Да де да, журките и кафаните се најбитно нешто нели. Уште ако се погоди десингерица како на видеоно па да ти плука во уста е тоа е доживњај, тоа ќе ти остане нели. Тоа што некој има факултет има патувано не го прави ништо подобар од оној кој е на село и решил на 19 да создаде семејство.
Никаде не кажав дека некој е подобар или дека кафаните и журките се најбитни. Ама дека се дел од животот на младите- се, и треба да бидат. На 19 реално ништо повеќе и не знаеш освен журки и кафани, и тераш со факултетот. 90% се уште изгубени(не во негативна смисла) и ни најмалце спремни за дете. Ако на 19 години не упишеш студии, не патуваш, не одиш на журки, што ќе правиш? Секоја вечер на сред село до 25? Околината и те како има огромна улога. А што е правилно, допрва ќе гледаме.
Што е со жените што не можат да останат бремени, па останале бремени на 40? Не е во ред раѓање на 19. Од 25 па се додека биолошки се може, во ред е. И да, на 19 години не си способен за родител.
Ако сите бидат со факултет што ќе биде со тоа? Некој ќе наследи семеен бизнис, било што, некој ќе најде работа, некој факултет, некој професионално со спорт ќе се занимава и така. Ти зборуваш од своја перспектива. Верувај дека има и поубави нешта од журки и кафани. А и се е индивидуално. Животот денес е до 75 максимум и тоа е. Ако од 20 до 25 не размислуваш за семејство кога? На 40?
А зашто да не размислува на 40 за семејство? Еден куп познаници имам што основаа семејство на 40 години и што ?
Епа, ако некоја на 20 работи за минималец и не може да си дозволи ни 2 дена одмор во сопствената држава, подобро е на 35-40 години со поголема плата и доволно пари да летува и во странство, да си формира семејство тогаш. Фала Богу, технологијата овозможува да се имаат деца и во 40те.
Зависи кој како си ја сфака младоста. Некој мисли дека на 18 години треба да основа семејство, некој мисли дека треба, да учи, да шета... Мене најлошо сценарио ми беше во животот да останам трудна пред 25 год. Дали дека сум растена од мајка која се омажила и родила на 18 и цел живот ни викала немојте млади да се мажите. Не дека нема добар брак и среќен живот со 3 ќерки туку имала други замисли во животот кои не успеала да си ги оствари. Родив прво дете на 30, некогаш си викам може требаше да почнам порано, сега кога гледам другарки кои родиле на 18 и веќе со пораснати деца, си шетаат сами по одмори, а јас на скоро 40 год трчам по тодлер, ама потоа си викам па тие кога трчале по деца јас сум уживала и шетала. Тоа е нема назад, а и да можам да променам сепак не би сменила ништо. Средени, стокмени, свесни основавме семејство. А и во денешно време многу поретко раѓаат на млади години, барем сите блиски околу мене родија на околу 30год .
Мене бифшиот ме запроси на 18 години, и сакаше наредната година свадба. А со бракот доаѓаат и деца. Планираше он да ме издржувал јас да сум студирала вонредно, со бебе. Колку сум само среќна што раскинав бидејќи од таа една година што помина (од 18 на 19) јас бев друг човек, па од 19 на 20 исто сосема друг човек со други ставови и вредности. Растењето не завршува кога ќе наполниме 18 години. Иако и јас сум чула дека таму до 25 е најлесно да се остане бремена, сепак I'll take my chances и ќе си дадам време уште малку да пораснам. Моментално го менувам факултетот затоа што не се гледам себеси таму, не па да морав да направам толку голема, перманентна одлука како имање дете. Според мене, барем 23. Работава е кога ќе имаш дете веќе и ти да си изградена како личност, а не да растеш заедно со детето.
Ретко кој родил на рана возраст планирано. Обично тоа се случаи каде девојката останала бремена, бар од тие што јас ги познавам. Не зборувам за нашите родители. Тогаш на 25 веќе било касно да се раѓа. Во различно време живееме. Тоа што некоја родила на 19 не ја прави помалку мајка од таа на 40. Немојте да осудувате. Ете јас ќе се земам за пример. Првото дете го родив на 26, а второто на 34. Имав повеќе енергија, повеќе живци, полабава бев... Ми беше мноогу потешко, ама тоа веќе припишувам на искуство. Не би дала совет на 19 годишна - раѓај, ама нема ни да ја осудам.
Не верувам во млади мајки кои што викаат ако сакаш можеш се, не неможеш, тешко е со деца плус со факултет плус со работа плус со куќа, пример со полагање за кола.. со тај оптеретен мултитастинг ќе се уништи сама себе, и ќе се кае подоцна.
Јас кажав дека уште понеодговорно ми е семејство на 40+, што не го менува фактот дека да родиш дете на 19 е незрела одлука од незрел човек. И нема врска факултетот како звање, туку како етапа, обврска во животот што следи по средно(18-19г), што многу ретко оди паралелно со формирање семејство.
Мама и тато нема што да одлучуваат за тебе или да одобруваат дека е добро, ти самата знаеш и си свесна дека тој чекор е во ред, какви 23 години, денес 23 години се како 18 пред 10 години, еве јас имам 23 години јас неможам себе прво да се оправам како што треба преку глава со обврски уште дете ми фале.А ако се десило на 18 години и да сакам да абортирам моите да се против,ќе абортирам мое тело мое правило, нема што тие да се мешаат.
Абе срам да ми е што прво помислив на потребите и обврските и среќата , иднината на детето пред желбите на родителите Дали тебе ти е јасно колкав е животниот век кај нас а се помлади умираат ? Која иднина му нудиш на тоа дете ? А и себе си, Не сакам да се повторувам пак . Колкава е шансата тоа дете уште на млади години да остане без родител/и. и на 40 год да ги изгубиш боли и на 60 боли но веке си комплетна зрела личност со свое семејство , но на 20 и некоја? Родителите без оглед на годините ке ти недостасуваат. Др работа која иднина му нудиш мислиш дека парите, станот побитни се ? Така се чува дете битно роди го и исполни си желбата. Алоо ако родиш на 40-45 + , ТИ на 60 + а na taa vozrast веке нема човек без болести а ти ке имаш можеби се уште малолетно дете, нека биде и 20 за кое треба да се грижиш или тоа ке се треба да се грижи и секира за тебе? Најубавите години ке му ги одземеш, или што ке идеш во дом? Мислиш полесно ке му биде? Не е правило секако но шансата е огромна. А од Др страна дете на млади родители има шанса да и тоа биде во зрели поодминати години ако не и старо кога родителите ке бидат стари или ги изгуби. Токму гледајќи тој аспект и пишав предност давам на млади родители. Јас никоја не осудив или забранува тоа е мое мислење И нема потреба ти да ми кажуваш кога е најдобро време за родител да бидеш колку што се сеќавам се изјаснив. И ДА некои се способни и се чувствуваат спремни и на 19 аннекои ни на 50 Ако сакаш и на 60 роди тоа не е моја работа но прво чукни главата која иднина му нудиш Ако се добро организираш има време за се но биолошкиот часовник отчукува и не те чека.
Не знам каде имам пишано одобрување дека сум барала.. Мама и тато сигурно не се одлучувале дали јас ќе се омажам на 23 или ќе родам на 25. Ама некаде итекако одлучуваат, тоа е веќе подлабок проблем. Исто и за абортусот, мое тело мое правила ама па не сите можат да одат против родители, подлабок проблем од темава.
Не велам дека мора, туку само дека биолошки тогаш е најпогодно -едноставно така наметнала природата со милениуми. На пр. никој не им брани на 80 годишници да се обидат да трчаат маратон, телесната состојба на мнозинството луѓе на таа возраст најчесто тоа не го дозволува.
Сигурно подобра иднина отколку да родев на 20. Нема правило кога некој ќе умре. Раѓањето млад, нема да ти донесе по дефиниција подолг живот. На 20 не бев себереализирана, нит емоционално зрела, нит па финансиски способна да чувам дете. Не можам ни да си претставам како би одгледувала тогаш дете. Кој би го издржувал? Кога ни јас сама не знаев што сакам. Што ќе му пренесам? Фрустрации? Стан и финансии се и те како битно нешто да му оставиш на дете. Сигурно побитно, отколку да слуша постојано дека нема. Шетањето пред брак и дете и излегувањето можеби не се најбитното нешто, ама има нешто друго што се вика безгрижност, а завршува кога ќе одимаш дете. Можноста да пораснеш и разбереш што сакаш, да се себеспознаеш и себенадградиш, да поживееш малку независно и безгрижно е од огромно значење за менталното здравје. Мислам од муабети некои кога зборувате за дете имање, како за кутре да читам. Нека дојде па ќе му ја мислиме.
Кај западните нации што имаат просечен век од 85 години, не гледам ништо страшно да добијат дете на 45 години, ама кај нас државата е лудило. Прво, како што пишавте населението е болно, дишење загаден воздух, којзнае каква храна јадеме, прскано, загадено, лош здравствен систем, ако немаш пари да се лечиш, отиде јабана, а ако умреш на 55 години, а имаш дете од 10 години, кој ќе преземе одговорност од тоа дете? Еве, имаш стаж, ќе земе тоа дете пензија, ама тој што ќе му биде старател од каде знаеш дека нема да го малтретира и да го користи за парите? Контрола од државата не дека има, гледаме дека родители си малтретираат свои деца, па службите не реагираат, се случуваат убиства и слично. Страшно е колку населението е болно кај нас. Додуша пушењето, алкохолот никој не ги есапи дека секој втор е пушач и пијаница. Во болница ќе те доразболат, не да те оправат. Инаку и млади луѓе умираат. Можеш да родиш на 20 години, ама да починеш млад, пак тоа дете е сирак. Сега ми текна имам соработичка, стара е колку мајка ми, а нејзините родители се живи, имаат над 80 години, и се поздрави од неа. Ама не пушат, не пијат, активни се и витални. Чувајте си здравје, работете си, штедете си, мислете си за црни денови, шетајте си колку ви се можностите, сакајте си ги децата, дајде им максимум.
Не е идеално да родиш дете на 19, мислам дека секој треба прво да се пронајде себе како човек и да обезбеди материјална и емотивна подршка пред да се одлучи за деца. На 19 е убаво да живееш и да уживаш во младоста. Дали значи дека ќе си лош родител ако родиш на 19? Не апсолутно, може ќе бидеш најдобар родител и не треба да бидеш етикиран ради тоа. Јас родив на 31 и може порано требаше си велам, накај 27-28, тогаш некако повеќе енергија имав, и плус што сакам уште деца и кој знае кога би ги имала, а физички се чувствувам многу слабо, ама кога ќе дојде ќе најдам сила. Бевме 5 год во брак пред детето и сметам дека секој треба да го искуси бракот без деца некое време. Кажав и во друга тема дека мајка ми ме родила на 19 и е најдобра мајка на свет, ама да бира сега и таа покасно би родила. Само најбитно што сакав и во другата тема да кажам, годините играат многу мала улога во тоа каков родител ќе бидеш.
Ова е многу битен момент. Млад си само еднаш, родител ќе бидеш засекогаш. Одлуката е перманентна, такашто паметно мора да се донесе таа одлука. Е сега, дали некој на 18-19 години е свесен за тоа е индивидуално. За финансиите, многу е веројатно дека ќе бидеш зависен од родителите, твоите или на сопругот. Зошто тоа не е добро за жал станува јасно отпосле. Не судам никому, исто како што не сакам да ме суди мене никој затоа што деца не ми се во прв план барем до 30ка. Избор е.