Сестра ми за матура ми зема сличен на овој , елегантно изгледа, скромно.. Го зема 60 евра мислам . На попуст . Од есприт е .
Обожавам рачни часовници, и на ниет сум да соберам некој денар и да си купам некој салам часовник. Иначе, оние на Ванкаро се перверзии. Ќе имам еден ден таков, па шо сака нека биде. Ту дај фор....
Oд мала носам рачен часовник.Секогаш пред да излезам од дома си ставам на раката часовник.Неможам без него.Навика ми стана на секое излегување од дома да го носам,но се случува и кога ќе го извадам од рака да го оставан некаде и потоа да го барам цел ден...
Јас нон-стоп носам часовник. Зависник сум од часовници, имам неколку - 2 од Армани, Дона Каран, Тисот, Лакоста... Ги менувам во зависност од расположение и според тоа како сум облечена, но сепак најголем мерак ми прават тие од Армани. Ептен имам мерак во иднина да си купам Ролекс и Омега!
Кај мене на рака само алки можат да се најдат часовници никако...не сум навикната,а ако го носам знам дека пак ќе гледам колку е саат на мобилен а не на часовник
Не сум некој огромен обожавател на нив, но убаво ми изгледаат на рака, ептен елегантно. Никогаш не сум си рекла `ќе собирам пари да си купам часовник`, мислам никогаш не сум имала толкава желба, но ненајдено добив поклон часовник и сега не го вадам од рака. Па убаво ми стои. Во спојлер слика, да го видите.
јас без часовник неможам моментално имам 5 ( од swatch, tissot, lacoste) и ги комбинирам со алки и прстени....многу ме мрзи да ги сликам сега.... 1 спортски, 2 секојдневни и 2 поелегантни
Јас верувам во тоа дека добар часовник и добра чанта можат да направат модна комбинација од 0 да стане 10ка. GUESS има многу добри бели часовници. И неколку девојчиња кои ги познавав имаа таков и плакнев очи на тој добри 2 години. Јас поседувам неколку часовници. Еден кој го носам секој ден и е vintage Swatch добиен како подарок, и еден кој го пазам и мазам затоа што ми е подарок од најмилата ми сестра.