Јас обожувам рачни часовници, ама само да ги гледам, немам навика да носам. Всушност не носам ниту алки, прстени и сл., а инаку многу сакам мали и елегантни часовници
Многу сакам рачни часовници! До сега имам купено доста ама така поедноставни и поевтини да речам.. Сега си имам намерачено од новата колекција на Божиновски,преубави се!
Не знам дали имам спомнато , но мислам дека немам кажано :geek: правило бр. 1 машко не е машко доколку не носи рачен часовник, а во едно и не е џентламен
Од малечка немав ставено саат, ама пред неколку дена случајно ми падна во очи еден портокалов саат со циркончиња, помислив одма го земам морам да го имам. Ете го зедов и едвај 2 пати го ставив
Голем љубител сум на рачни часовници.Имам неколку на Swatch и редовно носам кога излегувам.Дома не практикувам,бидејќи ми пречи во извршување на секојдневните работи.Наскоро ќе добијам уште еден на подарок со бело кожно ремче,но марката се уште е енигма