Дали се подобри часовниците на фосил или есприт? Конечно се решив часовник да си купам, цените се тука негде на тие што ги видов од 8000 до кај 9600 за тој што најмногу ми се допадна. Е сега сите што ги гледав се како што се носат моментално метални во златна боја и најмногу тоа ме кочи, сега ми се допаѓаат многу ама за понатаму не знам. Не сум љубител на златото ама преубаво ми изгледа таков часовник. Кој ви се допаѓа повеќе? Првиот се менува може од околу да е со бело, со циркони и со златно.
За подобар незнам , али знам на есприт сите модели им се убави . Кога би бирала јас би го одбрала првиот али сребрен, и златниот изгледа преубаво али мислам сребрен посекојдневен
Во последно време многу сакам носење на часовници па и да е со тренди боја мфмф.. Ама како да сум проколната бе Годинава скршив 4 часовници... ич не сум внимателна
мии требат предлози феминки.. викендов планирам да си се почастам со часовник само незнам каков.. дали метален или со кожена каишка... предлози???
Јас го имам овој(од поубавите). Го обожавам. И уште 3 часовници онака за сменување од по 300-400 ден.
Од секогаш сум сакала рачни часовници, како мала носев постојано па после изгубив навика и почна да ми смета ако носам. Меѓутоа, скоро почнав пак, откако со мерак си купив еден убав часовник Esprit од B-Watch во ГТЦ и бидејќи е црн кожен ми одговара на сè и досега немам помислено да излезам некаде без него. Во скоро време планирам и некој бел да си купам, веќе не можам без часовник. А и металните ми се убави, само сребрен не би ми одговарал поради златниот прстен што го носам, а златен часовник ми е некако многу нападно и кич.