Наметнато од патријахалното опшество да се останува трудна на 19 заради баш тоа што мозокот не е целосно развиен и за да бидеш полесно манипулиран од сите, оти нели со дете во рака жена нема толку моќ да замине кога сака и како сака, и така и се спуштени критериумите.
Зошто не ги разбираш тие што родиле на 50+? Што ако не можете порано? И не значи дека ако се повозрасни нема да можат да му обезбедат квалитетен живот на детето.
А мислиш се што нуди модерната медицина дека од прва бива? Некои се борат со години за потомство, и ако имаат 40+ не смеат да родат зошто "стари" биле. На темата кој кога си сака тогаш нека роди, немам предрасуди, ама не е убаво да се пишува дека на 40+ стари биле за родители.
Јас родив пред 25, планирано. Ок, немав 25, ама само што наполнив 24 родив. И пак би го направила истото.
Пред 25, на 24, ок Затоа имаш неизживеано детство и ник според лик од приказните? Озбилно сега, си била спремна и на 19 да родиш? Мене ни на крај памет не ми паѓало. Уплав од феномен свекрва ...па морав долго, долго, соодветен партнер да бирам...или соодветна свекрва
Не на 19, ама на 21 созреав, само не ми текна да родам . Муабетот ми беше дека од 19 до 25 има 6 години, не е мал период.
Ауу зошто да умреме кога детето ни е тинејџер? Како ова мислење не е избришано овде има и постари мајки.. Госпоѓо имам соседи кои се станаа родители на 40+, сеуште се живи, здрави, работат, среќни детето им е мило, воспитано и културно и моментално е на факултет наместо да оформува фамилија. Не сме веќе античка Грција да не мажат на 15, па зарем не сакаш да си своја личност пред се. Мајчинството е дел од тебе ама не те дефинира како жена, не си само мајка, што си друго сама си бираш и гледај да е добро за детето да има на што да се угледа. На 6 годишна возраст веќе им сме идоли.. Тој факт доведува до длабоко размислување. Во врска со смрт дедо ми, баба ми имаат по 80 и 75 возат велосипеди, се хранат здраво, уживаат и помагаат при гледање деца секако кога ќе имаат време. Така да животниот стил си го бираме сами во врска со статистиката, а за смрт не сакам да зборувам дегутантно е и не сум дел од твоето "опшество".
Некои сме биле подолго зелени, јбг, северна страна Точно, тие 4, 5, 6 години после 19 се итекако битни, мислам тоа и беше поентата на темава ваљда.
A Kade jas напишав да умрат?зошто упорно ми извртувате зборовите? Јас пишав сосем друго и јасно е дека не ме сакате што кажувам па терајте и негирајте Инаку да баба ти и дедото го чуваат ама понекогаш? Др негирај ме колку сакаш, јас немам ништо против нека раѓа и на 60 но животниот век не го менуваш , ке се учело детето за одговорност грижејќи се за стари родители место да ужива во детството и младоста Доволно наназад пишував немам намера да се повторувам
Знам пар што добија дете на 40 мајката и таткото на 50. Сега детето е 10 години, тие се 50, односно 60. И не е проблем што се стари, проблем е што таткото е алкохоличар. И човек што пуши и пие нормално дека естетски изгледа старо, а и со оглед на пороците доста и 60 дочекал. Ете тоа е проблемот, порокот, а не возраста тука. Друг случај каде жена си признава дека стапила во брак со бивши затвореник само поради тоа што сака да стане мајка. Се бори со неплодност, раѓа на 46 години. Годините не се малку, ама проблем е што таткото е порочен, никаков. Што правиме со оние што се свесни дека имаат лоша генетика и трчаат да родат деца поскоро? Дали тие ги сметате за себични? Запознав жена што изгубила родители кога била мала поради болести, починале и таткото и мајката и таа има ненормален став од смрт, па брзала да роди деца навреме, смета дека и таа млада ќе умре. Овој страв е прејден во болест, само пуши, цигара преку цигара, кафе преку кафе, завршува во болница неколкупати, изгледа 10 години постаро, а сопругот како да не постои, не помага ич ништо околу децата. Ова е поарно од тие што родиле на плус 40, ама се грижливи родители? Луѓе умираат и во сообраќајки, не само од болести. По песимизмот тука, никој да не раѓа испаѓа, оти еден ден сите ќе умреме. А дете е голема обврска, а живот е сериозна работа, ситница може да те исфрли од колосек. Имаше дечко од 19 години на форумов, изгубил родители во сообраќајка, чичо му му правеше притисок да потпише, ова, она, да му земе дел од куќата, да го уништи и детето пишуваше ќе се самоубие. Се надевам не си направил нешто, не пишува веќе. Тука не е проблем што е сирак, има покрив над глава, требало да му помогнат да си најде работа, да го посоветуваат, да му дадат поддршка, а не чичо да гледа од сирак да те направи бездомник. Тоа се вика нечовечност, себичност, расипаност. Друго, сите во школо ги зезаат децата што имале стари родители. Зошто не му помогнат на некое дете ако има стари и болни родители, тие што се помоќни да соберат пари ако треба да се купи некој лек, дрва за огрев и слично? Затоа што ова е крајно себично општество со мршојадци. И поради тоа што е срамота да се роди дете на 40, 38, 39, Македонците ќе ги снемува, оти и онака наталитетот е слаб, има многу парови што не ни можат да имаат деца. Сте виделе дека кај муслиманите истото не е проблем? Се помагаат, а не да се исмеваат оти некоја родила во 45 години, па ќе умрела и кој ќе го чува детето. Таа до 45 години сигурно нешто работела, има стаж веројатно, детето има право на пензија, а си има институции кои треба да го преземат тоа дете во случај на смрт на роидтел. Дом сигурно има, оти родителите не се паднати од Марс. Ама кај нас институциите се шупи каде се збираат мрзливци, купи ден помини, тие ќе си ја работеле работата, како да не. Ако остане сирак на 15 години, земи го уште 3 години во дом, куќата нека стои, пензијата од родителот има право да ја прима до 26 години, вработи го оти е сирак со приоритет и завршена работа, човек застанат на нозе, ама Македонија е држава на хартија и од тоа што пишав ништо не бива.
Така е Тање, кој ќе го чува детето од 20-30години, ќе нема кој манџа да му направи и да му даде 100 денарка за кафе. Кој кога сака нека си раѓа, се живее и без родители.
Јас имам моментално 22, работам и студирам и живеам со дечко. Баш на темава паднавме на муабет со другарка што ќе прави свадба, моментално има 23 години ама има постар дечко. Она заврши факс, си се осамостои, заедно живеат, имаат стан, и јас би рекла дека до некаде и се спремни да бидат родители, зошто и двајцата си се ситуирани и слично, па 23 не ми се гледа како некоја рана возраст да имаш дете, иако од аспект на тоа дека баш сега се толку добро ситуирани имаат убави плати може да го прошетаат светов па пак да имаат дете за некоја год. Не сум ни за прерано раѓање ни за предоцна, според мене идеално би било докај 30 да родам а до тогаш да направам се' што може да се направи. Јас и дечко ми пример во моментов иако и двајцата заработуваме доста солидно, живееме сами, имаме кола, не се чувствуваме спремни да имаме дете воопшто. Уште ми лета паметот што се вика, сакам секој месец во различна држава да сум, да не се врзувам со обврски утре ми притекнало да одам негде да си одам слободно. Мислам дека е слободата тоа што треба да се искуси докај 30 год па потоа да се врзеш зошто реално ќе имаш цел живот дете а мислам дека еднаш си во овие години кога можеш да си бидеш слободен и да не си врзан со деца. И не само од тој аспект туку јас кога би раѓала би сакала искрено да се излечам од цела таа generational trauma и да го воспитувам детето правилно, не само да го родам, многу е важно и откако ќе го родиш што имаш да му овозможиш и каков живот можеш да му пружиш. Не викам дека со помалце пари и други ресурси ќе е несреќно доколку има хармонија во домот но би сакала да сум доволно ситуирана во животот да му пружам убави искуства. Ова е само мое размислување од моментална гледна точка.
Еве јас родив на 19 години,дали би го направила повторно истото не знам ,некогаш помислувам дека згрешв ,некогаш па не. Децата се сега пораснати ,јас сум по слободна ,се грижам за нив како и секоја мајка, но не се зависни од мене.Не би осудувала никој дали ќе роди на 20 или на 40, секој има право на свој избор.
Аман, човек. Не разбираш. Дете е секој малолетник. Од мал треба да ги учи тие основи, а и да не му е тешко вода да им подаде. Во ситуации кога ќе им треба додатна грижа сигурно возрасен ќе ја преземе. Детето нешто да научи за подоцно да не кука дека веќе нема кој да му ги испере алиштата. Не се знае кога ќе наиде смртта по неговите. Патем за Ковидот не виде дека мислењето е за починати. Не бираше, и многу млади однесе на оној свет. Некој нема да умре од болест, ама ќе умре во несреќа или за жал ќе биде убиен. Луѓе сме и смртни сме. Не е исто да родиш дете на 19 и да немаш имот и пари да му оставиш, и да родиш дете на 29 или 39 и да имаш имот и пари да му оставиш.
Мене мајка ми ме родила на 42 (прво дете). Единствено негативно со кое се соочував како дете е тоа што простакуши ја условуваа со ,,баба". Е сеа имам пријателка која мајка ѝ ја родила на 20. Денес женава е околу 50 (млада баба хехенце). Психички и физички е полоша од мајка ми. Индивидуално е секаде.
Две деца ми се родени меѓу 24-28 год. И пак би го направила истото. Не не спречиле во ништо. Идеална возраст за мене е тоа. Денес на 45 ми се на супер возраст. Па тој на 19 може да почне да работи и до 30 год.да створи и пари и имот. А некој па на 30 тек тогаш да се вработи и да почне да создава. Има некои родители кои на 40 год ниту 5 год стаж немаат, ниту се реализирале,ниту работат нит ќе создадат нешто па нема ни што да му остават. Нема врска тоа.
Зошто детето да се грижи за мене? Кога имам свои пари, обезбедена да му се тргнам од пат кога и да треба. Животниот век беше до 60 во минатата ера кога медицината не беше напредна, сега 60 годишни луѓе јас не ги сметам за стари, не ни изгледаат старо. Ако детето неможе да се справи со некаква загуба на 20 години како тогаш е способно да раѓа и да е одговорно за цел човечки живот? Секако дека кога ќе имаат време не се нивни деца па да ги гледаат 24/7 децата си имаат одговорни родители.
А каде треба да замине? Па исто е и со помлади родители, или тие не можеле да дадат убав живот? јас стварно не знам што е толку за чудење, како тоа што викаш ти е нормално, нормално е и другото, патем.... Нема тука вистина, секој си има своја вистина, реалност.
Родив на 27 години. Да можев ќе родев и порано со овој ум. На моите деца не им посакувам пред 25 години да се венчаст и деца да имаат ама ако тоа ги прави среќни и на 20 години ќе ги подржам секако. Моментално има тренд меѓу помлдите се венчаат мн порано и порано деца имаат. Ние милениумците обратно и океј ми е и тоа и тоа додека се е доброволно.