Произведен 2007, купен 2010 како подарок од моите најсакани другарки! Го сакам! http://www.swatch.com/zz_en/watches/fin ... K282G.html
Омиленото парче накит кое не го симнувам откако го купив! Никогаш не ни помислував дека волку можам да фаворизирам часовник
Таман мислев да го сликам, ама го побарав на интернет и го најдов.Еве го мојот часовник, слика и прилика, го добив на подарок од сопругот кога се врати од службен пат во Швајцарија.
Мојот најквалитетен. Го имам веќе две години, подарок ми беше за полуматура од најблиските. Што ти не се има доживеано, ама како нов е. Последниот часовник ми го донесе пријател од Италија, пишува на него Планет, ама искрено појма немам дали е марка. Барав слика од него на нет, не можев да најдам. Отвора некои други модели, ама конкретно тој го немаше. Сребрен е со розеви циркони, нежен и женствен. Врши работа сега за сега. Другите два часовника ми се купувани од локални бижутерии. Не се воопшто квалитетни, еден погрешен чекор и отидоа парите. Последниот ми беше Дуки и Дасо, со некои си циркони нанижени на врвка, ама веќе го нема. Го скинав за рекордни 2 месеца (не)континуирано носење и еве, уште не можам да го прежалам. А, во иднина, сакам да имам Swatch часовник. Може нешто како ова: Сон.
Сакам рачни часовници, и сакам поедноставни класични часовници, имам еден таков поклон еве го: Преубаво ми изгледа кога нечиј стајлинг содржи и добар часовник, имам дома неколку но не ми се допаѓаат премногу се дамски, и наџиџани а јас како што кажав сакам класични и гломазни часовници. Во иднина сакам да си купам некој класичен метален и квалитетен како овие:
Сакам некој ваков класичен оригинал да си купам,за секој ден да си го носам,без да мислам дали сум го намокрила па ќе ми се расипе,сакам да е ваква форма правоаголна(засега)и без циркони и такви ситници.А многу мерак имам и на часовник со црвени ремчиња,ама би го купила од обична продавница за бижутерија колку кога ми одговара да го носам,зошто многу ми е мерак E вака нешто слично
Здраво дечки. Сакам да си купам бел саат, нешто во овој стил: http://cdn1.iofferphoto.com/img/wantad/ ... s-02-2.jpg http://www.nitrolicious.com/blog/wp-con ... -watch.jpg http://www.damnilikethat.com/wp-content ... -watch.jpg http://cdn3.iofferphoto.com/img3/item/1 ... -ee1a2.jpg Дали некој знае каде можам да најдам по солидна цена. Не мора да е марка
Јас од 14 год. навака Своч си носам. И многу ми се убави, траат, првиот уште го чувам ко нов е, еднаш само имам сменето батерија. Строго метални сакам, кожно ремче ми смета, поти и не можам да го носам. Можеби понатаму.
Кога излегоја овие часовници бев луда по нив тогаш си го купив розевиот.....потоа дечко ми ми го даде белиот како поклон за роденденот а пред еден месец си го купив и црниот...часовниците се преубави немаат мана по 2100 се сега а порано беа 2300.....