па јас имам само 1 и сега планирам да си купам пак... ми одговара со се.. може и затоа не ми се јавила потреба да купам уште некој порано...
Хмм.. порано не ми се допаѓаа, не знам зошто. После видов еден што многу ми се допадна, го купив, и го заборавив кај другарка ми. -.- Ама дефинитивно сега сакам уште да имам.
Обожавам да носам часовник! Имав до пред неколку месеци еден прекрасен црн ама многу ми паѓаше и стакленцето не можеше да издржи а и бижутерија беше ама толку прекрасен не можам да го прежалам! сега следува замена да си побарам! сакам на тенко ремче
До скоро носев рачен часовник, и супер ми беше. Ем убаво ми стоеше ем кога ми треба да видам саат само малко ке се мрднам и тоа е тоа. Сега барам некој убав, нежен... Имам еден, MIKI, но се скрши едниот дел и никако да се поправи. А колку е убав самооо...
Имам неколку часовници од кои најдраг ми е еден со Хелоу Кити. Си го купив во 7-мо одделение и го носев до прва средни,после ми цркнаа батериите и ајде ,не ги смиенив. Потоа добив на поклон еден прекрасен метален розов часовник и не помина ни месец ,мајка ми ми го акна од земја намерно (и ден денес ми иди да ја убијам за тоа) и готово,друг убав часовник не си најдов ,да ми легне на душа. Ми имаат подарувано многу ,ама сите така стојат ,недопрени,јас си го сакав само мојот ,розовиот...
Ги носам редновно ги имам многу и навистина ми ја подигаат самодовербата бидејќи во мојот круг на луѓе ретко е некој да се појави со часовник =)
Обожавам рачни часовници и ги имам вкупно шест! баш пред некој ден се подновив со еден бел, баш како за летово! Иначе не се на Swatch, Bozinovski и сл. туку се на Даниел Клејн и сум презадоволна. Еве ви и слики:
Многу сакам рачни часовници имам бел ( како гумен) и другиор и како алка. Си ги носам секогаш, ако носам бели алишта или срни си го носам белиот, за посвечени прилики и излегувања си го носам тој како алка што ми е
Порано носев повеќе, сега нешто помалку. Можда дека уште си го жалам Гучи часовникот од лани па на моја рака не ставам друг Шала на страна, носам но не како порано
Mojaта нова љубов Се залетав по поголеми, погломазни ама имам тенка рака ужасно ми стоеја, па сепак избрав поелегантно, кој како да е скроен за мојата рака.
Имам еден со Хелоу Кити ,ама треба да му сменам ремче...Најмногу си го сакам на цел свет! Имам и други ,секако ,само не ми се драги и не би ги носела ,ко за тетки ми се