Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раѓање на млади години

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 5 август 2024.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    На 19 години си излезен од школски клупи, без ден стаж, без работа, без денар во џеб, без свој покрив над глава. Ќе зависиш од сопруг, свекор, свекрва и сите ќе ти се мешаат во животот, нема да носиш самостојни одлуки. Сложена тема е, но поради вакви тероризирања знам жени што се психички отидени, иако млади родиле. Цел век подгазувани, па згора на тоа и после од децата се подгазувани.

    Има и обратни ситуации, ќе роди на 40 години, па ако не фатила некое добро работно место, се мачи за работа иако има квалификации, оти ја сметаат за стара, даваат предности за помлади и тука психички товар. Врти сучи да има човек среќа, да го служи здравјето, да има еден просечен живот, да има просечен дом, да има паметни луѓе со кои ќе се разбере, без разлика дали ќе роди млада или стара, да се погодени луѓето.
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.193
    Пол:
    Женски
    Смртта не е аргумент. И млади родители умираат.
    Или се разболуваат, па детето рано учи како да се грижи за себе и за нив.
     
    На Mumoftwo30, BlackNight, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа :)
     
    На Purpleheart, Tanjamm, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Баш дека не сум себична и нее гледам само за себе не сакам сеуште да родам. Додека неможам да го обезбедам детето, да сум способна да го воспитам и извадам на прав пат, да му вметнам морални вредности, достоинство и да го направам свој човек не раѓам. Не е родителство дај му го телефонот ти културај на инстаграм со кафенце и цигара е тоа е себично. Родителство е да го носиш секој ден исчукано во колената од игра, извалкано и среќно, да бараш чиста околина каде ќе си игра итн.. Без разлика на колку сте родиле да се има дете во нашата држава е вистински предизвик и ви симнувам капа на сите мајки.
     
    На Tanjamm, Gosh, tinkerbell22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.370
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ја разберам One day од аспект на мм што ги изгубил и двајцата ( постари ) родители на негови 12 години во рок од 9 месеци.

    Ама можам и да ја разберам желбата за дете на свекрва ми која што сигурно не мислела дека животот така ќе се одвива и дека ќе дочека длабока старост со синот и внучиња..
    Свекорот доста постар од нејзе, 100ка сигурно немало да доживее да се радува за синот.
    Мм на 10-11 години се грижел за родител со 2 срцеви и 1 мозочен удар. Не е лесно тоа за дете кое треба да ужива во детство и безгрижно да влезе во тинејџерство.

    Too much complicated е темава. :!:
     
    На Spidy, Трагедијаупмм, @oneday и 4 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.193
    Пол:
    Женски
    Нема гаранции. На секој може да му се случи пред време да си замине.
     
    На Anyshka, BlackNight, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.370
    Пол:
    Женски
    Се согласувам ама и малку поверојатно е да заминеш на 60-70+ отколку на 30+...
     
    На Spidy, Трагедијаупмм, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.193
    Пол:
    Женски
    Ковидот и војните ја пореметија веројатноста.
     
    На Mazegin, Anyshka, Purelove92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.693
    Пол:
    Женски
    Искрено тргнав да пишам и јас дека се многу млади, стандард мислење. Ама нешто што не знам дали беше спомнато до сега е околината и поддршката.

    Ако некоја станала млада мајка не мора да значи дека одма и завршил животот, уште може да оствари многу работи. Ама зависи каква поддршка ќе има. Како што може да се даде аргумент дека нема да се пронајде или да проживее малку безгрижно, може да се каже дека и ќе избегне егзистенцијална криза криза во средни до рани 30ти (кога ќе сум финансиски стабилна за семејство, дали сум спремна, барање партнер итн.) Веќе ќе го има преживеано тоа. Така да, не знам. Не ми се некои силни аргументи.

    Туку реалноста е дека повеќето млади што родиле, биле под некој суптилен или директен притисок. Најчесто околината единствено ги поддржува само во однос на одгледување дете, скраја да е нешто да посвети и на себе. Самата личност не значи дека нема што да вредности да му пренесе на детето или да го воспита добро. Може да биде одличен родител. Ама реалноста е дека нема да ја има таа можност целосно и некој друг постојано ќе се меша во тоа одгледување, чисто поради фактот што најверојатно не е самостојна.
    И тоа може да доведе понатаму кога децата ќе пораснат и ќе се незавизни да се јават проблемите. Ако цел живот била приврзана со нив и максимално посветена на нив, може или да бидат децата премногу приврзани и несамостојни или да не знае после што со себе ако се одвојат.

    Така да заклучокот ми е дека побитна е околината и поддршката. Битно е да се мотивира да продолжи да работи и на себе, затоа што е уште млада. Е сега секако полесно е тоа без деца, ама мислам дека поголем проблем од самото раѓање млада е целиот начин на кој што се гледа улогата на една жена во нашето општество. Менталитетот наш е тој што би требало да биде поголема тема на дискусија од годините на мајката.
     
    На CameliaMiller, Трагедијаупмм и boo3 им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.351
    Допаѓања:
    13.531
    Пол:
    Женски
    Членката не кажа во лош контекст. Кога некоја е помлада има повеќе сила, трпение и време за мултитаскинг. Како што одат годините, така други работи се надоврзуваат. Биолошки тоа е, медицината е напредната - никој не негира. Малку се изврте нејзиното мислење во друга насока.
     
  11. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Како што е во ред на 40+. Во ред е и на 19+.
    Зошто не способна? Не ти е непријатно да пишуваш вакви глупости? И да навредиш некоја што родила на 19?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Зошто не си доволно зрела на 19 години.
    Фронталниот резен се развива до 25 година. Значи на 19 години не е целосно развиен. И ете нема потреба да зборуваме за никакви научни докази, анализирај се сама ако имаш 25+, сама ќе забележиш дека на 19 и 25 не размислуваш исто!
    И сите што родиле на 19 години, не била свесна одлука дека сакале да станат мајки, туку било грешка. Ете, едноставно е да се признае.
     
    На Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Нека пише некоја тука што родила на 19+ , нека сподели искуство
    Јас сфаќам не е исто ама за да пишеш дека е не способна не е културно тоа.
    Ако за тебе е така за друг не е
    Има многу што родиле на таа возраст и што им биднало? Секој човек со свој планови, мислам нема потреба тука од многу осудување

    Јас се породив на 24 , порано не се осеќав спремно, ако некоја се осеќа, зошто да не..... Иако и за мене е рано ама секој најдобро си знае за себе
     
  14. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Kako moze да е исто? Да умираат и млади но шансата да умре накој 60 годишен е поголема отколку 30годишен и пишав не е правило но ако сме реални знаеме во каква држава живееме, болна ни е нацијата, здравството никакво
    Убаво би било да доживееме 100 но ретко кој ке ја достигне ,
    Читав пред некој ден некоја актерка Џоана Колинс 91 год со 40 год помлад партнер ужива се шета, но ај види ги нашите неколкумина на таа возраст во каква состојба се а и ретко кој ке доживее
    А ова другото не се сложувам , не е тоа работа на детето да се од мали нозе трауматизира грижејќи се за стари родители, како така ке се учело да биде одговорно,и да се грижи за себе , па не рагаш дете за тоа?
    Инаку секој ден гледаш деца како просјачат оставени сами да се снаоѓаат, како може тоа да биде во ред?
    Јас не ги нападна тие што раѓаат на 40+ туку реков меѓу стари и млади родители предност давам на младите.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.193
    Пол:
    Женски
    Готвење, чистење и перење се работи што човек треба да ги научи во детските години. За себе и за други.
    Ако од 10 години почне да учи како се прави нешто, во наредните години одлично ќе може да се снаоѓа со домашните обврски и без родителите. А, не да чека сè од други.
    Затоа што не се знае што ќе биде утре. Болестите не бираат години.
     
    На Purelove92, tinkerbell22, tanjaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.327
    Допаѓања:
    182.154
    Не е темава за Ал пачино или кој беше татко на бебе на 80, нели?
    Жал ми е за вашата траума, ама стварно има многу примери на нечекани несреќни случаи, дали сообраќајка, дали болест, стварно нема правила.

    Ако млади е пред 25 а зрели е по 25, па не е некоја глава боли разлика во возраста, ама е битна разлика во стартната позиција. Секако, возраста не гарант дека детето ќе ти биде повеќе или помалку воспитано, или што и да е аспект (ко што знаеше да каже Вајлд- сите ќе си ги заебеме децата на свој начин:(). Ама пошто денес скоро никој не живее самодоволно, не е нивата ќе ја работиме, прасиња ќе чуваме и одбрано ни е гајлето, останува да се мисли кој е најдобриот начин да биде одбрано гајлето. Никого не омаловажувам, баба ми и дедо ми биле земјоделци, ама такво вадење леб мене ми било далечно, па останува да се учи и да се работи. Секако, тоа не е баш најјасно во тинејџерство, ама после животот ќе те научи. Без да навлегувам во фрустрации, кој имал вујко владика, кој имал гз во партија, имањето деца е превземање одговорност за друго битие кое зависи од тебе, а дали баш постои свест и подготвеност за тоа на многу млада возраст, не сум сигурна. Легално возрасен стварно не значи возрасен за озбилно.
     
    На Glowy, CameliaMiller, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.370
    Пол:
    Женски
    Точно, во право сте реков. Никаде не кажав дека не се согласувам. Само моето скромно мислење е тоа :)
     
  18. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Kako може да напишеш такво нешто , ете сериозно се прашувам,
    Едно искуство и сосем други чувства доживува дете кое ете помага, се учи заедно со родител да чисти,нпомага околу готвење а сосем други кога тоа дете е принудено да се грижи за болен родител? Озбилно се прашувам дали воопшто размислуваш што пишуваш или мислиш дека надмена си нешто или поумна з'ш ке ми лепнеш одговор и млади умираат, короната пореметила итн .. алоо ако кај 30 годишен короната пореметила организмот кај 60 годишен уште повеќе
    Тоа е моето мислење и ти сигурно нема да ми го промениш
     
    Последна измена: 7 август 2024
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.387
    Пол:
    Женски
    За ова ќе кажам само дека ако нема паметни луѓе нема врска возраста ,еве јас се омажив на 26 родив на 27( во заедница ). Па свекрва ми ми ја земаше од раце за бањање не сум знаела јас не 1 недела ,не 40 дена цела година ако случајно си ја избањав сама ми правеше кавги или плачеше ко дете и сл... многу офф топик ќе сум.

    На темава би рекла не може да се генерализира има разни судбини ,разни приказни на кои немале избор...
    Еве јас не сум имала стабилен партнер за порано. За второ се сме викале има време ова да се среди тоа да се направи... ама сега сфаќам дека уствари на 32 ако родам кога ќе наполни 18 јас ќе бидам 50 и нема да ми е интересно ич :rofl:
    Не знам стварно секоја фамилија си има приказна ,причина како да кажам ...
     
    На Amore123, tinkerbell22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    13.946
    Пол:
    Женски
    Ни за млади да раѓаат, ни за стари не сум. 22-23 минимум, ама ќе речам над 25 најдобро. Да завршиш школо, да поработиш, да се осамостоиш колку толку. Не дека станови ќе купуваат на 25, ама барем да знаеш дека можеш да опстоиш од први до први. А не мајка ти уште ти дава за кафе и цигари, а ти деца да раѓаш.
    Па на 25 да почнеш, до 40 год можеш 5 деца да родиш. И проблеми ако имаш со плодност, до 40 или бива или не бива, имаш време да се обидеш со се што нуди модерната медицина. И оние на 50+ што ги покажуваат на страницата на Плодност што родиле исто не ги разбирам како и оние што родиле во тинејџерство. Себично е.
    Да, деца имам зошто јас сама сум сакала да имам, ама сепак треба и да му обезбедам некој квалитет на живот. Ако го родиш кога уште мислиш дека се што лета се јаде, и младоста ја поминеш во чување деца, никогаш нема да надокнадиш во кариерата или образованието. А тоа дете зависи од тебе и твоите приходи многу години за да си се тешиме "ај бе ќе порасне вака или така".
     
    На Glowy, dea.18, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.