1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскажи ми ги соништата (Сидни Шелдон)

Дискусија во 'Книги' започната од Unica, 2 ноември 2011.

  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Ако темата е дупла клуч или избришете ја .


    Раскажи ми ги соништата е една од книгите која ме оставила без сон , без јадење, пиење :D
    Дефинитивно една од најдобрите книги кои ги имам прочитано.
    Се работи за девојче кое потекнува од прилично богато семејство, татко и е познат кардиохирург.
    Меѓутоа како мала доживеала страшни трауми кои довеле до тоа да кај неа се појави тешко психолошко пореметување . Таа е возрасна кога дејството почнува да се развива. Некој сака да ја убие , ја демнат , почнуваат да се случуваат многубројни убиства за кои таа ке биде осомничена но не можат да ја осудат поради недостаток на докази и на чудни околности.
    Со помош на адвокатот кој е должник на татко и , работите ке почнат да излегуваат на виделина.

    Дали ја имате прочитано и какви се вашите впечатоци ?
    Ме интересираат вашите впечатоци и критики.
    Повелете :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Раскажи ми ги соништата ( Сидни Шелдон )

    Ја имам прочитано , и да мн ми беше интересна, и бев буквално шокирана од крајот, никогаш и не ни очекував дека станува збор само за една личност, која пати од растројство на личности. Интересна книга која баш како што кажа ако ја почниш не можеш да ја оставиш за утре. :D Се на се, никогаш немав порано прочитано нешто вакво,нешто кое и пак да би го читала нема да ми биде досадно, напротив сега би ги барала оние скриени интриги и загатки кои сум ги пропуштила ..Во два збора Супер Книга :D
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Раскажи ми ги соништата ( Сидни Шелдон )

    Интересна книга која те влече да ја прочиташ до самиот крај. Додека ја читав се прашував во каква врска би можеле да бидат сите тие ликови и каде би се сретнале. А крајот :o не верувам дека некој од читателите претпоставиле дека ќе биде таков.
    Одлична книга - им ја препорачувам на оние кои сеуште не ја прочитале.
    Би им се допаднала. :)
     
  4. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Значи ја обожавам книгава, ја прочитав за максимум 2 дена!
    После неа, решив да ги прочитам сите од Сидни Шелдон, затоа што слушам дека има и други дела, исто вака интересни!
    А оваа ја препорачувам обавезно! Баш мој тип на книга е, ги обожавам ваквите! :) :)
     
  5. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Моментално ги читам книгите од С.Шелдон но до оваа сеуште не сум стигнала,но во план ми е сега секако оваа :)
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Прва книга од Шелдон што ми падна в раце.Ја прочитав во еден здив и многу ми се допадна. :up:
     
  7. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Mногу интересна книга лесна и брза за читање.
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Исто и јас прва книга што ја прочитав од Шелдон и ептен ми се допадна, многу интересна и непредвидлива содржина, на сите ја препорачувам ;)
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Првата книга од Шелдон што ја прочитав беше токму оваа, дури мислев дека авторов е всушност авторка :D
    Раскажи ми ги соништата е страшно непредвидлива книга на која со душа ќе го чекате крајот. Многу добра приказна има, нема ни да претпоставите каков пресврт и каков крај ќе има книгава. Иако е прилично обемна, многу брзо се чита.

    Доколку ја немате прочитано, ставете си ја на листата, нема да зажалите :)
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    Според мене оваа му е најдобра книга на Шелдон, а ги имам прочитано сите.Многу оргинална приказна и многу неочекуван крај.Уф морам пак да ја препрочитам, одамна беше, ама се сеќавам многу детално на содржината.Одлично дело, кое мора да го прочитате.
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга како и сите останати од Шелдон. Во текот на читањето имав претчуство дека ќе испадне дека сите се една личност, ама на крајот воопшто не претпоставував дека таа всушност нема да се излечи...
    Извонредна книга која трипати до сега ја имам читано и никогаш не ми здосадила.
     
  12. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Јас бев запрепастена од книгава, и тоа некаде околу средината кога се открива дека сите три лика се една личност, три пати го прочитав тој дел да се уверам дали сум прочитала како што треба. Инаку ја препорачувам на сите и досега оние кои што ја прочитале биле презадоволни.
     
  13. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    252
    Ја имам прочитано, прекрасна книга... за миг помислив дека гледам хорор филм, те држе во не извеснот ... една вечер додека ја читав заплакав :D
     
  14. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Ми се допадна ептен книгава интересен сплет на приказни кои се соединуваат во една... кратка спакована спастрена убаво напишана без тегнење и здосадување :D ја препорачувам :*
     
  15. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Мојата омилена :inlove: