1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рафаел Надал

Дискусија во 'Спорт' започната од Lili.lili, 13 јули 2011.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Gordana10, обавезно следи го од понеделник Roland Garos во Париз :!: Таму Надал треба да освои уште еден гренд-слем турнир ^_^ :D

    Јас лично едвај чекам да почне турниров по којзнае кој пат да ги сруши рекордите и да ја пишува одново историјата во тенисот :bow:

    Инаку, не знам колку брзо би се вратил на 1 позиција..... :?: Во Париз го брани трофејот, така што не освојува бодови, единствено на турнирите пред Вимблдон и на Вимблдон ако победи а оној ропакон губи, тогаш се враќа на 1 позиција. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. :?:
     
  2. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Roland Garros на победникот му носи 2000 поени, Nовак моментално има 13.155 а Nадал 11.270 а и второпласираниот добива доста поени такашто на Rафа може ќе му треба уште еден турнир за да избие на прво место ...
    Sо среќа на Rафа , и јас едвај го чекам овој турнир посебно полуфиналињата и финалето се разбира :)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Аааа, обавезно ќе го гледам во Париз, тоа не се пропушта, едвај чекам, мислам дека ептен интересно ќе биде.Иако секогаш на овој турнир Надал има успех, па добро дали брзо или бавно, битно да се врати на 1 позиција, а сметам дека за брзо ќе се врати, гледајки како му тргнало во Рим, обично така му се одвиваат работите, а и за Вимблдон исто мислам дека и таму ќе победи.Ќе видиме, само да нема пак здравствени проблеми, како отштрафен е целиот, бидејки знам дека и поради тоа не му одеше нешто со турнириве во последно време.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    ^ Секоја наредна година се бранат поените од претходната, на секој турнир соодветно. Така што, Надал таму брани поени и титула, затоа што го освои турнирот во 2011. Не добива ако победи. Добиваат поени оние што не играле лани и оние кои се подобро пласирани од она што стигнале минатата година. Барем колку што ме држи сеќавањето, така одеше бодувањето на АТП листата. :?: А оние што ќе се пласираат полошо за разлика од претходната година, губат поени. Затоа се и честите варирања на позицииите на АТП листата, не се забележува премногу во топ 5, но ако редовно се следи листата на топ 100, има и тоа како чести промени на рангирањата :)
    Инаку, да, ако победи некој друг, ќе освои 2000 поени. Не и Надал, бранителот на титулата на овој турнир. :|
     
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    нешто си грешка со поениве. На официјалната страна на АТП Џокович е прво со 11.800, Надал второ со 10.060 и Федерер трето со 9790.
    а инаку јас мислам дека тоа нема врска шо тој ја брани титулата со поените кои ќе ги освои. Тој и да ја освоил титулата претходната година, а наредната стаса до полуфинале или пак до финале но изгубил тогаш тој си ги освојува поените кои ги носат квалификацијата во финале полуфинале и слично :)
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Да, да, губи само разлика од она колку има од бодови за полуфинале и освоена титула, на пример.....не сите 2000, нормално :) Мислам дека на Мастерс турнирите е вака ко што кажав, се' мислам дека и на Гренд-слем турнирите е исто.....Како и да е, малку е комплицирано бодувањето и кај мажите и кај жените.
    Впрочем, ќе видиме од кога Надал ќе го освои Роланд Гарос :P а тоа би било за 17-18 дена, колку бодови ќе има, и ќе знаеме за другпат :)
     
    На Hellen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    На прв поглед делува дека многу наликува на Надал, но кога ќе загледаш во очите не му се баш погодени и тоа малку го менува целиот лик, но вака во глобала да личит на Надал.Море се надевам ќе успее човечево пак растур да направи во Ролан Гарос и останатите турнири, со неговиот начин на игра, иначе мислам дека човечево и те како заслужува уште понатамошни победи :) Баш сакам да видам кои ќе играат сега на следниов турнир.
     
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Ајде Новак со послужавникот! Сам себе убио. :D
    Нема врска дека Надал се спаси со дождот или со тоа што мечот се прекина, годинава е во каде-каде подобра форма. Ова се чекаше долго! КРАЛ! VamOOOOOOOs!

    [​IMG]
     
    На Smilly, Gordana10 и marija-88 им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Рекордна седма титула за Надал на Ролан Гарос

    Рафаел Надал испиша нова историја на тенискиот Грен слем, Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ и ја освои рекордната седма титула во Париз.

    Финалниот меч, кој се играше во два дена, откако во неделата беше прекинат поради дожд, Шпанецот го доби по 222 минути игра со 3:1 (6:4, 6:3, 2:6, 7:5).

    Мечот на „Филип Шатрие“ започна со предност и сервис на Ѓоковиќ од 2:1, но Надал веднаш го врати брејкот, до крајот на сетот не му дозволи ниту една брејк шанса на противникот, додека тој уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот во 12-от гем.

    Надал ја освои рекордната седма титула во Париз, додека Ѓоковиќ ја пропушти можноста да стане само третиот тенисер во историјата кој во исто време е шампион на четирите најголеми турнири на светот (Австралијан опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен).

    Финалето во париз беше 33-от меѓусебен дуел на двајцата тенисери, Надал води во победи со 19:14.

    http://hajdpark.mk

    :rock:
     
    На Gordana10 и Smilly им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Честитки за Рафа и баш ми е криво што не го гледав финалето за да видам како се нервира она џубре њоле, многу антипатичен спортист, самобендисан.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Честито Рафа!
    Многу ми е криво што не гледав, сепак нека му се множат победи! :l:
     
  14. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    [​IMG]
    [​IMG]

    Чак и малце жал ми падна.. :devil:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Душа е , многу емотивно ја прими наградата! :inlove:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Енрике Иглезиас и Икер Касиљас на фб му ја честитаа титулата на Надал. :lol: Срцки се.
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тотално си во право, затоа и не ми се допаѓа Џоле, поинаков пристап има кога игра, за разлика од Федерер и Надал, кои на многу посмирен и сконцентиран начин на игра имаат, не со цел дека ќе победат, туку се гледа дека со љубов играат, па дури и да не победат, на смирен начин го прифаќаат поразот, затоа и ми се допаѓаат двајцата.Не е само да се игра и да се победи, туку и како се игра итн.Сите победи што ги направил до сега Џоле, се минимални во однос на оние победи кои ги постигнале и Федерер и Надал.

    Честитки за Рафа, како и секогаш најдобар :)
     
    На Breezy и Abeja им се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас не пратам тенис, некако не ми е баш по ќеф тој спорт ама секако дека Рафа го подржувам кога се работи за тоа. Затоа што е мадридист за оние кои не знаат а верувам дека такви има малку :wasntme:. А посебно ми е драго што изгубил Ноле, значи ужасно ми е антипатичен типот. Го вивнаа во ѕвезди како којзнае што да е |( .
    Туку да се вратам на темата, честитки за Надал.
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ноле никогаш нема да ги стигне Надал и Федерер. Можеби моментално е најдобар, ама не може да се спореде со нив, со нивната кариера и титулите што ги освоиле. Треба уште многу леб да јаде за да ги стигне, прашање е дaли и тогаш ќе ги стигне. Многу е исфорсиран.
     
    На Gordana10, Justice и Breezy им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ноле на твитер хахаха

    Novak Djokovic ‏@DjokerNole

    Congrats to @RafaelNadal for incredible run at #RG12. See you again soon ;)

    исто на твитер Надал доби честитки од;
    Cesc Fàbregas Soler ‏
    Alejandro Sanz