1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рафаел Надал

Дискусија во 'Спорт' започната од Lili.lili, 13 јули 2011.

  1. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Утре е полуфинале :!:
    Ќе игра со Бердих.. мислам во 19.. така ми пишува на tennis app.. ама уште не сум сватила по кое време одат овие :( Инку има преноси на спортклуб!! ;)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Може да ми каже некој од колку саат и кој ден игра во полуфинале?
     
  3. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Полуфиналето го одигра вчера
    Јас бев на карневал не гледав :( :(

    Утре е финалето во 21 ;)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Натпреварот помеѓу Надал и Дел Потро го гледав, предобар беше, иако на почетокот прилично почна да игра Дел Потро со голема самодоверба, а Надал губеше, но некаде на сред натпревар се случи тој пресврт кој знае Надал да го направи за на крај да победи.Премногу добро одигра Дел Потро, за кој мислам дека во стилот на игра, наликува на Надал и Федерер, но откако почна да губи, видливо беше разочаран, а самата негова деконцентрација си го направи своето.Некогаш мислам дека таквиот начин на играта на Надал, каде на почетокот од натпреварот дозволува да се истакне победнички да речам, противникот, некаде кон крајот на натпреварот Надал почнува да го манифестира строгиот начин на игра, што му носи победа.Имам таков впечаток, може грешам, но мислам дека тоа му е некоја тактика за да го сврти натпреварот во своја корист и да има потполна контрола.Иако на почетокот си мислев дека Дел Потро ќе победи со оглед на околностите, ама пак си се докажа Надал како најдобар ^_^
    Слушнав дека Надал ќе се откажел од следниот натпревар, поради проблемите со колената, ама не сум сигурна :?: се надевам дека нема да се откаже.
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Понекогаш кога немам што да правам ги фаќам репризите :wasntme:
    Ама прво ја прашувам nati44 дали победил, ако не не го гледам 8) :geek: :geek:
     
  6. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Јас не гледав :( Не можев да ја гледам иако ја чекав два дена :( Сепак кога видов дека играле три сета одма мислев дека изгубил но како што велиш има обичај Надал да му даде мала предност на противникот, а тој ако малку се сконцентрира тоа може да го искористи и да добие сет. Интересно е дека после тоа тој воопшто не се ни вознемирува туку целосно се внесува мечот!! Што не е случај кај Џокович.. Он одма се нервира и крши рекети и не знам што уште.. Јас Надал досега не сум го видела да скрши рекет.. Добро забегав од темата!!
    Ако е вистина тоа дека нема да игра на наредниот турнир.. Жално.. ;( Баш сега кога му тргна. Мислам дека не е фер еден тенисер како Рафа толку неславно да заврши пу пу не дај боже :x Има уште многу игра во Рафа! И не верувам да се откаже! НЕ СЕГА!!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да, затоа велам, никогаш не сум го видела Надал до сега, значи од кога почна да игра, да се деконцентрира за време на натпревар и поради деконцентрација да губи, туку напротив, ниту се вознемирува, ниту ништо, бидејки свесен е дека може да победи или изгуби, помирен со истото, затоа не се ни вознемирува, а и тогаш кога изгубил, секогаш на смирен начин прифаќал пораз, сега нормално дека не може да му е сеедно, но е премногу стабилен.А тоа што си има проблеми со колената, е друго.А колку што кажаа, исто и Федерер нема да игра на следниот натпревар, дали откажал или не, незнам.Иако така рекоа за Надал, мислам дека ќе се врати и нема да се откаже.Ќе видиме :)
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ Не, не станува збор за никакво откажување, ни кај Федерер, ни кај Надал од понатамошната игра :) Барем не во најскоро време :D

    За Федерер, искрено, не знам зошто откажал. А за Надал веќе се знае-сепак не е физички 100% подготвен за напорни и големи натпреварувања. Го штеди коленото, посебно затоа што за скоро време доаѓаат турнирите на земјена подлога (неговата омилена), па и Роланд Гарос, кој нели треба по 8-ми пат да го освои :) Подобро да се санира тоа што е можно побрзо па макар и да пропушти некој турнир плус, отколку прерано да се исфорсира и не дај Боже пак да се повтори се. Ако ништо друго, барем им ги затна устите на обожавателите на нали овај „најдобриот и единствениот“ Ноле ( :devil: ) и покажа дека е појак отколку што се надеваа. И физички, и психички. Покажа дека во моментот кога сите го отпишаа, посебно нели „најдобриве“, може да одигра фантастично и тоа со повреда.

    И мене ми е многу криво што не го гледаме во Мајами, ама затоа се надевам дека не чекаат уште подобри мечеви од она финале со Дел Потро во неделата вечер кои ќе ни ги пружи Надал :)
     
    На nati44, karina8, curlygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Точно, и тоа е што најмногу го ценам кај него.. Таква смиреност, Дури и му честита на противникот! Особено кога излезе од Вимблдон не можев да верувам колку само беше смирен.. :x Јас не би можела.


    А интересно ми е кога на среќа ќе добие некој поен какви гестови прави како да му се извинува.. Повеќепати сум го забележала тоа! :D

    Уфф Ролан Гарос, Монте Карло, Рим... Како само ги чекам :rock: :rock: ^_^
     
    На green.eyes и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Браво за Надал и за неговата упорност, се надевам дека ќе успее пак да биде број 1 на АТП листата :)
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    за сите што не веруваа во него и што мислеа дека рафа така лесно ќе се откаже од тенисот ха! се зезнаа јасно покажа и докажа дека има е врвен спортист, има квалитет и што е најважно има желба. има што да покаже не е завршено неговото време тоа доправа доаѓа. многу ми е мило што се врати едвај чекам да дојдам големите натпреварувања има да руши :D џокович пази се :D
     
    На curlygirl, Optimistic, deedee0 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Сега почна Монте Карло.. Конечно :D Сега пак ќе го гледаме Рафа како блеска.. Ќе се врати во полн сјај!! Пехарот на Монте Карло не влегува во други раце веќе 8 години :rofl: И нема да влезе :D :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Е ајде белки ќе победи. :$ Не му оди баш со Џокович. Се надевам дека ќе го земе овој сет. :rock:
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    На кој канал го гледате мечот?
     
  15. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Многу ми е жал што не го зеде Монте Карло по осми пат :( . Но насмевката се гледаше на неговото лице - а тоа е најважно. Ме расположи коментарот на Џокович кога „му се заблагодари што му дозволи да го земе Монте Карло„. Знам дека беше шега но баш ме насмеа :D .

    И како што прочитав на една страна на фб
    Djokovic is just a name on the Monte-Carlo Championship .

    RAFA NADAL is the Championship. :inlove: :rock:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    WELCOME BACK :clap: :clap: :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Омилен тенисер ми е, но последнава година-две не пратам тенис... Немам време. А пред тоа и навечер станував да гледам......И играв а сеа "остарев" хаха :D
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Интересен беше натпреварот на Надал со италијанецот Фабио, а секако Надал победи :rock: :dance: Прв пат го гледам италијанецов, изгледа сефте се појавува на тенисов :?: само многу нервозен беше нешто, ептен, дури му сметал некој од публиката што викаше :| |( Наместо да гледа да игра подобро, тој со публиката се занимава :tmi: Имаше и еден порано, исто со Надал играше, на ист начин реагираше како италијанецов, само не ми текнува кој беше :?: Мала деконцентрација и толку треба за да изгуби.Иако убаво почна да игра некое време, ама повеќе беше преокупиран со публиката и сопствената нервоза и поради тоа изгуби.Туку, мило ем драго ми е шо победи Надал ^_^
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Конечно! :) Конечно да се врати во онаа форма во која сме навикнале да го гледаме. И конечно уште еднаш ќе гледаме уште едно прекрасно финале против Рожер. ^_^ Онакво какво што треба да гледаме. Без глумење, разно-разни глупави имитации и импровизации, како што прават некои други „врвни“ тенисери. |( Од секогаш нивните мечеви биле најдобри за гледање, и вистинско уживање за љубителите на добриот тенис. Конечно најдобриот и најквалитетниот тенис на едно место, во ист меч :) Сигурна сум дека ќе уживаме во тенисот, а се надевам и во победата на Надал уште еден пат :)


    http://de.eurosport.yahoo.com/news/atp- ... 47695.html
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Од колку саат игра против Федерер и кој ден?