од мала сум зависник од часовници, и немав среќичка само што ке го купев,дома ке си дојдев ке престанеше да работи хехе чајнеска работа,имам можеби преку 20 купено и со сите истото се случуваше,сега во последниве години имам и на поклон добиено и од авон и други ама не сум љубител на класични работи,и си зедов од своч и многу си го сакам метален е со црно и на се одговара и класично и спортска облека супер е
порано имав доста, различни часовници, но лани летото некако се одвикнав, и едноставно сега не ми паѓа на ум да одам да си купам часовник.
го имам мојот лилав гумен часовник кој на се и сешто го носам особено онака на фармерки за на училиште а ко ке ми гдговара и за излегвање во град го носам
Носам часовници, тие се прекрасен моден аксцесоар, имам сега лилав еден од Авон си го зедов, само 25 денари, омилен ми е, лилав е, и за ништо не го менвам , исто така имам и еден црвен, тој ми е поклон од Албанија ама ми прај проблеми со батерите и него многу си го сакам.
Од кога памтам за себе знам дека премногу сакам рачни часовници. Првиот ми го купија уште додека одев во забавиште, розов, го потопив со вода и се расипа, е од тогаш почна да ме следи лошата судбина со моите часовници. Низ годините имав сигурно уште најмалку 30часовници, но ни еден не успеа да остане во употреба. Последниве 5години имам два на своч и сфатив дека само тие се за мене, или пак некој такви квалитетни, иако и нив ги средив, на едниот му го напукнав стаклото, а на другиот лом го направив, но среќа тие се прав погодок за таква несмасна како мене , мака немаат
јас имам еден, го добив на поклон минатата година... не го носам многу често, но ми се допаѓа.... имам уште еден од орифлејм но ми се скина ремчето и неможам повеќе да го носам...
Обожавам часовници !!! Прекрасен акцесоар се и ми недостига кога немам на рака Ова е еден од моите часовници
Имам неколку часовници по дома.Порано не ми паѓало напамет да ги носам . Но сега имам едно мало онака баш женствено часовниче и нон-стоп си го носам. Посебно драго ми е.
Постојано носам рачни часовници и сум зависник од истите. Имам повеќе за секаква пригода, но пред се сум љубител на поголеми и погломазни модели. И неколку мали ама слатки (не рачни) исклучоци
Јас сакам да си зеам часовник на Swatch али незнам како им се движат цените на овие ако знае некој ЛП
Не носам често. Имам неколку дома, ама ретко кога ги ставам на мене. Ми се свиѓа да гледам како стојат на други, ама на мене не