жртва на полициска бруталност а не расизам. Сами му давате расистичка боја на сличајов само затоа што полицаецот е бел. Истото се случува и со зборот нига, црнци меѓу себе го користат и е ок ама штом белец спомне тоа е расизам. Логакава у три лепе. До кај оди човечкото лудило и глупост.
    Разберете дека ова е секојдневие во САД, но ваква виралност имаат случаи само каде што жртва е црнец а полицаецот е бел.

    За во црква идење ви сметаше и кога имаше литија пошто нели корона, сега гледам ништо за протестиве не се буни никој. Да не се станува отпорен на вируси ако излезеш на улица и кажеш black lives matter??
     
    На SofiMar_, JoanaS и dragoneelz им се допаѓа ова.
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Тој истиот полицаец имал историја со напаѓање на црнци и го сметале како расист. Јасно е дека за расизам се работи.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На lovestoneddd и tijanana им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    По ФБ читав коментари од типот:
    “Племе африканско” “црнџуги” “сите да ве истребат од свет”
    Добро бе, што не е во ред со луѓево? Ама стварно ме интерсира.
    Сакаат ли воопшто некој? Ако има различна боја на кожа го мразат, ако е различна религија го мразат, хомосексуалците ги мразат, комшиите ги мразат, кучињата да се труеле сите. Како е можно толку злоба да има во човек, како? К А К О?
     
    На tijanana и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Глупави на сила се правите? Случајов е класичен пример на расизам, без разлика што убиецот по професија е цајкан. Го уби човекот затоа што човекот беше црнец, по изразите на фацата му се гледа дека уживаше додека го убиваше. Да беше белец немаше ни на земја да го легнат, дај бидете реални!
     
    На Bezimenka90, lovestoneddd, tijanana и 7 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.741
    Пол:
    Женски
    Леле мори мајко мила. Катастрофа е ова што им се случува таму, во никој случај не е убаво, ниту пак нешто добро ќе излезе од ова по прашање на здравје на граѓаните. Секако дека не е убаво да се групираат, не гледам некој да рече правете гужва и пикајте се едни до други.

    Типичен пример за расизам е убиството на типот. Сосема непотребно покажување на сила, на моќ. Немаше причина зошто тој човек да го изгуби својот живот, ама нималку. Доколку се огрешил пред законот, пеки, нека го стават у затвор и нека си лежи казна.

    Иако во никој случај не го поддржувам таквото покажување на сила и апсолутно сметам дека треба да се искочи на протест има неколку групи таму кои на многу погрешен начин ја тераат работава. Имаше прекрасни слики каде еден од полицајците останал сам и баш тие црни луѓе го заштитија од други агресивни типови кои беа спремни да го нападнат. Зошто некои од нив имаат потреба да кршат, да крадат, да напаѓаат невини луѓе не ми е јасно. Можат многу, многу повеќе да издејствуваат со мирни протести, а со ваквото однесување само ќе си се зацементираат на истата позиција и апсолутно ништо нема да постигнат. Ги разбирам од кај им е гневот, ама не е тоа начин.

    Black lives matter дефинитивно и се надевам дека попаметно ќе продолжат да ја тераат работава, затоа што вака ако продолжат одредени групации да им фрлаат дамка на се досега што постигнале и ништо нема да направат.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Bezimenka90, Nausicaa, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.