Рафаел Надал се насочува и кон фудбалот, потпиша договор со Интер Манакор http://supersport.com.mk/tenis/vesti/32 ... er-manacor
Дали е можно да немам пишано на темава ?! Омилен спортист воопшто,навивам за него константно,љубов на прв поглед,што друго да ви кажам Совршено добра игра,сега малце се стивна,ама ќе се врати,верувам јас во него. А за тоа физички каков е ... Шпанец бе! А тој негов Англиски со шпански акцент аах...+ и Бијонсе навива за него Јас би си го земала за маж А,за ова сонувам..
Браво за темата Го обожавам Рафа, омилен тенисер ми е, одличен играч, супер изглед, супер карактер. Ритуали има многу многу да не почни човек да ги набројува Го следам секој негов натрепвар на секој турнир. Сега е во малку послаба форма ама нема врска јас мислам дека тој ќе го освои Лондон а и дека Шпанците ќе го освојат Дејвис Купот едноставно нема подобра репрезентација од нив моментално,сите се добро познати и големи имиња, а Надал веќе 2 месеци напорно вежба и се труди баш за овие 2 последни турнири од 2011. Е сега да се пофалам, остварувањето на мојот сон бесе оваа година, имаб шанса до одам на US OPEN и го гледав Надал како игра во живо, тоа беше полуфиналниот меч против Мареј. Чувтвото неверојатно, нешто неописливо јас го гледам на TV од кога почна да игра и по толку години имав шанса да го гледам во живо и тоа на полуфинале на Грен Слем, ќе пукнев од среќа. Еве некоја слика како тоа изгледа во живо P.S. ќе ставав уште слики од него и од Artur Ashe стадионот, али неможам да ги прикачам зашто се со преголема резолуција, ќе пробам да ги намалам па ќе ги ставам наскоро
Rafael Nadal beats Roger Federer to enter Australian Open final И денес Надал го победи Федерер и иде во финале. Џокович или Мареј ќе бидат негови противник во финалето, според мене Џокович ќе победи. Баш се радувам за победата. Ајде вамос Рафа, му тргна повторно
И јас мислам дека Џоле ќе победи и ќе биде во финале со Надал, се согласувам, се враќа назад Рафаел :geek: е сега мислам дека ако случајно победи Мареј , тогаш најверојатно ќе победи Надал во финалето, оти Мареј е слаб тенисер, што незначи дека не може да го победи Надал, но, сепак каде-каде е подалеку и од Надал, Федерер,Џоле,Ферер,Вердаско итн.А ако игра со Џоле, тешко ќе биде оти некои тактики има Надал така да би можел лесно да ги победи и двајцата, без разлика дали Мареј или пак Џоле ќе биде во финале.Како и да е, знам дека ќе победи Надал, знам има некакви си финти, за да стигне лесно до победа.
Надал со победа над Ѓоковиќ, до титулата во Монте Карло Рафаел Надал ја продолжи доминацијата на Мастерс турнирот во Монте Карло, откако ја освои осмата последовна титулата. Шпанецот во финалето, за само 78 минути игра, буквално го прегази Новак Ѓоковиќ, победувајќи со 2:0 (6:3, 6:1). Надал ја забележа 42-та последовна победа во Монте Карло, каде не е поразен уште од 2005 година. Водено, Шпанецот ја прекина серијата од седум последовни порази во финалните мечеви на АТП турниририте против првиот светски рекет, Ѓоковиќ. Со победата во Монте Карло, Надал го зголеми водството против Ѓоковиќ, во меѓусебните дуели на 17:14
Рафааааааааааааааааааааа, победи тоа се чекаше љубави Мојот омилен тенисерр... мн ми е секси чоеков,особено во спотов! http://www.youtube.com/watch?v=_3-GiVIE8gc
Конечно, да видиме барем дел од формата во која навикнавме да го гледаме. Треба уште да докажува , ама на добар пат е, мислам дека ѕверчето повторно се рабуди Се надевам ќе го повтори успехот на сите турнири на земја, а посебно ќе се покаже на Ролан Гарос, тоа сите го чекаме, повеќе Гренд-слем титули
Супер немав време да гледам што се дешавало во Монте Карло, ама баш ми е мило шо Надал го победил Џоле и треба Надал да се врати во форма, како што беше претходно, кога ршум правеше пред себе мерак ми е да гледам Така му требит на Џоле кој за неколку победи, се фалеше ко чиниш има кариера како на Надал и Федерер Незнам до каде се сега со натпревариве, се надевам ќе фатам дел од нив да гледам
Прекрасен е,многу го сакам.Убав и згоден А за играњето ке кажам дека се обидува да се врати во форма како што беше до пред 2 години,на прав пат е,и се надевам дека ке го гледаме повторно на I место :up:
Кај и да е ќе стаса на прво место доста му беше на Џоле да биде на врвот, нека го симне од престолот Туу, како не го гледав во Рим, дека ми беше паметот? Барем да гледам сега следни натпревари, само да дознам кога и каде ќе бидат.