најубавиот и највредниот што го поседувам. имам уште еден од swatch и уште два од непознат производител. мн си ги сакам и ми се највреден моден додаток
Рачни часовници па супер изгледаат онака кога ќе видам некој како носи или пак некој убав во излог но јас не носам,едноставно ми смети.А кога би носела би носела само за украс, не би броела цртички за да видам колку е часот
сте виделе ли вакви часовници во скопје? значи како златни ама не се жолти, туку нешто како матирано злато му доаѓа, без отсјај.
Убави се, супер моден додаток, ама јас не носам. Не знам, сега за сега немам некоја желба да носам часовници. Кога би носела, сигурно би бил некој маркиран, убав, кој повеќе би играл улога на алка отколку на часовник..
Многу убав додаток. Обожавам рачни часовници, но преферирам метални. Во Swatch (Божиновски) има многу убави рачни часовници и варира цената од поевтини до поскапи. Јас моментално носам часовник од таму, метален е и нежен, и многу убаво ми прилега на раката особено кога сум налакирана со француски маникир.
Сега носам Fossil, подарок ми беше за роденден пред 4 години и ептен ми е погоден стварно супер е, никогаш не сум имала проблем со него еднаш само сменив ремче и еднаш батерија. Со оглед на тоа дека го носам цееееело време ми се смачи па сакам нов за Божиќ може да си купам нов. Ќе ѕиркам на форумов сликички може ќе добијам некоја идеја. Ми е криво што нема со македонско знаме одма ке купев
Порано не носев ,да речам никако.Кога дипломирав дечко ми ме почасти со еден,а и кога се вработив си купив уште еден и доста ми се.Сега не можам да се замислам без часовник.И за излегување навечер го носам,откога ги имам не ми текнува да сум ставила алка на рака Eдниот е Есприт а другиот Фестина.Ги обожавам
Сакам сакам сакам ваков модел Иначе најново имам златно саатче, ќе пукнев од среќа Спојлер да напоменам не е оригинал туку супер копија Никогаш никаде без часовник, повеќето ми се ефтини, не се ни замарам со скап ни бренд ни ништо, сакам само да имам секакви во сите бои и големини http://the-fire-inside-me.blogspot.com/ ... lover.html
Сакам да си купам часовник на Есприт.Многу ми се убави,ретко некој да не ми се допаѓа.Инаку,не е ми е битно дали се марка или не,само да се убави и убаво да изгледаат на рака,и по можност да ги имам во повеќе бои. Еве овој го имам.
Јас го имам овој на DKNY веќе 8 години и сум пре пре задоволна, го зедов навистина скап оти е оригинал, но се исплати
Исто и на Џенифер Лопез овој веќе неколку години само жто го носам на свечени прилики не секој ден и уште си го чувам во кутијата како што го купив скроз нов ми е
Сакам рачни часовници имам 2-3 дома ама не работат сега сакам нов инаку не ми е битна марката битноми е мене да ми стои на раката мислам јас да си се бендисам кога ќе го носам
Ауу обожавам! И тоа од летово се заљубив во овој (корисен) аксесоар. Сега за сега имам само еден, но во план ми е да си купам уште некое убаво саатче. Повеќе ги сакам оние што изгледаат како алка. Таков е и мојот, заљубена сум во него!
Кога давам големи пари,без жалење и двоумење,давам за часовници и парфеми.Се друго може да се најде и за пониска цена,а сличен модел.Барем така јас сум си увртела во глава и така правам. Часовници обожавам,и ги носам и денски и навечер,дали со фустан или тренерка,дури некој пат,тие се единствениот акцесорис на мене,за кој сметам дека е и повеке од триста алки,прстени,ланци и обетки. Добар часовник,со добра линија,на далеку се препознава и остава силен впечаток за сопственикот,и затоа ги преферирам. Ги имам во разни модели,од спортски до максимално женствени и елегантни,во разни бои,и брендови. Имам намерачено еден од сваровски и кај и да е ке се почастам со него.
Многу сакам часовници и постојано си носам.Омилен што си го носам постојано ми е часовник подарок од дечкото,сребрен е со циркончиња околу.Сакам да си купам бело со златно ама не сум видела некој да ми се допадне.Еве вака нешто
Постојано носам часовник, без него сум изгубена не само во време, туку и во простор Имам повеќе часовници во различни бои кои порано ги менував според стајлиг, ама во последно време го носам само овој