Во последно време во модниве списанија гледам дека се во тренд и рачни часовници. Дали вие носите,дали имате повеќе па ги комбинирате со тоа како сте облечени?...баш ме интересираат вашите мислења
Многу сакам рачни часовници, иако моментално немам ниеден „посалам“. Едно време бев како опседната со часовници купував на секое. Инаку, обожавам прибрани, педантни машки со часовник на рака.
Имам два, ама во последно време не ги носам пошо батериите им се потрошени. Иначе порано нон-стоп носев и ми се многу практични кога треба да видам колку е часот. Не мора да џбурам по ташна и телефонот да го барам. Го имам овој , а другиот е вака нешто слично .
Никогаш немам ставено саат на мене. Не знам зошто имам еден куп поклони саати и преубави се , ама едноставно немам навика, живчана сум па ми сметаат, ме потат и иритираат.
Обожавам саат на машко некако ептен маженствено ми делува. Штосни ми се овие во јаки бои што се. Гледам модерни се во последно време.
Ги обожавам Ги имам многу разни модели и бои ама ипак кога ќе видам некој што ми се свиѓа неможам да му одолеам