Не ги сакам рачните часовници и мислам дека секоја дама и без да носи рачен часовник треба да е точна на време. Едноставно ми изгледаат премногу за една девојка.
Всушност мене часовниците повеќе ми се како моден додаток, одколку тоа дека треба да бидам точна и на време. Од толку што сум навикната на мобилниот да гледам, дури понекогаш и кога носам часовник пак во мобилниот погледнувам колку е часот
Обожавам убави часовници кај добро средени машки.А јас нешто немам навика да носам,ниту па ми фатил око некој посебно
Нигде не одам без часовник, едноставно не сум јас таа ако немам на мене .....немам многу но, сите што ги купувам се добра марка и можиш да ги носиш долго, имам еден од D&G го носам скоро 6 години , а за роденден го добив овај.....
ОБОЖАВАМ рачни часовници. Сега за сега имам 6. Никаде не излегувам без саат на рака. Еве едни од фаворитите
сакам да носам часовници имам 5, 6 во боја за во летен период, црни имам два и еден касио, ама во последно време многу ретко ги носам, а кога ги носам ги носам на десната рака-така ми е позгодно иначе обожавам кога ќе видам некое машко со часовник на рака и кошула на долги ракави (закопчана) и по можност да биде елегантно спортски часовникот
OБОЖАВАМ РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ! Ги имам многу,скоро со се ги носам,па и се навикнав да гледам колку е часот на нив.Порано часовникот на мене,јас барам мобилен. Многу сакам и машки кога ќе видам со часовник.Тоа ми е + кај нив. Ги обожавам часовниците на Tiffany&Co. Еве дел од нив -
Го имам овој рачен саат на Пјер Гарден, омилен ми е, многу често го носам. Имам повеќе рачни часовници, црни, кафени, со циркончиња од страна ама се се тоа од локалниве бижутерии и имаат краток рок на траење. Ова ми е единствениот марка часовник, го имам веќе 1 година и многу сум задоволна од квалитетот, ниту едно цирконче од страната ми нема испаднат а го искинав од носење, вреди за парите
Си нарачав од нет еден саат и да ве прашам дали е убав Инаку еве и други меѓу кои се двоумев и радо понатаму некој од нив би си земала . и др некои ама не можам да ги најдам на гугл
Моментално носам Swatch, си го купив од Божиновски, водоотпорен е. Убави модели имаат и квалитетни се.
Не, мојот е ваков 3600 беше, толку отприлика се женските часовници, држат цена околу 3000-4000, а од машките има и малку поскапи.