Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расипан или чесен?

Дискусија во 'Барање работа' започната од AURUA, 13 ноември 2017.

  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Вака со оглед дека барам работа и инспирирана од некои ликови тука за кои имам добиено впечаток дека се луѓе со расипан карактер(префригани) но имаат познавања од работата што ја вршат и луѓе што се чесни(на мравка што не газат) но на кои ќе треба да им се обрне внимание и време да ја научат работата би му дале шанса за работа? Потоа дали како веќе вработен би сакле идниот колега да е префриган и да си ја врши работата така што расипаниот карактер му допушта да ви трупа дела од неговата работа на вас а за атер на работата на фирмата т.е. да е без прекин услугата кон корисниците вие ќе мора да му ја доработувате или повеќе би сакале идниот колега да е чесен и да се помачите подолго време да го обучувате да се прилагоди ама во иднина да ви е личност од доверба на кој ако му дадете нешто малку ваше да доработи дека сигурни сте нема да ве намести? Во картки црти што повеќе се цени?
     
  2. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)
    Јас би се одлучила секогаш за колега во кој ќе имам доверба. Секоја работа се учи ако човекот се потруди и навистина е посветен. Секако дека не мислам да биде со нула почетно познавање да не се сфатиме погрешно. За мене не значи многу ако добијам спремен човек т.н готов производ кој подоцна ќе ми прави сплетки од кои ќе ме боли глава.
    Се имам најдено поодамна во слична ситуација. Бевме две кандидатки пробно на неколку дена од кои јас бев онаа со послабо познавење и претпоставувате претпоставените се ослучија за другата девојка која рака на срце си ја знаеше работата но беше доста себична и арогантна личност. Е подоцна дознав дека малку се покајале со изборот но завршена приказна. :angel:
    Знам и други вакви примери и она што ме чуди е како луѓето (не)свесно бираат ваков тип на колеги.
    Зарем не ги анализираат карактерно луѓето? :^)