1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раси на кучиња

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 1 ноември 2013.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Имам 3 кучиња , па ќе споделам за сите ( т.е за две, бидејќи двете се иста раса )
    Кангал Овчарски Пес - Кангалот потекнува од градот Сивас - Турција , и исто така е познат под имињата Турски Кангал и Анадолиски Овчарски пес . Оваа раса е доста ретка дури и во Турција , бидејќи е забрането нивно изведување надвор од државата. Се користат за одбрана на стадата од предатори од било кој размер , најчесто волци , мечки и шакали . Стандардна величина на овие кучиња е од 65 до 78 см , со плус или минус два сантиметри. Тежината им варира од 50 до 66 килограми за мажјаците , и од 41 до 54 килограми за женките, што им дава предност во брзина на трчање. Нивното крзно е кратко и густо што ги заштитува од тешките Анадолиски зими и топлите лета. Може да бидат непријателски настроени кон странци, но со добра дресура се одлични кучиња. Независни се и многу издржливи. Карактеристични се по бело - жолтата боја и краткото но густо крзно . Не се погодни за чување во станови или мали дворови, бидејќи се доста темпераментни и големи, кога им е топло копаат дупки за да се разладат. Не се фанови на околувратници, градници , ланци. Како миленичиња можат да бидат многу добри и толерантни кон деца, но тоа зависи и од нивното дресирање.
    17634501_275316209579720_1478026319621465277_n.jpg
    PICT0231.JPG

    Шарпланинец
    Шарпланинец (албански: Qen i Sharrit или Qeni Ilir, српски: Шарпланинац) — овчарска раса на кучe. Именуван е по планината Шара. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70 кг. Високо е околу 75nbsp;см, а градниот обем му изнесува 120nbsp;см. Се карактеризира со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.
    Потекло
    Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето, дека роднината му е на Балканот, а поточно во планинските масиви на МакедонијаШар Планина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови.

    Според историските податоци се смета дека претците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал. Името го добил по планината каде и највеќе е одгледуван. Прв пат изложен е во Љубљана во 1926година[1][2].

    Во 1939 година шарпланинецот е запишан под реден број 41 во списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња.

    Карактеристики
    • Силно, добро градено куче, со височина над средната. Покриено е со долго, густо и изразито грубо крзно. По карактер е спокојно и добродушно, но е многу силно. Верно е на господарот и е бескомпромисно.
    • Средната височина до грбот е 82 см кај мажјаците и 68 см кај женките. Средното тело на возрасен мажјак е 55 и 100 кг, а кај женките — помеѓу 45 и 92 кг.
    • Телото му е малко подолго од височината до грбот (кај мажјаците: 8-10%, а кај женките: 10-12% подолго од височината до грбот).
    Глава
    • Главата е пропорционална спремо размерот на телото и е долга приближно 25 см (или 40% од височината до грбот). Черепот е малко подолг од муцката, која е 58% од целата должина на главата (однос череп-муцка 58%:42%). Женските имат малку подолка муцка (однос череп-муцка 57%:43%).
    • Предната страна на главата (черепот) е широка, со испакната централна линија. Погледната озгора, малку е испакната и заоблена.
    • Областа помеѓу муцката и черепот (близу до очите) не е испакната.
    • Муцката е пократка од черепот, која во основата е поширока и постепено се губи кон врвот (носот). Ноздрите се правилни и широки. Профилот на долната челуст започнува со долга, права линија.
    • Носот е широк, со црн пигмент.
    • Усните се умерено полни, од која горната се издига над долната.
    • Забите се 42 на број.
    • Очи бадемови, темно или светлокафеави. Веѓите, како и носот, се обоени со црн пигмент.
    Врат
    Профилот на вратот е рамен или малку испакнат во горната страна и е малку над линијата на грбот. Вратот е средно долг, но поради густото крзно, кое го покрива, изгледа пократок и поширок. Поврзувачките точки меѓу телото и главата не се гледаат. Кожата не е обесена, а крзното е густо, долго и руновито, кое на вратот прави гриво.

    Тело
    • Општ опис: профилот на горната страна на телото е прав или лесно издигнат. Телото е малку подолго од височината на грбот.
    • Рбетниот столб е малку испакнат и широк, а врската со врата е незабележителна.
    • Грбот е рамен и широк, не много долг. Страната на слабините е коса, широка и мускулеста.
    • Градите се широки и мускулести, имаат средна должина, а долната страна им стига до нивото на колената. Градниот обем е најмалку 20% подолга од височината до грбот.
    • Стомакот е стегнат и мускулест, во профил се издига назад.
    Опашка
    Опашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре.

    Предни нозе
    Височината на долната страна на предните нозе до коленото е 55% од височината до грбот. Плешките се долги и широки, сврзани со градниот кош, лесно наклонети спрема хоризонталната коска под агол од 65°. Горната страна на предните нозе е мускулеста и е под поостар агол од плешките: 55° спрема хоризонталната коска. Аголот на коленото (меѓу горната страна на ногата и шепара) е околу 145°.

    Шепите се силни и широки, озгора лесно подвиткани, оздола испакнати, а ноктите се здрави со црн пигмент.

    Задни нозе
    Горната страна на задните нозе е мускулеста, со силно заоблена мускулна структура. Пределот на коленото е поотворен отколку кај предните нозе: приближно 125°. Коленото е здраво и широко. Долната страна на задните нозе е цела со силна мускулатура.

    Скакателната става е широка и отворена под агол од околу 130°. Горниот дел на задните шепи е малку повеже накосен одкколку кај предните шепи.

    Кожа
    Кожата е средно дебела, кукулеста и истегната по телото. Сите видливи делови на кожата и лигавица се обоени со темен или црн пигмент.

    Бои
    Шарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темно сиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете.

    Тело
    Мажјаците тежат околу 55–70 кг, а женките 45–60 кг.
    sarplaniec1-5.jpg
    02-1-1-560x420.jpg
    Од мое искуство со овие раси, можам да кажам дека и двете раси сакаат да си играат со деца и воопшто не се агресивни кога се во нивна близина. Паметни се и доста лојални кон сопствениците. Секогаш расположени за прошетка . Шарпланинецот е доста чисто куче ,во генот му е сам да се бања , на ист принцип како и мачките., додека пак Кангалот не е нешто посебно по хигиената, но не се бунат да ги избањаш особено во лето кога е многу топло.