Разни саати имам, мажот ми многу купува како колекционер. Си ги комбинирам според облеката и стилот, а сега се многу шизички со флуоресцентни ремчиња.
Јас преферирам вакви часовници, без циркони и остали светки, елегантни и пред се малечки за моето екстра т’нко раче, најмногу ми беше жал кога ми го скратија скоро пола ремче за да ми биде точен ама јбг! Иначе имам еве ваков ист, сега за сега еден, ако купувам нареден мислам дека пак ќе биде со кругче, четвртастиве ми се убави ама мислам дека не би ми стоеле баш
Јас имав еден часовник од Swatch,го купив пред едно 2-3 годидни,редовно го носев ама ми се скина прошлата недела и сега барам некој нов да си купам.А ептен ми е жал,многу си го засакав.
Ммм обожавам часовници... Можеш да си ги комбинираш со облеката, изгледаат кул а и знаеш колку е точно часот ( освен ако не ти се потроши батеријата)
Секогаш носам рачен часовник, го вадам од рака само кога се туширам и кога сум на плажа. Сите рачни часовници кои сум ги имала до сега биле исклучиво Swatch. Секогаш имаат добар избор, работи одлично. И никогаш не ме изневерил.
Ретко ги носам, морам да признаам, немам некоја навика иако обожавам како стојат. Некогаш ставам имам еден од Орифлејм со црно ремче и коцкаст, ама повеќе сестра ми го носи.
Ги обожавам! Сега од одмор си купив.Бел е како од гума,се прави според големината на раката,а во кругот е како стаклен. Од прв поглед ми се допадна и многу си го сакам.
Значи јас воопшто не носам часоници а и немам ни еден,но сега планирам да си купам за на училиште за времето
Имам часовници, три. Еден демек златен, воопшто не ми се допаѓа. Еден сребрен, голем. Него често го носам. И имам еден виолетов, кој ми е најомилен, ми го подари ексот, обично го носам на виолетови алишта. Обожавам часовници