Таткото на Ноле го критикувал Надал http://www.crnobelo.com/zivot/sport/123 ... uval-nadal Ова само Балканец може да го каже. Ноле најдобар во историјата на тенисот? Ма даај. Се гледа колку човекот ја познава историјата на тенисот. Спомнав и погоре не би да се повтарам, ама да биде најдобар треба уште многу леб да јаде.
И јас на тоа помислив. Една добра одиграна сезона не го прави најдобар во никој случај, ама нормално дека за татко му најдобар ќе е, тој ако не го фали нема кој
А кога се јадеше бурек за тоа како Роналдо не потпишал дрес на некое дете, тогаш беше голема глупост, луѓето се замараа со глупости и непотребни работи А сега е океј да се влечат по весници зборовите на татко му на Џокович. Лут бил, разочаран, он си знае што бил, ама да се прави јаже од влакно ме нервира најмногу. Јас му честитам на Надал, си заслужи титула, добар играч е никогаш не сум плукала на него. Не бидете барем лицемерни. Смешни ми се статииве жими се, а посмешни луѓе кои ги читаат и замараат со нив. Сега немој одма да ми рипнеш, не мислам сторого ан тебе, дека те цитирам, ама ти прва си го поставила ова, па затоа и комнтирам така. Вo секој случај стојам на мислењето дека ако сте прави спортски фанови на било кој, не треба да се замарате со вакви глупи трач-муабети и да судите некој заради нешто сосема трето.
Споредбата ти е за никаде. Тоа шо Ноле е моментално бр. 1 не го праве него најдобар во историјата на тенисот. Да немаше доле интервју ќе се прашав дали ќе поверував. Факт е дека Ноле е преисфорсиран, дека игра одлично не негирам, али човече боже не е фер некој да ја споредува кариерата на Федерер и Надал со неговата. Колку години игра професионално тенис? Толку како Надал и Федерер за да го споредуваат и величат толку. Глупости, само ќе кажам глупости. Ама секој син е најдобар за неговиот татко. И јас дома сум најдобра за мама и тато, ама дали за другите? И не е трач муабет, си има и интервју, доказ.
Ноле пак е подобар од Надал па кој што сака нека кажи на мене овој ми е како камион да го прегазил....(без навреди си го нажувам мислењето).Јас немама ништо против Надал ама некако не ми се допага.Ни тоа као игра но он на земја е најдобар тоа си го признавам......
А тоа со Роналдо немало доказ? Не сум баш сигурна. И не ми е споредбата за никаде права ми е. Секој си има мислење дека еден или друг е најдбар, и тоа си е лично мислење, неможеме никој да докажеме со сто постотна сигурност дека Надал или Џокович или Федерер е најдобар, секој од нив си има падови и скокови, каде е подобар а каде е најлош, рекол што рекол татко ми е, мене смешно ќе ми беше да речеше дека не е најдобар, за него е ама најтрагично е што многу луѓе мислат така и што фактите покажуваат дека е моментално најдобар. Кариерата негова е во подем, и уште повеќе ќе расте според мене, и има и тоа каков потенцијал да го надмине и Надал оа и Федерер. Новак е каде каде пократко од нив на теренот професионално. И на крај поентата ми беше друга, ти е ме свати, што има ова врска со неговата игра, с неговата кариера, со неговата личност? Да реков Новак ајде да плукате, па неако ќе сватам, ама вака ми изгледа како да само сакате да се најдете во муабет и да оцрните некого се рекла казала, ИАКУ има доказ со интервју тоа за мене е жута штампа сосема небитен факт за нивната кариера, исто како што немаше тоа со Роналдо и со дресот. Јас го мразам кикица и ми е најнтипатичен на свет, ама кога го прочиав тоа, искрено реков дека од што го мразат глупости му вадат што и да се точни се сосема глупи и непотребни. Почитувам јас милење секакови,ама плукања од ваквов калиар се за мене ниски. У осталном, татко му е он се различни особи и нема што неговите зборови на Новак да ми се препишуваат. Не ти беше тебе на место постот, ако тоа сие нгово мислење, неможе никој да влијае врз тоа, ма колку год грешно да било. Фама се крева околку небитни работи пак ќе кажам!
Потполно си во право.Разбирам, може му е криво на таткото на Џоле, што не победил, но не треба вината да ја префрла на друг, кога и самиот знае колку победи до сега имал син му, колку квалитетно игра итн.Не може кариерата на Надал, па еве и на Федерер да ја споредува со кариерата на Џоле.Не негирам дека нема добри тенисери, но најдобри според историјата на тенисот се Федерер и Надал, стабилни кога играат, не се однесуваат непромислено на терен, нешто со што би го уништил нивниот начин на игра.Токму поради тоа кога се на терен Надал и Федерер, толку долго знае да трае натпреварот, затоа што и двајцата се јаки,знаат како да играат, строги се еден спрема друг, а пријатели надвор од терен и тоа е она што ми се допаѓа.Премногу професионално си ја вршат работата.Не прават отстапки во својот начин на игра. Особено алал да му е на Федерер, има години човекот, но ете го уште е јак, уште знае како да игра, знае кој начин на игра ќе го однесе до победа. Со други зборови, си ја знае стратегијата и не отстапува од тоа, исто и Надал, се почитуваат себе си.Но, Џоле неколку пати до сега победил, три-четири пати и тој се онесвести на терен од радост, а сега изгуби и изгледа како цел свет да му се срушил, а со тоа прави негативно, си наштетува на себе си, што значи дека од старт тој се откажува на тој начин.Федерер и Надал, знаат и дека можат да изгубат, па дури и да изгубат, не изгледаат како цел свет да им се срушил.Тоа е само игра, не е нешто што треба толку трагично да се разбира, но секако дека треба сериозно да се разбере.Има и други кои се истотака добри играчи, како Ферер, Дел Порто, Вердаско итн.,но тие си направиле и нешто по кое ќе бидат забележани и исто така добро знаат да играат.Јас колку што знам, Надал се наоѓал и во за него тешки ситуации, нешто беше со неговите родители, па дури и со здравјето, но и пак знаел да победува и да се однесува на терен пристојно, како ништо да не му се случувало во приватниот живот.И тоа е она што ми се допаѓа, приземјен е. Како и да е сега нормално ќе има и следни натпревари, па се надевам и знам дека ќе победи, а и пак ќе го преземе местото на Џоле.За да биде најдобар, треба да знае ептен професионално да си ја врши работата и нормално дека тоа му обезбедува успех.
Нема врска, ни ми ја свативте поентата на муабетот, ниту имам намера да се искажувам. Кажав повеќе од доволно на темава, т.е за целава глупос и трвдам и ќе тврдам дека немаше потреба од постирање на тоа дека татко ми рекол што год било да рекол... За мене тоа е наоѓање во муабет,рекол некој нешто што можеби не требало да го рече и правење СЛОН од тоа. Времето ќе покаже кој каде е и што е, кој е стварно најдобар, преценет, препотентен. Уште еднаш ќе нагласам му честитам на Надал, заслужно си освои и сметам дека е еден од најдобрите тенисери, дека темава е за него лично, иаку ја измешавме малку. Мојот став сепак си останува непроменет дека не ви фаќаше ич место тоа фамозно интервју на татко му, затоа што сепак тоа е негов став, и нема право никој да ми се меша или да го разубедува дека не е така,па макар и да не е.
И по некое чудо не сум пишала во темава.. Фан на Рафита откако сум почнала да пратам тенис,што би се рекло многу одамна. Ме фасцинира неговата игра,а особено на земја,или што би рекле северните ни соседи ,шљака'. Патем многу е секси на теренот Факт е дека Надал оваа сезона е во многу подобра форма од Ноле и сосем заслужено си се запиша во историјата.Ролан Гарос ми е еден од најомилените гренслем турнири и како љубител на тенисот задоволство ми беше да го проследам финалето,можеби не беше како Аустарлиан Оупен и не траеше 6т часа,ама сепак беше возбудливо и фино за окце. И каков сеир е да го гледаш финалево со фан на Џокович.. Татичко мој не беше дома,ама затоа сосем случајно со колегата на мајка ми си го проследивме мечот.Човекот си мислеше дека сум за Нолета и ми вели,: ,,ќе тепа Ноле нели?" -A,? Како да не. -Леле види ја за Шпанецот навива.. и после некоја минута ми вели: Aбе како така за Шпанецот,па види бе ова е наше дете,бла бла.. Јас искрено го почитувам Џокович,неспорно е тоа дека игра супер тенис,ама секогаш кога не му иде почнува да се жали на повреди,што мене ептен ме иритира... Не би се сложила девојки дека Ноле треба многу леб да јаде за да ги стигне Рафа и Федерер.Зошто? Па јас мислам дека Ноле има доволно потенцијал за да изгради една кариеа као овие двајца. + ептен ми е мило што дете од нашите краишта постигнува толкав успех,и моментално е прв рекет во светот.( е,добор де едвај чекам Надал да се врати на 1,ама ако..) Надал,Џоковил,Федерер сите тројаци имаат посебен стил на игра,не секој тенисер може да им парира,и рака на срце задовлоство е да гледаш како ги бришат линиите по теренот. Успут,и јас пуштив по некоја солза гледајќи ги Гасол и Рафа,емотивно и прекрасно. Срце е бе! Спојлер Хипстерка закон си бре закон ! Кај ја најде споредбата со Кикица ..љубим те.
Колку ми е срцкаст во ваква опуштена варијанта http://www.youtube.com/watch?v=SYieZWky7TM http://www.youtube.com/watch?v=teI8csbXbD8 Рафа е малку пијан http://www.youtube.com/watch?v=Uj3lSLoG ... re=related Уште повеќе го сакам вака
Се согласувам со "marija-88" ... тоа што Новак е сега прв не значи ништо работите се релативни Го жалам бе Новак! :Z Сите пари што ги зема од ова тенисов ги дава за рекети..ич неубо А на татко му на Новак поубо би му било да прифати дека син му треба да седи и муви да јади за да го достигни Надал! Мислам тоа секој треба да го прифати.... Не е Надал виновен што е најдобар....едноставно некој мора а ако сака Новак толку нека земи да научи некој работи (не велам од Надал) туку од Jo-Wilfried Tsonga и онака е премногу сложено за него Видеово е повредно од мојот коментар за Рафаел http://www.youtube.com/watch?v=UTMltdJWYzo Меѓу другото ако Новак сака да биди прв некогаш нека научи од Федерер како треба да се биди и вистинска пријателска личност http://www.youtube.com/watch?v=94xyOpETYYs&feature=related
Eве како се радуваше Надал на твитер кога Шпанија влезе во финале Rafa Nadal @RafaelNadal A LA FINAAAAAAAAAAAAAAAAL!!! GO TO THE FINALLLLLLLLLLLLLL!!!!! душа
Надал пред малку изгуби од Росол во 2ро коло на Вимблдон од Росол,кој е 100 место....хахахахаах.... Какво изненадување... Браво Росооооол...
Леле бе Рафа,биваше ли сега да испаднеш ? Уф,ама добро,противникот беше одличен,јас се чудам како човекот има 27 години а е 100 место на АТП листата.Ама дај боже и да остане таму,да не се мрдне од 99(ги памтам и хејтам сите што ми го победиле Рафа а само што се разбудиле од мртвите,особено оној Содерлинг го памтам,леле ) Росол јак сервис и спремен од психолошки аспект,обично сите се губат од како Рафа ќе освои сет,ама овој ептен се одржа. Не му иде на Надал на трева бе,аман,се надевам на Олимпијада ќе биде или вештачка подлога или земја. Сега следен турнир ако ја оставиме Олимпијадата на страна,US Open,мислам дека таму ќе гази и ќе ја повториме 2010
Ништо страшно, така се челичи човек Тоа што сега изгуби Надал, незначи дека неговата кариера пропаѓа во вода :geek: ех колку пати до сега има изгубено, па ете го кај е И најдобриот треба да знае како да изгуби, бидејки знаејки ги поразите, ќе знае како само да победува, од грешките се учи Исто и јас мислам, оти го знам шо човече е Надал, психолошки е многу стабилен, затоа лесно знае да го победи противникот.
Каква пријателска личност. Не дека ми е личен пријател па го знам приватно, ама од она што се гледа на теренот е дека Роже е намќориште живо. На ни поен незнае да се насмее, ниту па да даде некој коректен коментар, после после пораз, дури и ретко да го признае. И кога води е намрштен во лицето како да му се .... Новак е петпати попријатен и како човек и кон фановите. Федерер едвај се потпишува на крај на топчињата, колку ради реда. Него ај ова у друга тема, ама глупав ми е коментаров... Кон Надал сум рамнодушна, не навивам за него, само многу ми се безвезни оние ритуали што ги има пред секој натпревар (шишињата, раката во г'з, праменот зад уши). Ај ќе речеш се навикнал, или за среќа му е, ама не значи дека треба да вреѓаш луѓе и да отераш се во п.м. затоа што некој ти го допрел шишето со вода И многу мрази кога губи (не повеќе од Федерер) а и двајцата апла го покажуваат тоа Не го догледав натпреварот прееска ама ова е еден неспортски и детски потег. http://hajdpark.mk/video-ne-sportski-po ... eteruvanj/ тоВа е
Јас се изненадив од ова, не сум го видела во вакво светло... http://www.youtube.com/watch?v=U0J_p_jg ... re=related А тоа што изгубил, изгубил не гледам ништо страшно, ама ова не му доликува, поголем човек е од ова.