досега имам 2 нарачано за брат ми и се покажаа одлично , поминаа повеќе од две години и уште батерија нема сменето, само едниот што беше со златна рамка на бројчаникот ја смени бојата во бронзена (од допир со вода најверојатно)
Не сум некој љубител. Имам еден,ретко кога го ставам.Мразам часовници со циркони или такви глупости и мразам мали часовници. Мојот е Anne Klein златен голем најкласичен
Имам два и ми се драг подарок од вереникот, кој е манијак по рачни часовници (не знам колку има, 5 сигурно). Металниот ми е за годишница и во последно време многу го носам, а пластичниот ми е сличен со оној на сликата, т.е. бројките се црни, а не во повеќе бои и тој ми е поспортски и полетен. Инаку, желба ми е да имам часовник од Fossil во овој стил:
Обожавател сум на убави часовници, класични според мојот стил. Сакам со кожени ремчиња и сакам да има што повеќе, во неколку различни бои да можам да ги комбинирам. Доколку постои можност мислам дека треба да се вложува во квалитетни часовници, немора ептен прескапи, ама онака од позната марка на часовници кои би траеле многу долго. Мене ми е некако стилски целата комбинација заокружена со часовник на раката
Имам два часовници Loisir.Се продаваат во Oxette.Во главно не сакам огромни часовници на женско.Или можеби не сум пробала нешто што би ми се допаднало...затоа сакам поелегантни.Едниот е сребрен а другиот е позлатен.
Обожавам ненападни часовници бидејќи имам многу тенки и нежни раце, па масивни модели не ми стојат баш најдобро. Денес добив и ран роденденски подарок од моите, ни на крај памет не ми падна дека им текнало да ми земат часовник, но баш се израдував. Исто како да сум го бирала сама, не можам да му се изнагледам.