@Rafa Nadal No pudo ser... así es el deporte, hay q saber celebrar las victorias y encajar las derrotas! enhorabuena a Lukas por su gran partido! It couldn't be...This is sport! You must know how to celebrate wins and assume defeats ! Congratulations to Lukas for his great match!
Не го заслужи и ова Рафаел ама против некого не можиш да одиш и да го сакаш тоа најмногу.... Иначе да бев јас таму и то судијата и тој некој си Росол че си се вратеа од кај шо си дошле... -.- Најчудно ми е шо прво го немаше на atp, и вчера татко ми ми вика овај Росол бил 100 Singles Ranking. Отварам на atp пак го гледам 100-ти и си викам не е можно ова.....и пази шо вика ова бе.. Turned Pro: 2004, моментално 100-ти рангиран, А НАЈВИСОКО рангиран 65 бил на 15.08.2011 бе http://www.atpworldtour.com/Tennis/Play ... Rosol.aspx И гледај сега отварам Career Titles/Finals и............. http://www.atpworldtour.com/Tennis/Play ... .aspx?t=tf Видете и сами Росол во текот на целиот меч се однесуваше и премногу арогантно а врв на цел меч беше и прекинот од кој и немаше потреба....Сето беше без врска играчите не ни побараа да се затвори покривот и да се пуштат рефлекторите.... И поради тоа Надал реагираше на таков начин, и мене во никој сучај не ми изгледа неспортски. И нема ни причина за што... (27)Philipp Kohlschreiber (GER) d. Lukas Rosol (CZE) 6-2 6-3 7-6(6) Да ви кажам дека многу ми е мило Филип Росол можи само вода да му носи на Рафаел Надал ! ништо фазла!
Море јас да бев, најсигурно дека немаше да победи Росол ( јас цело време го читам ко Расол ) како и да е, со се судијата у пакет и надвор од терен! А дека може вода да му носи, охо и те како може да му носи, не само Росол, туку и оној аргентинецот што цело време го имитира Надал , па оној американецон што кога игра тенис, изгледа ко балет да игра, а не тенис, па Џоле...има веројатно уште што можат да му носат вода, не само на Надал, туку и на Федерер Само ако де и тој Росол нека се порадува, да види како е да се победи, шо имат врска, жив човек и тој сака да се радува Само победата на овој натпревар, него ништо не му менува, да бил јак тенисер, да се мисли, ама кога не е ни толку познат, јас првпат слушам дека го има човеков оти до сега го немало во историјава на тенисот.
Јас гледав делови од мечот и искрено можа да кажам Росол не се испонаша воошто некултурно. Си згреши Рафа што си згреши, сеа факт е, многу лошо и неспортски се испонаша, немаше потреба да се искара со судијата и зошто, Росол рипкал пред да сервира он... Не го хејтам ни му се ситам, баш ме зачуди, зашто не го очекувам тоа од него. Но многу лошо постапи, кој губи има право да се лути многу озбилно ја сватил изгледа. И мислам дека никој не го омаловажи, нит го потцени, сега Расол стварно е никој, ама ептен му се посреќи во ситуацијава. Ме нериврате што за Џокович правите од влакно јаже, а сега као Росол е крив, ма ајде
Не знам кај беше точно но беше на она видео кај што коментираа дали ударот со рамо на Рафаел бил намерно или не се гледа кај што Росол го фрла рекетот во делот од теренот на Надал а тој го чека на мрежа да се поздрави, а овај демек као: HEYY, WOOW ми изиграва нешо. И она саркастична изјава шо ја дал не знам само на која страна ја прочитав вика: "Oва е за мене големо чудо, не очекував да одиграм вака феноменално. И навистина му се извинувам на Надал поради елиминацијата од Вимблдон, но јас сакав само да одиграм еден добар меч, најдобро што можам". Вака нешто беше......ејјјјј без мозок чоек Ми се гади од вакви "играчи" како овој
Искуството си го прави своето, така да џабе што Росол се радува, кога позади него е една кариера на неуспеси, една победа ништо не му менува.Професионалец е оној кој си ја знае работата најдобро, а Рафа си е професионалец, затоа има кариера со успеси.Интересен ќе биде и следниот натпревар, а знам дека ќе победи Рафа и таму, оти за било кој пораз не се припротресува многу, затоа и лесно победува.Туку, сакам да игра заедно со Федерер, интересни ми се да ги гледам двајцата еден против друг и двајцата најдобри, па и кога играат, ниеден не попушта и после со часови ќе траел натпреварот, па ќе трае нормално
Рафаел Надал нема да учествува ни на мастерсот во Синсинати .. . Последна проба пред УС Опен .. http://www.sportklub.info/nadal-propusta-i-sinsinati
Тој уште кога се повреди не требаше да си игра мајтап, недооздравен од повредата почна да игра за да не пропушти се, и на крај не се покажа во најдобро светло, а досега 100 пати ќе беше повратен во одлична форма да не си играше, ама ајде нека си земе време колку што му е потребно,нека закрепне целосно.
Се надевам ке се врати во форма Надал и ке се врати,знам, само му требит време да закрепне, оти целиот е ко расштрафен.Него, и да го нема, па е најдобар
Реков ќе се врати и се враќат пак ќе бидел на терените охо ќе биде интересно ко ќе почнит пак да расчистува низ тенисот ќе освојуват пак Редно е
Аии го обожавааам !!! Најдобар тенисер според мене ии знам дека ќе се врати во најдобрата офрма!!!! Околу две години следам тенис и од првиот момент сум за РАФА. Уште од почетокот ме импресионираше ова Спојлер (Фацата ако некој не разбра) А тој е секако секогаш најдобар од сите.. VAMOS RAFA!
Колку фанови имало на Рафа!! Па не ни сумњав Рафа е најдобар Едвај чекам да се врати на терен!! Се надевам дека е доволно опоравен Спојлер VAMOS RAFA
Го обожавам.. наскоро се враќана терените според најавуваното на 11 февруари, се надевам дека брзо ке се врати во форма и навистина сакам првото финале оваа година да го игра со ѓокович и да победи.. да му покаже кој е најдобриот.
Супер ќе биде да се врати барем според неговите кажувања.Навистина фали во натпревариве, барем да ја манифестира таа сила, како што беше на почетокот А и колку што прочитав, доста се подготвувал, па време му е пак да се појави на терен
Не успеав да го догледам натпреварот!! Ми падна батеријата на мобилен (не гледав видео само комплетна статистика) Но ја добил 6-3 6-2 И мнооогу ми е мило што добро почна!! Сега не знам кога му е наредниот меч но ќе најдам линкови за гледање !! ..