Додека одев нашколо постојано ги мењавав спрема гардеробата,сега носам еден ист ко сребрен ми доаѓа не е нешто посебно ама сега за матурската ке добијам на swatch од мм.
Обожавам!!!! имам еден на Guess сребрен ама скиснав носејќи го и сега се заљубив во еден на swarovski сто евра е и мислам дека не е многу со оглед на тоа колку поскапи ги има па мислам дека ќе се почастам еден таков за денот на вљубените малце звучи како forever alone ама ете така во знак на љубов према часовници
Обожавам рачни часовници!!!Имам неколку во различни бои,но најчесто го носам Swatch-от што ми е поклон, а и има на него повеќе бои така да на се ми одговара.Кога не носам часовник се чувствувам како нешто да ми фали,а и сега планирам да се подновам со уште некој нов
Видов и јас еден од таму,многу ми се свиѓа,незнам дали е истиот,а беше тогаш и дечко ми со мене ,мислам дека тоа ќе ми го купи за Валентајнс деј.Иначе не одам нигде без часовник,многу сум испланирана и мразам кога немам ориентација со времето. Затоа од мала си носам и како навика ми е.Досега носев мноогу од swatch имам сменето многу часовници,како и од Guess и еден од swarovski ( а со овој шо наскоро ќе го имам 2 )
Имам! Секогаш си го носам а и преубав е, имам две ремчиња(лилаво и кафеаво) и си ги менувам. Од Германија ми е. Си го обожавам
Запознајте се со моето ново другарче: http://www.thewatchhut.co.uk/Swatch-Lad ... M119G.html На почеток не ми се бендиса ама ко го ставив на рака, ах... Многу е убав, посебно на доприр како змиска кожа да галиш. Обожавам рачни часовници, и гледам се повеќе и повеќе да ја проширувам колекцијата. Тоа е класика, моден детал а сепак практичен. Меркам еден ко со змиска кожа, за некое време би требало да го носам. А инаку, омилена марка ми е Michael Kors има фантастични, класични часовници.
Женски дали некоја од вас има ESPRIT часовник? сакам да си купам, па да ми препорачате дали се баш квалитетни? Сепак ќе фрлам повеќе од 100 евра