Здраво девојки! Не знам дали има отворено некоја слична тема, но не успеав да најдам. Вака би сакала да ве прашам за ваше мислење што мислите за разделба поради секс. Јас се гледав со еден дечко неколку месеци, се слушавме секој ден, секој саат и поради тоа што живееме во различни градови правевме секои напори да се видиме. Едноставно времето поминато заедно ни беше преубаво , совршено. Но еден вечер кога бевме заедно, имавме интимни моменти, но јас се плашев да му признаам дека сум уште невина и едноставно не се случи тој чин. Потоа останавме уште некое време заедно и бесе во најдобар ред. Утредента едноставно ми кажа дека му било убаво со мене и дека не може да издржи да нема ништо со мене, затоа што се напалил, а потоа не се случило ништо и дека му е тешко, па затоа решивме дека можеби е најдобро да не се слушаме повеќе. Јас тоа многу тешко го поднесов, уште не ми е јасно што всушност се случи. Не можам да јадам, да спијам и чувстувам некоја тешка болка во душата. Дали сметате дека причината за сето ова е сексот и како го оправдувате ? Ве молам помогнете ми, чувстувам дека ќе пукнам и ќе излудам