Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 23 декември 2013.

  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Тоа I don't see color е толку проблематично. Сака да каже дека сите сме исти и еднакви, но не сме сеуште стигнати до тој момент. Базирано на бојата на кожата една група се третира на еден начин, а другата на друг, факт е и има еден куп примери, слободно прогуглајте.
    Треба да имаме еднакви права, но на дел од населението тие не му се дадени и сите мораме да се ангажираме за целото општество да се смени.
    Промената почнува од самите нас.
    Мораме да ја прифатиме реалноста и нашата privilege, позитивно да ја искористиме и активно да се бориме за сите во општеството да уживаат еднаков третман.

    Исто, не сите протести се насилни, за жал медиумите тоа селективно го прикажуваат. Ќе се изгубат животи и ќе има штети, но тоа ќе е мала цена која се плаќа за во иднина уште повеќе животи да не се одземени. Најлошото веќе се направи, сега мора напред и да се турка до сигурна промена.
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Криво ми е што политичките елити го користат протестов за свои цели, со самото тоа ставаат дамка на искрените поддржувачи и протестанти. Така се случи и кај нас со студентските протести, со шарената револуција и тн.
    Значи ДА за изразување револт, ДА за кревање на свеста на луѓето и масовни протести ама не на ваков начин.
     
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.080
    Пол:
    Женски
    Уште нешто да кажам, пред да продолжиме со дискусијава. Јас сакам да им успее оваа револуција, затоа давам идеи и предлози како според мене би можело да биде поефективно. Не барам причина за да ги оцрнам, туку критички размислувам како секоја нивна постапка може да им се врати како бумеранг.

    Затоа што сега ако ги прогласат како терористичка организација, тоа оди во прилог на 3цата други полицајци кои исто треба да бидат стрпани у затвор како соучесници. Сакам смртта на човекот да значи промена, а не нешто кое ќе биде аргумент на секое сељаче расист кое ќе вика аааа тие убија толку и толку невини луѓе.

    Најлесно ми е да залепам слика #blacklivesmatter оти другите го прават тоа. Полесно здравје, посебно од тука кога дремам на лап топ. Ама како човек кој размислува како ова може да биде спроведено на уште поефективен начин, сметам дека апсолутно треба да се изостави тепањето на невини луѓе. Можеби да бев жител на Америка поинаку ќе мислев. Во секој случај сакам да се истера правда. И јас се расправам со многу луѓе периодов ради случкава, дури и зачистив некои кои ги начекав на ФБ како пишуваат расистички коментари.
     
    На BelieberYeahh и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    26.937
    Споредбата на Роми и црнци у Америка ти е без везе.
    Црнците се биле угнетувани и експлоатирани од белците со векови. Буквално им биле како кучиња.
    Ромите се националност како што знам. Не раса. Има Роми што се побели и од мене.
    Ако не ги поднесувам дел од Ромите не значи дека поддржувам да ги тепаат и влечат како кучиња по улиците.
    Не верувам дека некој со здрав разум би останал рамнодушен после видеото од Флојд.
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
    На Feminka22, buba4e89, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Еве јас живеам во Америка и ќе ти кажам дека тоа што го гледате на тв е само дел од она што навистина се случува а вистината за расизмот и полициската бруталност е 100 пати по страшна.

    Еве нема да зборувам за моменталната ситуација туку ќе ви кажам за не изманипулирана случка не пренесена од медиуми туку е од прва рака со Мм кој Btw е афро-американец.
    Вози за на работа без прекршување на ни едно правило, и го застанува полиција и го прашува каде тргнал вака рано ( 6:30) во недела сабајле,и овај му кажал дека оди на работа. Ок, му побарал документи и Мм му ги покажал,и документите нормално биле се во ред. Полицаецот повикал засилување и дошле уште 3 полициски коли. Првиот полицаец му рекол ти мириса колата на марихуана, и нормално Мм му кажал дека не само в кола туку воопшто не пуши марихуана и слободно може да го претреси него и колата. Без да му кажат да излези од кола го извлекле од кола на сила, го претресиле на кола легнат и пред да почнат со претресување на колата го легнале на земја и го врзале со лисици, додека ја пребарувале колата над глава му стоело цело време полицаец со пиштол вперен во глава.
    Се разбира дека ништо не нашле, му ги вратиле документите и му рекле ајде оди сега на работа.
    Прашал зошто воопшто го застанала полицијата кога не прекршувал ни едно правило, добил одговор дека на ретровизорот има закачено миривче и дека тоа не е дозволено :^).
    Ако веќе тоа било причината, можел да му пише казна, дури и да мирисало на марихуана (а 100% не мирисало, оти стварно не пуши марихуана)дали имало потреба од засилување, фрлање на земја и лисици на раце и пиштол во чело?

    Ме има запрено полиција незнам колку пати, имам добиено и казни, никогаш ни ме претресиле ну пак викнале засилување, а еве Мм ни правила прекршени ни крив за ништо помина низ многу трауматична ситуација, а зошто? затоа што има по темна боја на кожата :(

    https://www.instagram.com/p/CA5mUVhpc3d/?igshid=17tabjkmxh7v0

    Незнам дали ќе ви го отвори
    видеото, полицијата фрла солзавец на кола, шоферот излезе и му кажува да престанат оти жена му е внатре и е бремена, но тие пак не застанаа.
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
    На Alisa22, BelieberYeahh, Briar Rose и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @ane.bella, од се срце посакувам таквата траума никогаш повеќе да не ви се повтори. Пиштол на глава само зошто е различна боја од полицаецот. Што и да кажам, излишно е. Особено е страшно што маж ти може да се смета за еден од среќните, зошто поминал без физички повреди после таква средба со полицијата.

    Многу, многу ми е жал :(


    Инаку, во контекст на 9те минути. Во периоди кога нема гужва, за помалку од тоа време јас имам стигано од Млечен до Рекорд со 5ка. Знаете колку време е тоа? Пуштете го видеото, нека одбројува. Цела вечност е тоа. Колено врз врат е постапка во екстремни случаи кога осомничениот дава сериозен отпор и се применува за многу кратко време, додека да се стават лисиците. На Џорџ Флојд му биле ставени лисици, не давал отпор, го нарекувал својот убиец „Sir“, молел за воздух и во последните мигови ја повикувал мајка му. 9 минути ладнокрвно садистичко убивање. И треба Америка да гори.
     
    На Alisa22, BelieberYeahh, Briar Rose и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И при сериозен отпор ако не се лажам има начини. Постојат тејзери, оние уреди што дрмаат струја и тоа му го ставаат обично на нога на осомничениот и го парализира привремено, ако стои и се противи. Или некогаш може пукање во нога да се примени, ама во нога, не во торзо или глава.
    Е сега зависи од држава до држава, ама една економски силна држава како Америка не може да нема такви строги протоколи како се постапува со цивил при секакви ситуации.
    Ама проблемот е што не ги почитуваат.

    Не во Америка, него општо , директно убивање со пукање мислам е во ред ако човекот исто така пука кон нив или отворил оган кон група луѓе, то ест при терористички напад.

    Едит- не сфаќам само зошто трет степен. Тоа е исто како давење со раце, истиот ефект. Што мислел полицаецов...
     
  8. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Немам зборови колку е одвратно однесувањето на полицаецот, а само поминува со оптужба за убиство од трет степен, а другите со никакво обвинение, само откази.
    Баш ме интересира дали функционира правото кај нив и дали ќе биде осуден.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Tan4ence, 101875908_1213730322307517_5377888938285334528_o.png
    Убиен зошто полицајците, облечени во фул riot опрема наводно слушнале истрели и почнале да стрелаат во луѓето кои протестирале.

    Танче и @tijanana какво убиство од трет степен, смешки се тоа. Цивил да гледа додека другар му убива некого ќе го јаде исто како самиот да убивал. Кај овие само отказ, никаква кривична одговорност. На страна што активно ги спречувале сведоците да интервенираат. Епа затоа протестираат.
     
    На BelieberYeahh, Briar Rose, ane.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама не зборев ако им се причинило. Туку баш сред терористички напад, кај што гледаат како терорист пука на сите страни и нема шанси да му се приближат безбедно. И ќе повторам, ова го кажувам општо, не за Америка, кога некогаш мора да се пука директно.
    Некои од терористите во нападите во Франција биле убиени сред нападот на пример.
     
  11. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И со право протестираат!
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Кај го учат тоа со коленото на врат, не ми е јасно?!
    Посебно ако некој не дава отпор.

    Не ти треба да си доктор за да знаеш дека протокот на воздух и циркулацијата на крв им ја компромитираш.
     
    На ane.bella и Tan4ence им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Tan4ence, те разбрав на што мислиш. Тогаш мораат така да постапат, спасуваат животи по цена на еден. Ама ова? Ова е страшно. Полицијата убива и тепа од што им се може. Буквално им се може!
     
    На Feminka22 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  14. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Им се може затоа што не подлежат на санкции или на некој смешни, минимални санкции за убиство. Особено од расистички побуди, не за џабе имаат термин А.C.A.B. Американската полиција најагресивно се справува и со најголема употреба на истрели реагира особено кон осомничен со потемен тен и никому ништо.
     
    На Briar Rose, ane.bella, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Пред една недела во автобус полн со црнци, влегуваме јас,дм и една жена. Женава седнува на седиштата горе за двајца што се,седнува до прозор а торбите ги става на седиштето до неа.
    Застанува бусот на друга станица се качуваат патници црнци, и сакаше да седне човекот до женава. Луѓе кога му се развика “социјална дистанца,најди си друго седиште”, кога и се завртев со една фаца,ме виде и си погледна преку прозор. Му викам на дм оваа не е здрава,ако и треба социјална дистанца нека стои.
    Човеков не седна и се насмевна одмина. Влага друг и тој да седне,оваа пак почна да вика,да се понаша, тој си седна на седиштето.
    Цел автобус црнци, сите слушаа ајде еве зашто не превземаа нешто ете да бидат насилни или не знам.
    Оти белците сами провоцираат и шират омраза, секоја чест на исклучоци.
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Светлина во мракот. Погледнете го видеово. Медицински работници, излезени пред болница им аплаудираат на протестирачите кои маршираат покрај нив, кои пак им аплаудираат назад на нив и им се заблагодаруваат за посветеноста. Надеж за подобра иднина.

    https://www.facebook.com/watch/?v=2689149891301976
     
    На Briar Rose, Ketchup, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.015
    Пол:
    Женски
    @KateKane Кажав, те разбирам комплетно од каде доаѓаш со мислењево и знам дека имаш најдобри намери.

    Она што пробувам да го укажам е дека протестирања од типот на рекламата со деветминутно дишење се моќни, да, и до тебе можеби повеќе допираат, а и до сите сензибилни луѓе. Ама не е поентата до нас да допрат туку до судот. А за жал судот таму не реагира на реклами и просто не им влијаат такви работи, ни моќни слики, ни видеа, ни петиции, ни знаци. За да те сфатат сериозно мора да ги заболи, мора да кажат чекај бе, овие стварно ќе го запалат цел град, дај да направиме нешто.

    Е тука лежи зајакот. Биткава не може да е извојува така. Пробано е. Дебатирано е. Не е прв случај. Пак иста песна, пак нов црнец убиен. Е до кога да дебатираат и логичарат?

    Причината поради која сметам дека не треба постојано да се потенцира на крадењето и невините жртви во протестите е тоа што протестирачите немаат контрола над тоа. Ако не сакаш каузата на протестирачите да се замагли поради тие индивидуи, тогаш не ги спомнувај и не се фокусирај на нив постојано. Неизбежна последица се, исто толку неизбежна колку и протестите.

    Твоите предлози се покажале одново и одново како неефективни, во оваа точка веќе повикување на мирен протест е исто како да им кажеш ,,седете си на газ и чекајте го следното убиство". Бидејќи ист ефект имаат.
     
    На Briar Rose, doubleg, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
     
    На Regina.Phalange и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.080
    Пол:
    Женски
    Да, можеби си во право. Во никој случај не сакам да се разводени и да се размекне мојот аргумент против расизам. Апсолутно имаат моја поддршка, чак шта више и јас имам јадено негативни коментари од "другариве" наши на фејсбук кога за случајот кога го малтретираа тоа црното дете на плоштад, на изјавата од мајката убаво ги наредив сите тие у мој стил, па добивав коментари црнци да ме ебеле, да сум раѓала прегорени деца јас ако сум сакала... Као u know the drill, нема потреба да ги повторувам тие моменти тука, нема ни значење да им дадам.

    Јас лично за мене ќе си кажам, проблемот со оваа брутална метода кога им пикаат колено на врат ја научив прв пат од Orange is the new black, односно кога Poussey беше усмртена на таков брутален начин при мирен протест. Сцената ја знаете добро сите, најмоќната сцена од серија во последните 10 години мене ако ме прашате. Најдобро го претстави овој проблем, го пушти во етер, едуцираше еден куп луѓе, јас бев вознемирена после финалето уште два дена. Изгуглав за историјата на ваквите случки, крвта ми се заледи. И уште не можам да разберам како може некој да биде расист. И како може ова да е ефективен начин на совладување на некој кој не е вооружан, кој не претставува опасност за околината. Али да, во право си дека ако вакви работи допираат до тебе и до мене, има луѓе на кои ова им е смешно.

    Исто и ова клипче, ви го препорачувам да го изгледате.
    Ова ми е textbook on how to win racism in 7 minutes. Изгледајте го, генијално е направено.

    Ќе пишам уште еднаш, моја поддршка имаат. И се надевам дека на полицајциве ќе им се случи нова Стоунволска револуција со таков afermath. И апсолутно поддржувам протести, никаде не сум рекла дека не треба да искачаат. И најискрено се надевам дека од овој момент секој што ќе се дрзне така да дави човек кој лежи и е апсолутно немоќен ќе си купи тикет за у затвор.
     
    На Briar Rose, ane.bella, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ај ти не ме едуцирај за расизам те молам. Никој не им кажува на жртвите како да жалат. Ако убиство на еден црнец е погрешно, и убиството на полицаец кој не заслужил е погрешно. Нема што тука фокус да се одвлекува и двата се човечки животи, а не да збориш за одвлекување фокус ко да се случило ете нешто небитно. Те заболе тебе за расизам и за жртвите. Единствено што гледате е да објавите на инстаграм и на фејсбук некоја срцепарателна порака за расизмот, а во исто време не гледаш ништо погрешно во убиството на полицаецот. Каков хипокрит си. Јас поддржувам и гласни протести и правење галама, и кршење прозори најмногу поддржувам. Пошо јасно ми е дека со мирни протести некогаш ништо не се постигнува и некогаш треба стварно заби да покажеш. Ама да не гледаш ништо погрешно во убиен полицаец, треба нешто да не си арна. Ко што има Флојд семејство кое го жали, така има и полицаецот. Тоа што велам дека не смеело да се случи уште едно убиство, никако не го порекнува фактот дека сум против расизам. Да беше многу едуцирана на тема расизам, ќе ме сфатеше шо зборам
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.