Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раѓање на млади години

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 5 август 2024.

  1. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Се живее без секого, ама друго е кога имаш некој близок до тебе, твој, верен, искрен, да ти помогне во секое време, да имаш потпора од некого, да сакаш, да бидеш сакан
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Да, друго е, али тоа не е причина за некој да нема деца во подоцни години.
     
    На Tanjamm и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  3. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Нормално тоа
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Па да родена на 45+ нивни ке беа или туги? Парите ли се битни или целосно внимание и посветеност на детето? Љубовта кај е, или дај му пари што сака нека прави, парите на прво место
    Да многу убаво мислење да остане без родители на 20 год па и помало во ред е ? И 60 да имаш ке ти недостасуваат , на терајте по ваше јас своето кажав, да се расправам сигурно нема, никого не убедувам , никому не судам само сум реална и не гледам низ розеви очила
    Всушност нема што да пишувам јасно е ко ден

    Пари,пари,пари битни се да, но каде е тука љубовта?
    Да возрасен ке ја преземе, а детето во дом сиот имот пари што стекнале ништо нема да му следува, има тука девојчето заедно со мене работи и под кирија си живее, и 2 брата има и тие се под кирија, татко им ги чувал но починал се што имал имот кука откако децата останале под државна закрила т.е во дом ништо не им дадоа
    Живејте вие во розев свет но реалниот животот е малку покомплициран .
    А за смрт да нормално умираат и млади но тој процент е сепак помал , да беше ко што тврдиш пола деца сираци ке беа
    И пак да ти повторам ЈАс ПИШАВ ,помеѓу млади и стари родители предност давам на помладите, не реков сите да раѓаат на 19 !!!!
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Па не е исто на помлади години. На 19 немаш ни работа стабилна, ни покрив над главата. Е па види кога е подобро и кој може повеќе да му овозможи убав живот на детето.
     
  6. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Сигурно до тогаш надвор спиеле... Што ќе биде ако останат некое време со родителите додека се снајдат?
    Ако веќе е така ... Не викам дека треба да се раѓа на 19, ама ако сакаат зошто да не
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Ако беа нивни ќе си ги чуваа тие. Не зборам единствено за пари иако за дете се прекупотребни, неможе да се гледа дете со прашањето во главата како ќе се преживее утре и дали ќе се има основното и доколку не се погоди партнерот каде ќе оди мајката со дете / деца па уште не запослена ако е. Прво изгради се ти како личност да си способна да изградиш и друга личност. Некои созреваат порано некои покасно, некои се вработуваат порано, некои покасно итн.. Затоа и реков секоја чест на сите мајки во државата наша тие си знаат како им е и како се борат затоа не солам памет за умирачки, гледање на родители, свекрви, золви и не етикетирам зборам единствено за себе.
     
  8. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    22.457
    Пол:
    Женски
    Не подржувам раѓање на деца под 25год.на мајката...
    До 25год мозокот сеуште расте.На таа возраст не ни имаш доволно животно искуство (особено ние на Балканот што живееме со родители во заедница и не се осамостојуваме на свои 18г).Немаш искуство како со менаџирање на финансии,справување со стресни ситуации,како да се изборуваш за себе во општеството...И на крајот од денот,коа ќе се соочиш со сите овие предизвици-треба да му се посветиш во најдобрата верзија од себе на детето.
    Не е исто да си родител со финансиска стабилност и независнот,станбено решено прашање,самоереализиран до некое ниво на поле кариера. На 25 имаш само една грижа после напорен ден-каде на пијачка.А со семејство, особено мајките и нејзините потреби многу често се на последно место во листата.
    Јас родив на 32, и ниад не би мењала ништо во тој поглед. Безгрижноста што се има и личниот развој до пред деца стварање е незаменлива фаза во животот.
    Јас ако се прашувам,би рекла се во свое време.Нема потреба од брзање.
     
  9. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Па и јас свое мислење дадов никому ништо не наредив
    (y)
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Поубав живот им се овозможува на децата со веќе созреани и независни личности.
     
    На Tanjamm и Rozevata им се допаѓа ова.
  11. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно после 25. Сите сакаме да пружиме добри услови и добар живот на тоа бебе кога ќе дојде а тоа не е баш возможно доколку не се оствариш како личност. Кариера, работа, живеалиште.

    Да децата се најголема мотивација за да створиш нешто, ама уште по убаво е да имаш нешто створено пред да дојдат.

    Истото го пишуваме во исто време :handshake::D
     
    На Tanjamm, Mumoftwo30 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што дојдовме до заклучок дека е индивидуално. Имам стрико се жени покасно има 63 години и 20 годишни деца, знаеш колку добар родител е? Им се восхитувам заедно со неговата сопруга притоа изгледа подобро од дечко. Исто така имам вујко кој се жени на 19, алкохоличар цела фамилија му доживува хорор, а камоли ли дечињата што трауми влечат..исто така имам пријателка што додека јас водев војна со испитите таа беше позрела, се вработи на убава позиција, одбра партнер - најдобар пријател и основа фамилија на 26, затоа за секоја е идивидуално. Само нека ви се здрави и живи дечињата исто и вие друго е се помалку битно.
     
    На Rozevata, Mumoftwo30 и Amore123 им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.902
    Допаѓања:
    171.583
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно е индивидуално и ако видам и млада мајка и постара нема да реагирам ништо особено. Ама дефинитивно ако годините на детето завршуваат на "teen" - премало е за многу работи и вклучително да биди и самото родител.

    Сметам дека поддршка од околината (особено ако е родителот во екстрем на значително млад или значително стар) е доста важно. Исто одредена финансиска стабилност и искуство. Нормално дека финансиската стабилност постојано се менува ама добро е пред време бар кога се обидваме да сме "стабилни". Искуството исто е доста важно, пошто, ќе зборам од моја перспектива, една личност бев после средно, една после факултет, една после прва и втора и трета работа. Мора да сме способни да имаме бар една работа и финансии од месец за месец и идеално одредена можност за заштеда за "зол час". То во моја книга би било после 23-5. Иако е, нормално, доста индивидуално.

    Нешто слично мислам и за доста стари родители (48-50+). Мислам дека мора да имаме на ум дека да, имаме поќе искуство како старееме. Ама исто така и самите имаме поќе потреби. Самите ретко имаме поќе нерви, почесто имаме помалку. Да, можи да погини и некој млад. Ама шансите се дека на некои родителите ќе почнат да се соочуваат со болести на години на детето 40+, а на некои на 20+ години, ако не и помали. И се то влијае на развојот, особено ако детето е помладо.

    И се се сведва дека некој екстрем ако веќе се случи нормално дека треба да сме систем на поддршка на таа индивидуа. Ама прифаќање на таква реалност како нешто шо не е себично ми е, барем мене, невозможно.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Колку и да има лутеш, освен финансии друга причина не постои да не родиш дете на млади години. Муабети од типот шетај, учи се толку безвезе. Пред очи ми се млади мајки, многу добро финансиски ситуирани кои патуваат со нивните деца. Некои го надоградуваат и своето образование со тодлери, бебиња..
    За разлика од старородките, кои својот плод го загрозуваат со нивната старост. Исклучок се жените кои се борат со неплодност, башка и нив му е испотенцирано дека бременост во подоцни години е ризична бременост и подлегнуваат на многу испитувања и тестови. Колку сакајте паметувајте, реалноста е таа, животниот век на јајце клетките е тој. Потврдено е од многу гинеколози дека најдобар период за раѓање кај жената е до 26/27 години. Тука вклучувајќи го и нејзиниот начин на живот. Развиен мозок на 25 години? Ако имаш стабилен партнер и знаеш што сакаш која сум јас да ти судам ако раѓаш на 20 години? Зарем не научивте дека зрелоста не оди со годините.
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Како би имала повеќе финансии ако би немала кариера ?
    Значи пак доаѓаме до она оствари се на личен и професионален план, потоа раѓај.
     
  16. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Како нема кариера? Факс се учи до 22 години. Има луѓе кои по 18та година не планираат да учат факс, па си наоѓаат работа. Тоа не е личен и професионален план?
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Девојче, учењето не завршува со завршувањето факс. За добра кариера со високи финансии е потребно е учење после факсот и цел живот надоградување.
     
    На Purelove92 и Trexane им се допаѓа ова.
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Девојче, има економисти, доктори, мед. сестри кои работат за смешни пари. За кои финансии ми збориш? Постојат професии без високо образование од кои се заработуваат месечно по 1000-2000 евра.
     
    На Amore123 и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    А ако жената уште не го нашла правиот партнер во младите години? Или битно е да роди дете од било кој, битно е да се размножуваме само?
    Цело време зборите за тој биолошки часовник како да сме крави а не жени.
     
    На kalinaka, BlackNight, Pixi5 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Па баш дека работат за смешни пари со дете уште потешко ќе им е.
     
    На Tanjamm и Purelove92 им се допаѓа ова.