Кој е со појака душа нека го отвори видеово на Инстаграм. Ве предрупредувам дека е вознемирувачко и жалосно. Да умрат да даде Господ.Ова веќе ја премина секоја граница.Почнале по мали деца да ,,удираат”. А овие што снимаат се исто толку ѓубриња колку сторителите. #фаќањесеир не сме само на Балканот изгледа такви #
Веќе неколку дена сум збесната од случајов, но не сум изненадена затоа што тие што го следат #blacklivesmatter движењето знаат дека ова се случило илјадници пати досега, и секојпат полицаецот завршува пресуден not guilty. Ако се прашувате зошто се дигна фама за овој случај, тоа е бидејќи беше јасно снимано на камера како човекот по 8 минути давење умира и нема никаков простор за извртување како што се прави со сите други слични случаи. Ако се прашувате зошто упорно се потенцира дека е црнец, треба да знаете дека бројот на убиени црнци во Америка од страна на полицијата е вознемирувачки непропорционален, и со број на жители и со број на судири со полицијата. Ако се прашувате зошто луѓето едноставно не пишуваат против полицијата и зошто мешаат црни бели, ако мислите дека полицијата е еднакво брутална за сите, замислете си го видеото, ама наместо Џорџ Флојд, замислете бела 18 годишна девојка. Мислите ли дека вака ќе завршеше? Факт е дека не се третираат сите исто, а ние од нашите столчиња дома не можеме да го осетиме тоа, па затоа и не треба да попуваме глупости во стилот "I don't see color". Ако се прашувате зошто луѓето беснеат и горат полициски станици, не сте ги виделе сите мирни протести кои досега се случуваа секој пат кога вакво нешто се има случено во минатото. Играч на рагби клекна на колено за време на химна во знак на протест, славни личности споделуваа илјадници слики со моќни пораки, искористуваа неколку секунди говор на award shows да ја подигнат свеста и што? Џорџ и уште купишта други пак се мртви. Зошто? Бидејќи на надлежните баш ги боли што ние потпишуваме петиции. Ваљда нема луѓето во место да седат кога сите глуви се прават, па нека гори ебената полиција, може тогаш ќе сменат нешто. Ако се прашувате што е целта на цело ова ,,насилство", Џорџ Флојд умре на камера пред цел свет, а полицаецот беше само отпуштен од работа додека не почнаа протестите. После беше уапсен за убиство од трет степен (во превод ,,не мислев дека ќе умре"), а полицајците од страна што гледаа се на слобода. Замислете, само замислете како завршуваат случаите што не се снимени, за кои нема очевидци и докази, каде луѓето биле виновни или давале отпор (како тоа да е оправдание полицаец да убие човек). Затоа протестираат и прават хаос, за полицајците да не мислат дека можат да убиваат луѓе на сред бел ден без последици. Нешто што кај нас најчесто го слушам, ако сте ЗА протест, ама строго осудувате крадење и ,,насилство", ве разбирам и се согласувам дека е жално за сопствениците на малите бизниси што настрадаа, ама ве молам фокусирајте се и не барајте причина само да го задушите движењето. Кога државата упорно толерира убиства и расизам кон тебе, немаш друг избор освен да направиш хаос. А со хаосот се провлекуваат и ненормални личности што ја искористуваат гужвата. Тоа ниту е вина на тие што протестираат, ниту пак е доволна причина да протестираат мирно, т.е. како сакаат надлежните, да не случајно им попречат. Луѓето немаат избор, или ќе сменат нешто со агресија или ќе чекаат цајкан да ги убие, затоа не изигравајте поголеми луѓе со глупости од типот ,,насилството не е решение". Пробано е мирно протестирање, не пали, така што ова не е насилство, ова е одбрана. И ве молам, ве молам, пред да најдете начин пак да осудите, да извртите нешто, да негирате, да излезете паметни, закочете малку и размислете, како би било да се плашите да не ви дојде полиција дома ,,по грешка" и да ве убие, како би било да се плашите да не умрете кога ќе ве застане полиција, како би било да ви се јават и да ви кажат дека маж ви бил убиен бидејќи мислеле дека држи пиштол во рака. Овие се реални случаи, и полицајците што ги убија не се соочија со никакви последици. Не избрзувајте со оправање криви дрини и одвлекување на вниманието од проблемот, имајте бар трошка почит.
Ако се прашувате зошто луѓето едноставно не пишуваат против полицијата и зошто мешаат црни бели, ако мислите дека полицијата е еднакво брутална за сите, замислете си го видеото, ама наместо Џорџ Флојд, замислете бела 18 годишна девојка. Мислите ли дека вака ќе завршеше? Факт е дека не се третираат сите исто, а ние од нашите столчиња дома не можеме да го осетиме тоа, па затоа и не треба да попуваме глупости во стилот "I don't see color". Нема потреба да замислиме. Tony Timpa и многу други!!
Тоа што се случи со Џорџ Флојд нема потреба да се дискутира дали е убиство или не, снимката јасно покажува и нека почива во мир човекот, а полицаецот да си одлежи казна како што е законски. Е сега сакам нешто друго да кажам, општо за тамошната ситуација,а не за овој изолиран случај. Тоа е, зошто вака кога ве читам вас или други по социјални мрежи звучите како да живеете во Америка?Не, стварно, во Македонија сте, а нашата претстава за расизмот таму, како и полициската бруталност и сите немири доаѓаат исклучиво од медиуми кои знаеме колку лесно манипулираат со информациите во зависност од тоа чија политика ја застапуваат. Се' додека не си сведок на настаните што се случуваат во одредена земја, особено една ваква далечна и со огромен диверзитет, не можеш да заземаш дефинитивна позиција на судија за одредена појава, како во случајов расизмот што го доживуваат црниците и движењата како black lives matter што се во голема мера политички.Исто како што не може Американец да дава суд за етничките тензии во нашава земја. Отворете ја темана ромите во општеството, напишани се толку многу неубави работи- за кои не тврдам дали се лага или вистина, но сепак по дефиниција расистички. Кога нештата се далеку од нас се правиме свети и толку лесно вперуваме прст и ставаме етикети, додека безусловно браниме други, ама кога ни се блиски и сме дел од нив, наеднаш ги менуваме вредностите кои цврсто ги застапуваме во првиов случај.
Имаме роднини, пријатели и од прва рака имаме инфо дека постои расизам и не е напумпано на медиуми. А за хипокритите во државичево што да речам...од една страна објавуваат за Џорџ, многу се растажиле за убиството, не можат расизам да поднесат, ама тука ромите ги вреѓаат и ги понижуваат. Ги заболе за расизмот, само на инстаграм глумат свесни индивидуи, а подалеку од носот не можат да си видат
Обвинет е за убиство од трет степен, од следната недела ќе започне судењето, баш ме интересира каква завршницата ќе има. А за другите полицајци протестантите бараа да се сметаат како соучесници во убиство, ама ослободени се од обвинението.
Ова што се случува во светов, особено во 21 век е страшно. Уште пострашно е што останатите полицајци не презедоа ништо, туку на некој начин беа соучесници во случајот. За жал вакви случки се случуваат секојдневно, особено во Америка, но не се документирани и за жал поминуваат незабележани. Сите луѓе кои дискриминираат би ги прашала, на чија страна се, би го поддржале ли сега "белиот" полицаец кој е воедно и убиец, или Афроамериканецот кој е жртва? Јас лично, никогаш не сум можела да сфатам зошто некој човек си зема за право да навредува, или не дај боже да убие друг човек, без никаква причина, единствено затоа што е од друга раса. Сите сме луѓе, безразлика од бојата на кожата, религијата или националноста. Кога луѓето малце повеќе би се ценеле меѓусебно такви какви што се во душата, а не би се дискриминирале поради причините што ги наведов, светот би бил многу подобро место.
@Lella Се согласувам со се што напиша, освен со делот за насилството. Секогаш сум да се оди по попаметен пат, а овде тоа што кршат и крадат им фрла само дамка за кауза која иначе е прекрасна. Со тоа само им даваат ветар по грб на луѓе како Трамп и Трамповидните суштества кои тоа само го чекаат и им даваат причина за да ги дискредитираат. Го одзема фокусот од она навистина што е битно, а тоа е таа полициска бруталност. Во најмасивните битки не победуваат најправдените, туку најпаметните. А тоа што има такви насилни riots само може да ги врати два чекори назад. Се согласувам дека многу е задоцнето што вакви случаи досега не ги регистрирале, меѓутоа сега народот има едно многу моќно оружје што порано луѓето го немале, а тоа е телефон и интернет. Порано информирањето било преку печатени медиуми и преку ТВ, преку она што државата и владеачките партии можат многу лесно да го контролираат. Денес со една слика можеш одма да го побиеш некого, а овде имаат клипче каде јасно се гледа каков дебакл е убиството на дечкото. И тоа е доволно според мене. Многу моќни слики излегуваат од мирните протести, особено таа што ја напоменав кога го заштитија осамениот полицаец и со клекнувањето на колена за поддршка. Со тие насилни однесувања, еве се најавуваат дека ќе ги прогласат за терористичка групација што никако не им одговара. Ако нема такво нешто буквално немаат ништо со кое можат да ги дискредитираат. А протестирачите го имаат клипот, што како што реков е нешто што не може да се побие и да се спинува. А и реално не е фер да уништиш нечиј мал бизнис на човек само затоа што е бел. Некој цел живот вложил во тој бизнис, од таму го вади лебот. Не е решение клин со клин се избива тука, во никој случај. Ако веќе осудуваме насилство и неправда, мора да ја осудиме од сите страни. Јас прва споделив дека black lives do matter, ама сакам се да биде како што треба. Нормално дека има white privilege, нормално е дека црнците се во право и тоа е неоспорно. Само сакам да не кршат и да не напаѓаат невини луѓе.
Потполно се сложувам, немав време во претходниот пост да ја опфатам темава. Покрај сѐ што се случи, сметам дека ситуацијата со протестите излезе од контрола. На овој начин страдаат и невини луѓе, кои само сакале да излезат и да ги поддржат. Мислам дека со мирни протести може да се постигне истиот ефект, дури и повеќе. Насилство во никој случај не може и не треба да се реши со насилство.
Во право си. Ама не знам колку паметен чекор е да излезат луѓето со плакати и знаменца и овојпат, да си кажат што им лежи на душа и после сите по дома... сè до следниот убиен. Верувај, ми се крши срцето кога гледам видеа од луѓе што што го загубиле бизнисот, меѓу нив има и белци и црнци. Ама прстот не го вперувам во протестирачите, туку во индивидуи што си вадат сопствен ќар од хаосот, а такви ќе има секогаш. Кривицата е пак кај корумпираниот систем, бидејќи да работеше како што треба, немаше да има потреба од хаос. И според мене е доволно, ама за владата таму не е. Ерик Гарнер, во 2014 бил осомничен за продавање цигари без данок, тој тврди дека не го правел тоа, се спротиставува на полицијата. Има видео и од него, побарај го, го убиваат на тротоар со давење, последни зборови му се истите како на Флојд I can't breathe. Погоди што, пет години никаква последица за полицаецот, во 2019 го бркаат од работа и толку. Да го запалеа Њујорк за ова, сигурна сум дека ќе им дојдеше малку памет во глава и ќе имаше ригорозни казни што ќе служат како предупредување за цела полиција, па и за свињата што го уби Флојд. Мартин Лутер Кинг мирно протестираше, имаше сонови итн. и погоди што? Го убија, луѓето збеснаа, па дури тогаш нешто се смени. Се пробаа мирни протести, ништо не се постигна. Се прашувам ако цело време ви го тепаат детето во школо, а директорката ништо не прави, истиот ли совет ќе му го дадете? На протестирачите ножот им е под грло, за своите животи протестираат, не сме ние тие што треба да попуваат отстрана и да кажуваат како треба и како не треба. Сите знаат како треба, ама ете не бива.
Убиен полицаец за време на протестите. За да докажеш дека ти пречи невини да умираат, не треба невини да убиваш.
Секако, секој си одлучва и прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Само тие што се соочуваат со дискриминација секојдневно знаат како им е, но мислам дека и ова што се случува не е решение. Смртта на Флојд секако не беше несреќен случај, тоа не е спорно, во светот за жал од секогаш постоел расизам, но мора да се земе во предвид дека во овие протести страдаат невини луѓе и се вандализираат објекти и имоти, па и цели градови кои не се поврзани со случајот. Мислам дека не е фер.
Ник дечки. Канал за цртани за деца. Јас возрасна крава кога го видов ова солзи ми потекоа. Еве го видеото, црн екран каде се појавува и бледнее „I can`t breathe“ и некој дише во позадина, додека видеото одбројува од 8:46 до 0.
Како што кажав, од далеку е лесно да се дели правда. Тоа е сè што ќе кажам, вие продолжете со филмчиња за мир и ненасилство.
Убиени многумина за време на МИРНИ протести. Секакви луѓе се појавуваат на тој протест, некои од нив го користат како шанса да направат хаос. Не дозволувајте целта на протестот да го губи фокусот. Не се фокусирајте на она што ви одговара бидејќи не сте доволно едуцирани на тема расизам. Не им кажувајте на жртвите на расизам како да се соочуваат со нивната болка и како да го искажат својот бес за неправдите кои никако да прекинат.
Мислам дека од гледна точка на засегнатите е фер. Веројатно сакаат да пратат порака до сите: ако ние не се чуствуваме безбедно, никој не е безбеден. И така проблемот станува општ и има поголема шанса да се реши.
Ова е 1000 пати попаметно и подобро смислено мене ако ме прашаш. Фактички за ова зборувам јас, дека вакви работи се 1000 пати поефективни по мое мислење. И до мене како човек, како индивидуа многу повеќе допираат вакви работи отколку палки и кршење. Апсолутно не мислам дека треба да трае еден ден, да кажат што им лежи на душа и да си заминат. Секој ден, по цели денови, како и до сега што се прави впроочем, минус тоа кршење и тепање. Тука ја тргам црвената линија јас. Ништо нема да се постигне со неколкучасовен протест, впроочем за да се постигне револуција треба многу, многу време. Не реков јас да протрчаат неколку пати и дома да си идат. Toчно пак. Ова е тој систем кој АНТИФА ги прогласува за терористичка организација, а Кју Клукс Клан не. Проблемот лежи во самата едукација на луѓето, во неказнувањето на ширење на говор на омраза, во учење на нивните најмали дека црнците не чинат. Јас со се се согласувам со тебе, не знам оти мислиш дека јас поинаку мислам. Само јас би играла поинаку. Огромна е улогата на Мартин Лутер. Човекот има направено најмногу за нив и пак ми се покажува поентата дека со перзистентни мирни протести има најголем ефект. Знаеш и самата што се тој човек им овозможил, колку му должат само нему. Се што правел има ефект и до ден денес и не само тој туку и Фредерик Даглас. Според мене вториов до ден денес ќе ми остане најпроминентна фигура со неговото ораторство, со неговата способност преку дискусија да утепа противник. Во школо ако ми го тепаат детето ќе отидам и ќе се расправам со директорката, со родителите на тие што ми го тепаат, ама нема да земам и јас да удрам дете. Така не ја покажувам поентата. Нема смисла заради тоа што некој bully го удрил моето дете јас да земам и да ги претепам другите деца во класот. Да, ќе бидам пребесна, да има да пцујам се живо и диво, има да го кренам цело училиште на нозе, има да објавувам слики секој ден од модриците, да гризнам и да не пуштам, да ги сеам насекаде... Ама невино дете нема да удрам. Затоа што пак ќе повторам - си правам контрауслуга. Станувам како тој против кој се борам. А ако имам битка која можам да ја извојувам со одлична артилерија и логистика, сигурно нема да дозволам се да ми пропадне ради поединци. Расизам во никој случај не оправдувам и се ова што ти реплицирам е за да ја опфатиме темата од сите аспекти. Не дека мене не ми зовре крвта кога го видов клипот. Не дека јас не чувствувам гнев зошто мора да објаснувам дека навистина не сум како тие кои го удавија човекот. Ама пак ќе речам мислам дека поединци ќе им го уништат сето ова. Мое мислење, не мора да значи дека сум во право.
Со мир се нема добиено ниту една битка,ниту една војна,ниту една револуција. Хаосот секогаш ја исполнува целта, колку и да е твистед, вистина е. Да беше протестов rainbows and butterflies,да не беше ваков каков што е, амебата полицајска уште ќе се кочопереше по улици. Уништените локали си имаат осигуривања, ќе се покрие целата штета. А за тие што негираат расизам у случајов, ако се лажеме,така е. Првата точка на расизам е продавачот. Да беше белец Флојд, немаше ни да се посомневаат во исправноста на чекот, или, бар би провериле, пред да викнат полиција. За убиецот што да се каже што не е кажано.. Пријатен престој во затвор, каде што црнците со задоволство ќе се погрижат за леп боравак.