Јас на нет видов сега, завршил натпреварот на Надал, каде победил и ептен ми е мило и драго Инаку нема сега некој натпревар, барем така пишува, а тој натпревар бил денес, барем според она што го пишува на нет на АТП, а со Монако играл вчера, погрешно сум видела.Чим не даваат на тв, тогаш преку нет ќе гледам, друго чаре немат
Со Монако играа вчера (Четврток) ти не знам за кое вчера збориш А ниеден натпревар неможам да гледам со слика Единствено од играта му ја знам блузата шо ја носи!! Многу е убава !! Нема каде да гледам ниеден линк не се отвара!! Инаку добро е што почна со полесен турнир.. После толку месеци одмор не се ни очекува да победи врвни тенисери!! Тоа му беше добра постапка.. А се надевам и дека со Монако ќе стигнат далеку.. „Омилени ми се„. И во сингл и во дабл!! Совршена комбинација
Ми се смешале деновиве у право си, инаку на АТП има за натпревариве. Да, добро е што почна така, ама како што тргнал, гарант ќе биде ист како порано и многу ме радува тоа.Верувам и дека ќе е тоа така, знаејки шо си има он тактики како да победи.Да, мора прво на овој начин да почне, подобро е за него, со оглед на тоа што направи пауза, секако дека ќе треба постепено да почне со натпревариве. Инаку добро одигра со Монако, навистина премногу добар почеток има Надал, според мене, типично за него, всушност како што и било отсекогаш.
Се согласувам кога вака почна.. Ух Ух! Ќе се гледа вистинскиот Надал уште долго!! !! И се надевам нема да ги испушти претстојните Рим и Монте Карло!! Мислам дека до тогаш ќе биде и подобар од порано!! Вечер подоцна игра така?
Бога ми и те како ќе се гледа Колку ми е мерак шо вака победува, ептен Кај ќе ги пропушти тој Рим и Монте Карло? Нема шанси, не само тие туку и други, без него не поминува, немат шанси без него.Незнам дали има вечер, треба да видам.
Јас не гледав, не можев да најдам, не дава на АТП дека денес имало, само ми дава резултати изгледа завршиле Од другите натпревари има, ама за сегашниов ништо не пишува.Не пишува дали победил Надал или не, до каде се, ништо а од другите има, веројатно ќе објават утре А другава недела ќе игра во Бразил.
Рафаел Надал синоќа победи и во сингл и во дубл многу моќно делуваше http://88.80.15.211/b00ha/20130205/vv51 ... 20969.html Кога игра овде можете да го следите мечот Во два часот вечерва т.е. утре игра со Жереми Шарди од Франција. VAMOS RAFA
Не сум многу запозната со тенисто зашто го обожавам ракометот но , мислам дека е баш добар играч и да за изгледот нема потреба да се зборува мене ми е ептен симатичен поздрав
Многу е касноо Инаку вчера го гледав вториот сет само!! Прв пат годинава ! Се испомачи малку но се гледа дека е стариот Надал.. Дури и подобро од она што беше последните неколку меча на Вимблдон!! Спојлер Инаку да си кажам ослабел малку не ви се чини?
Да, дефинитивно е стариот Надал, кој што секого победува, така и треба да продолжи, да покаже сила, строгост, а и верувам дека ќе биде истиот како порано, заслужува премногу човечево, баш затоа и сакам да е ист понатаму, како и сега.А каде, каде е подобар од последните неколку меча.Ептен си се радувам Мене ист ми изгледа, не е ослабен, само шо мака си имаше со повредите на колената, затоа и имаше откажано натпревари Ама се врати баш како што и треба, што многу ми е мило.Јас може ќе видам вечер натпреварот, ептен е доцна, ама сепак ќе видам.
Заслужува и тоа како не само за играта туку и за однесување и карактер!! Далеку назад е Џокович во таа смисла! .. Не знам сепак ми изгледа маалце ослабнат.. Не многу малце!! И гледам стегачот му стои на ногата и се си мислам да не трча ногу да не се повреди Многу сум грижлива еех
Сега го догледав натпреварот и победи Надал их се прерадував Сега уште да видам кој е следечи натпревар
Денеска Рафа игра финале и во дубл и во сингл . Од десет часот со Зебаљос(првпат слушнав за него ) а потоа од единаесет часот и триест минути дубл со Монако. Vamos Rafaa!!!!
Полуфинале на Indian Wells Тоа е Рафа!! Мечот вчера со Федерер.. Прекрасен меч.. Од моите омилени.. Рафа води, а и противникот знае да даде отпор (барем во првиот сет ) Утре се спремаме за финале Vamooos!!
Не видов како беше натпреварот со Федерер.Знам почнати се, ама не можам на тв да најдам, кога отприлика даваат тенис или некаде на нет да најдам, да гледам.Ептен ми е мило за Надал , што се врати на ист начин, како и претходно, баш ќе проверам на нетот кога ќе биде утре финалето и со кого ќе игра.Барем финалето да го гледам.