Дали ја има некоја од вас часовникот ако може да ми пушти слики како стои в рака, благодарам од напред.
Дали има некој часовник до 1500-700ден битно ми е да не смени боја да потемни Или сепак се поскапи такви часовници
Имам од Дуки Дасо и од Авон за таа цена земено часовници и супер се, со години ги носам, немаат потемнето. На Алиекспрес исто имаш уште поевтини, со добар квалитет.
Мислам дека за 1700-2000 можеш фини часовници во Parfois да најдеш. Не сум купила часовник од кај нив, но генерално задоволна сум од нивните производи.
@blessed.an исто потврдувам дека од Parfois се квалитетни часовниците. Авон и Дуки дасо не ти ги препорачувам за часовници. Посебно од Авон.
И јас сум презадоволна од часовниците на Parfois. За цената што ја имаат супер се, скоро сите ми се купени од таму. Овој што го носам секој ден не е мрднат, а сигурно има повеќе од 5 години откако го купив.
Да не знае некој каде можам да ги најдам оние дрвените рачни часовници што ги имаше порано во Сити Мол пред ескалаторот за накај јадењата?
Од Парфоа часовниците добри ли се? Не носам часовници, ме швркна нешто да купам некаков, не мора да е марка некоја.Како за почеток би земала некој од Парфоа, преубави имаат ама дали ‘рѓосуваат? И дали имаат долг животен век? Тој ако истрае ќе се размисли поскапа инвестиција.
Дали некој има порачувано од Globalwatch цените им се од 2500 па нагоре а имаат убав избор Да сподели некоја искуство ако има @Mishela не сум од Скопје па може да знаеш гледав во Zaf Time имаат добри часовници имаат 2год гаранција имаш искуство со нив ? Или некоја друга ако има искуство со нив?
Ми текна кај е дуќанов, ама не сум купувала часовници од таму досега. Да видиме може некоја друга ќе сподели мислење, искуство, па ќе си одлучиш.
Јас да споделам мислење за рачен часовник оd superdray, ми потемне за 2 недели носење и тоа само 10часа во ден, нит на спиење го носев, на миење раце го вадев....
Здраво девојки, ми треба ваше мислење, silver или rose gold варијанта на часовник , што е по тренди според вас?
Гледај тебе што ти се свиѓа не што е модерно. Јас лично сребрен би купила затоа што повеќе сакам сребро да носам и полесно ќе ми е да го комбинирам.