Ми поклони дечко ми саат од орифлејм .. каивчето морав да го сменам инаку супер ми е . Ме мрзи да купам батерија па така си го носам а не работи Инаку убави ми се и вакви :
И мене ми се препреубави, иако не сум голем љубител на часовници.Сега имам од Авон и го носам повеќе ради естетски причини отколку што гледам саат на него, секад на мобилен гледам Интересни ми се оие новите дречливи во бои, се каам што не си купив коа бев у грчка, тука поскапи се
Не можам да се замислам без часовник,безвеза ми делува раката без него,дали моја или туѓа,машка или женска..секоја изгледа поубаво со часовник,според мене.И носам цел живот,па по се изгледа навика ми е да го времето гледам на него,наместо постојано да буричкам в чанта по мобилниот. Сакам убави часовници,слабост ми се и не ми е проблем да одвојам поприлично висока сума за еден добар модел.Моето мото е"Животот е премногу краток за да штедиш на часовници" .Сум носела секакви,не ми бил важен ни квалитет,ни марка,ни цена,само да ми бил интересен моделот.Сега мислам дека ги изживеав таквите моменти и сакам квалитетен часовник,убав да биде и да можам да го носам подолго време,а да одговара се се`.Моментално носам два, swatch и esprit,уште едно fossil-че ми треба да се освежам малку.
Леле и мене дефинитивно мо треба некој нов саат,така да ако може да ми препорачаш негде ако во последно време си видела убави часовници
Рачни часовници, имам 2-3 дома, некаде скриени, не ги носам. Па што ќе ми се?? Кога имам мобилен на кој што можам да видам колку е часот..А и така сум изнакитена со алки, понекогаш. Шала на страна, не носам рачни часовници, но се наоѓаат модели кои што ми се допаѓаат како што се:
Часовници почнав да носам од лани, кога сестра ми за роденден ми подари еден многу убав часовник од Божиновски-Swatch и од тогаш го немам симнато од рака затоа што е многу практичен, одговара на секаков тип облека и е прекрасен моден додаток.А покрај тоа некој симпатичен часовник може да подарите и на некоја драга личност, можеби за роденден и сл.