јас го имам овој како понов пред месец дена го купив a овој ми е пред година дена земен и двата си ги сакам многу
Еве го мојот...штета што немам никаква навика за саат инаку многу убаво изгледа на девојка добар саат..па уште ако и оди со градеробата...бомбонка
Ве молам дајте ми ги сите!!! Aли ете видов на мојот часовник од кај е украден моделот и бојата и СЕ е исто, само кај мене нема Ice
Имам еден куп часовици дома што ми ги даваат поклон ама сите кој нема батерија кој распиан е.....моментално има бел часовник од Louis Vitton него најмногу го носам и уште еден има црн со бело и тој е исто од Louis Vitton од Прилеп си го купив и еден од Oriflame имам тој е црн моментално овие 3 најмногу ги носам....
овој го имам, поклон ми е од дечко ми за 18 роденден и многу сум приврзена за него емоционално. до пред месец дена не му беше ништо ама му се истроши батеријата и некако 250 денари за оригинал свач батерија неможам да се наканам да дадам. па многу е а знам дека уште 3-4 години ке трае батеријата ако ставам. инаку многу имам мерак да си купам некој од овие часовници
Дефинитивно ги носам. И онака неретко тоа ми е единствен начин да дознаам колку е часот бидејки ретко го носам мобилниот надвор (Не дека не сакам, туку заборавам). Ама не купувам од бижутерии. Секогаш гледам да е од квалитетен материјал и убав дизајн. И важно ми е од каде го купувам зошто ценам квалитет. Не ретко ја занемарувам цената (која доколку ја дознае татко ми ке го удри срце ) само зошто сум се заљубила во часовникот
И јас имам еден преубав прстен - часовник ама расипан е . Ми рекоа на едно место дека не може да се поправи , не знам зошто не сум отишла на друго место . Инаку вака меѓу нас , некогаш си го носам . Кој знае дека не работи
феминки мои дали имате видено вакво саатче ама бижутерија, а не марка... итно ми треба нешто вакво...
Секако дека има имитација и од LV ова е најфалсификувана марка бидеќи е најскапа а инаку оригинал LV часовник е над 200 евра а толку пари за часовник па не сум ненормална да дадам