Има ли кај нас часовници на Michael Kors? И дали се иста цена отприлика кај нас, на нет кога сум барала скоро сите биле над 200 долари, или овде се уште поскапи? Не дека имам сега пари да си купам, ама стварно сакам баш таков златен часовник , па здравје ако соберам да си знам
Го имам овој, Swatch- metallic dune подарок ми е од дечко ми за 18 роденден, и уште еден, ама не носам многу часовници, ми пречат, жешко ми е
Обожавам часови без бројки Така само празно кругче и стрелки За жал никогаш не носам. Сакам ама неможам затоа што сум алергична на железно и одма ми се прави алергија од металното кругче што е позади кај батеријата или она кај што се прикачува. Многу фенси менси светкави саати не ми се допаѓаат ниту тие со огромно кругче (или друг облик) напред за да се видат од 500 метри. Најтенки, со кожно ремече ми се најубави. Да најдам нешто вакво по некоја не толку изгор цена не би издржала да не го земам (Не за друго ама сигурно не би можела да го носам нон-стоп) (само без бројки!) Или кафено ремче мх мх прекраснотии Може и нешто вакво Ама црвено само Bonus* Спојлер
Многу сакам рачни часовници и често носам, посебно во последно време никако не излегувам од дома без часовник
Огненија, со оглед на тоа дека часовниците на Даниел Клеин се изработени од скапи материјали ( бело злато, злато, има и со дијаманти ) чинат доста. Околу 200-230 тина евра некаде се . Зависи до часовникот. Под 200 евра нема шанси
Па да во тренд се рачните часовници.Јас носам обавезно рачен часовник и ги имам во сите бои, и ги комбинир според тоа како сум облечена.
Овој го добив како подарок и почнав да го носам постојано, со мерак. Најважно ми е да е квалитетен, а воопшто не ми се допаѓаат оние со „златен“ челик, т.е. во таква нијанса, не се позлатени тие часовници, а така изгледаат. Исто не сакам и со кожно ремче, се кине. Не сакам ни спортски, со гума, вакви-такви или шарени. Вакви со нерѓосувачки челик најмногу ми се допаѓаат, и важно е да е класичен, значи или црн или бел со сребрено, а не некои шарени бои, не не.
Не носам многу часовници. Имам еден розев гумен на подарок го добив и само 2-3 пати сум го ставила и имам еден бел си го купив еднаш од екскурзија. Порано го носев но сега веќе не знам ни каде ми е .
Не знам зошто сум била таква шушла и не сум сакала часовници. Не можам да си се изначудам, стварно. Обожавав да гледам на други девојки, а јас не носев. Си мислев дека рачето ми е преслабо и дека ќе стои смешно, ама сум се лажела, или сепак рачето ми се поправило (ма да, се сомневам ) Мајка ми купила еден од Орифлејм (само ремчињата му се црни) и уште не можам да се изначудам како ми „легна“ на рачето. Ми се мотаат и други низ кутиите со накит, ама ете ретко носев. Сега ми се замота страшен филм у глава, а и така мноооогу ретко носам алки на рака, па часовниците кои ми се по дома ќе си ги редам. Имам и еден срцевиден во колекцијата, баш ваков, само со бело ремче. И да ви кажам право, би носела и од оние со огромните дебели ремчиња, ама тогаш би изгледало стварно смешно на тенкото мое раче, ама пуст мерак, па може ќе си купам таков, ако не друго да ми личи во кутиите со накит.