ова ќе биде најдоброто полуфинале досега одиграно можеби и подобро од самото финале. Рафа блеска во сиот свој сјај иако мислам дека уште го нема дадено максимумот , се чува за со џокович Само напред Рафа покажи му на лиглето кој е цар на земјена подлога едвај чекам утре
Величествено полуфинале Се изнагледав тенис денеска! Рафа му докажа на Ноле кој е ЦАР на песокот (а и пошироко ) Нема тука заебанции.. Прекрасен меч.. И двајцата го изиграа крајно професионлано и на ниво Прекрасни поени, шутови, милина за гледање Многу ми е мило за Рафа го заслужи ова финале, а богами заслужи и нова Гренд Слем титула! Ај со господ напред во недела и тоа ќе биде can't wait!
Не навивиам за рафаел ама вЧера навистина играсе многу добро какви се не топки успеа да ги дофати иако ми е криво сто победи ама едно големо браво за него Mногу сакав да го освои Новак ролан гарос ке му бесе по прв пат па луге за прв пат некој од насите краиста стигнал толку далеку и многу сакав да го освои па доста им је веке се некои спанци се некои од С.А.Д време некој и од поранесна југославиа да им покаже дека и ние можеме не се само тие на планетава.Навистина не навивам за овој Рафаел кој многу ми оди по нерви со онаа негово Чепкање по гас по нос по коси аман бре ЧовеЧе каков табиет ке бесе она па цел свет го гледа а тој онака без гајле си се Чепка секаде на секое негово припремање за фрлање уфф многу ми оди по нерви кога го прави она. Но морам да признаам дека за игра посебно оваа сезона игра беспрекорно ама сепак навивиам за Ноле.
Припремање за сервис сакаш да кажеш Нема ни да обрнам внимание за коментарите со „Чепкање по гас„ Зошто се типични за некој кој прв пат се запознава со тенисот и го приметува секој најситен детал.. Убаво ти навивај си за Југославците оти и они „би навивале„ за некој наш да беше таму.. ОК е.. И Шпанците исто не би навивале за некој наш, но ние барем не сме за Рафа зошто е Шпанец туку зошто е ЛЕГЕНДА! Ако е србин воошшто не е од нашите простори! Во ред е, си го бива човекот, но не би била за него зошто е од Србија, апсурдно е тоа .. http://www.youtube.com/watch?v=XposT5SCqkE Уживајте во најдобрите минути Каков мераак е да се гледа ова Џоко баксуз
е браво за напишаново nati44 не ги разбирам луѓево што навиваат за новак само поради тоа што бил србин демек ние сме "браќа" по крв и некои си такви глупости. ма немој молим те по победата на Рафа какви не глупи статуси сретнав на фб , од типот: како може да бидете за Надал и да навивате против Џокович како ?? Рафа е легенда,човекот е толку добар,толку моќно игра,100 % се внесува го дава максимумот во секоја игра и тоа може да се забележи. Човекот е толку сталожен,а не како српското лигле што крши рекети,пцуе ако не му е по кеиф,се притресува и ми е премногу арогантен-можеби бидејќи има таква фаца па затоа така мислам. Рафа докажа и покажа кој е кралот на земја , следи утре за да тоа и се потврди . Само напред
Точно! Не поминал натпревар без овој да опцуе . И тоа се дере на цел глас.. Де видете ме мене јас сум србин и си пцујам и вие не ме разбирате ! Или каква е таа глупост - кршење рекет! Како што кажа, Рафа ниту еден рекет нема искршено, НИКОГАШ.. Голем спортист е Rафа, дури и во кризните времиња (како ланскиот Вимблдон кога губеше против Росол.).. Рафа е навистина најголемиот и најдобар спортист што го познавам..
Припремање за сервис сакав да кажам ама гледам си разбрала сто сакав да кажам и со фрлање на топЧе И толку бесе ургентно да се поправи тоа ? Не сум некој судија или коментатор на ТВ за да ги кажувам тие зборови се изразувам онака за да ме разберат сите а ти си можеби некој кој многу се разбира нели и затоа коментирас и ги поравас работите не би ја нарекла греска ок како и да е Јас си го казав моето мислење и не е дека гледам прф пат тенис го кажав тоа сто мислам и тоа сто ми преЧи а тебе ако не ти преЧи тоа сто си се Ческа Човекот слободно гледајси а ако велис дека нема да обрнес внимание на таквите коментари тогас не ми е јасно зосто воопсто коментирас. Не казав нисто за Играта на Рафаел туку реков бесе многу добар и реков браво за него Човекот сезонава е исклуЧително добар и се знае веке кој е победникот на овогодинесниот ролан гарос. И не ти реков да навивиас за него затоа сто е од србија туку реков дека за прв пат некој од насите краиста отисол толку далеку тоа е се секој си знае за себе не го написав тоа со цел некого да натерам а посебно не тебе да навивиас за него верувај има доволлно кои навиваат за него. И за марта 99 не реков дека навивиам само и само поради тоа сто е србин туку реков мило ми е сто некој од П.Р.Ј отисол толку далеку на денесно време каде сто владеат американци и ред др.. Навивам за него затоа сто е добар играЧ и сто е број 1 во светов и тоа сосема заслужено. Тоа со рекетот може да му се слуЧи секому А во фацата Човекот си е супер и воопсто не лиЧи на некое лигле и таму не е да изиграва некој манекен туку си ја врси својата работа и одлиЧно го прави тоа Затоа е и прв во светов а и ке остане устее долгоо време. Тоа сто скрсил рекет може да се коментира а тоа сто се Ческа не може.
Колку голема работа направи од неколку збора.. Ќе помине време и повторно ќе зборуваме кој е на прво место.. Не дека се фалам, но Надал само што зема осма грен слем титула на ист турнир.. И кога Новак ќе ги стигне Федерер и Надал во грен слем слободно пиши и ќе признаам пораз.. Не сакам дополнително да се карам.. Помалку кога сум пресреќна зарди тоа што му се случи на Надал.. Плачев заедно со него во моментите кога му излегуваа солзи од очите! Едноставно сум многу горда на Рафа денес.. И ништо нема да ми го расипе расположението! ПС Да тоа што скршил рекет (и тоа повеке пати) може да се коментира зошто е дел од играта и ја покажува ароганцијата на Новак, а ритуалот на Рафа е само една навика која јас не можам да видам од која страна е ароганција и како ја попречува играта? Поздрав и уште еднаш БРАВО за кралот на земјата
Значи никогап не престанав да верувам во Надал!Знаев дека ќе се врати во игра и токму тоа го направи.Сепак се знае кој е најдобав на земјен терен и нема потреба тука за дискусија.Исто како и постот над мене и јас ќе го признаам Новак и неговата игра кога ќе ги стигне Федерер и Рафа во грем слем титули.
кралот Рафа! Единствениот,најдобриот човеков ја пишува историјата 8ма титула по ред секоја чест Vamos RAFA и ова морам да го кажам што им беше на тие србите(така коментаторов кажа) што се пореметуваа демек се тепаат,урлаат само за да направат некаква мешаница ,мислеа дека со тоа ќе го деконцентрираат Надал ете ти го балканскиот менталитет,никаква култура бе срамота p.s Кај бе Рафа се чеша ? јас колку што сум видела човекот си ги мести шорцевите само,може тоа и навика му е. Сепак кралот се врати !
Да се надоврзам и Ферер играше добро, а и доволно што успеа да стигне во финале.Мислам дека не е за потценување неговата игра, не велам дека некој кажал тука, туку само укажувам за неговиот успех. И секоја чест на Надал , достоинствено ја зема и оваа титула, како што и му доликува
дефинитивно. јас Ферер не го имам пратено, ама од ова што го видов навистина е добар секоја чест и за него , за година две мислам дека ќе може да им парира на другиве
Најпрво, секоја чест за Надал... Се знае кој е тука најдобриот... Крал, најдобар, единствен. Инаку гледам погоре се развила дискусија за Џокович... Значи мене Џоковиќ кога ќе го погледнам во фаца ми е право лигле... Па што има врска, тоа е само мое мислење. Ако земеме да ги споредуваме скршените рекети на Џоковиќ и „чешкањето“ на Рафа не знам до кај сме стигнати. И не се само скршените рекети, човекот колку пати само ја пцуел публиката (што ти воопшто не го ни спомна), сега кога навлегуваме до толку, ова мора да се каже. Еве: Спојлер http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=R-wHvu_CWak&NR=1 Мислам, стварно немам коментар за ова. И ова го нарекуваш неарогантно. Па можам да речам дека е тоај најарогантниот тенисер. Џоковиќ брзо дојде, брзо и ќе си оди. Барем јас така мислам. А за тоа што зборите дека сите од Балканот се за него дека е од Србија ќе речам нешто: Да, прв пат некој од тука да оди толку далеку, ама сите од Балканов одма се запалија и ај, за Џоковиќ се сме сите. Бре, глупости. Сите што не ни знаеше што е тенис одма се за Џоковиќ, јас не зборам конкретно за тебе, ама претежно сите Македонци се такви. Одеднаш сите станаа експерти, Џоковиќ е најјак. Ама темава е за Надал, така да Џоковиќ да не го мешаме барем овде. Во секој случај, мнооооооогу се радувам за Надал, најмногу, заслужи, одлична игра, крал!!! Спојлер Срцка.. !
Кај и да е, ќе стигне, кај шо беше едно време, веројатно нема да е само на таа листа Убаво си почна годинава, нормално дека некогаш може и да изгуби, но според се она што досега го направи, ја докажа својата вредност