Сакам да изработувам сама накит, а најмногу од фимо смесата. Но, пред некој ден ана интернет најдов како можам сама да си направам тесто од брашно, пециво, сол, вода со прехрамбена боја и масло за јадење. Дали мислите дека би можела да успеам да направам накит од вакво тесто, секако кое има си има постапки како да се направи?
Види тука http://forum.femina.mk/moda-i-stil/napravi-sam-garderoba-nakit-t4101/190.html?hilit=направи сам Знам дека некои девојки ја правеа, прочеркај ја темата , сигурно им успеал рецептот.
За ваква техника на правење накит имам читано во едно списание поодамна, и да ти кажам се изненадив каков накит се прави. Со малку труд, желба,креативност и упорност верувам дека ке успееш. Со среќа од се срце
Имам 19 години и во слободно време сакам да правам обетки и правам но скоро почнав па би салака да ве прашам дали некој знае каде можам да најдам алат како клештички специјални и пинцета и додатни делови монистри итн.. низ скопјево секаде побарав но неможев да најдам. Дали неко знае? Ви благодарам
Правење обетки Низ Скопјево нензам да ти кажам, ама на интернет на алиекспрес или ибеј сум гледала вакви работи и сигурно се поефтини од тука. Ако можеш нарачај си од таму.
Како средношколка се занимавав со изработка на рачен накит.Најчесто користев дрво и пластика.Боите на накитот ги одредував според гардеробата,бидејќи го правев само за мене.Оваа работа бара доста креативност,трпение и време.Некои парчиња се уште ги чувам.Се што е рачно изработено вреди да се плати и да се има.
За клешти види во Еуротулс имаат продавница на БитПазар и кај Католичка, имаат мали клештичките. Од монистри не знам што точно бараш, механизми за обетки, ланчиња и сл. имаш во две специјализирани продавници, Делфина кај Соборна и уште една кај зградата на Кјуби, а има и на Битпазар, во пордавниците за накит и за копчиња. Во овие две специјализираните, имаш и голем избор на монистри.
Дали се исплати рачната изработка на накит? Бидејќи на бит пазар како што знам има доста евтина бижутерија.
Девојки вака од нет не ми се чека да ми испратат па тука да прашам, ми треба нели монисти ама не од продавнициве како што е монистра и сл. туку на пазар дали има? И оние како кукички ( за обетки де), после она што треба да се закопча алка и сл каде можам да најдам? Некој мерак ми се појави да си правам накит
Монистри веројатно можеш да најдеш на женски пазар а за затварачи за алки и ченгелчинја за менѓуши само во продавница мислам Delfina Accessories https://www.facebook.com/pages/Delfinas ... 3401098916 и не се скапи на грамажа се продаваат 10 гр се 40 ден има за околу 20 пара менѓуши ченгелчиња во 10 гр а и монистрата не се скапи провери јас мн правам накит исклучиво од тука купувам
Сакам да почнам да изработувам накит(повеќе обетки) но не сум запознаена како со материјалите. Сакам да бидат оргинални без утки,креативна сум само ми треба инфо каде можам да набавам добар материјал. Нешто како глина што можам да го оформувам и другите делчиња како циркони,желевца.. Пишете ми доколку знаете