Зашто се фаќаш у еден збор од цела реченица, и тоа на начин како што тебе ти одговара? Споменав за жени кои го нашле вистинскиот човек за брак и деца. А ако си вадиш од контекст нема потреба да ми реплицираш мене. Проблем на оној кој не си го нашол вистинскиот партнер за брак и деца. Не може секој еден да изиграва жртва, за сопствени одлуки кои зависеле само од него. Жал ми е. Епа зашто збориш за надоградување после факс? Гледаш дека образованието нема никаква улога. Навистина не те разбрав, за какво надоградување зборуваше во погорниот пост?
Па и да го нашле. Уопште нема потреба да раѓаат толку млади ако не сакаат. Дете се раѓа и на 30 и на 40. Младоста еднаш ја имаш за да проживееш, а мајка ќе си цел живот.
Како нема врска образованието? Исто е да работиш во маркет и во компанија? За какво надоградување? Ако сакаш да имаш поголеми финансии, ќе треба постојано да учиш нови работи зошто науката напредува и треба да бидеш во тек со новитетите.
Не знам дали читаш што пишуваме од преѓеска, мислам дека не. Зборувам за жени кои сакаат да си формираат брак и семејство. Каде реков дека е задолжително? Пак вадиш од контекст. @Just.do.it зашто реков дека има професии за кои не треба стручно образование а се земаат солидни плати? Зашто збориме од прегеска за личен план? Личен план и избор е кој каде ќе работи. Можеш да бидеш и доктор кој ќе се наградува целиот живот и ќе следи новитети, но секогаш ќе има некој кој ќе зема поголема плата од докторот без факултет.
Не треба стручно образование, ама треба знаење. Ете пример програмирање. Не бараат диплома. Ама ти како ќе знаеш да програмираш без учење? Пак се сведува на истото.
Ша ако сакаат никој не им брани, нека си формираат. Ама ти пишуваше за сите жени во постот, пошо спомнуваше и младородки и старородки и тие шо неможат да имаат деца. Нема ништо лошо ако некоја роди на 40 пример. И такви случаи многу знам. Медицината оди се понапред и тоа уопште не е веќе проблем за жена шо сака подоцна да се оствари како мајка. Ако неможе она, постојат сурогат мајки кои ќе го носат нејзиното дете. Битно жената да е задоволна со својот избор, па дали ќе роди порано или покасно, нема везе.
Очигледно не ме разбираш. И платена обука да е, треба да учиш. И треба постојано да учиш и да си во тек зошто има напредок во науката.
А легални се тие професии? И колкумина такви познаваш, со плата поголема од доктор, помлади од 25, со деца? Да, ми текнуваат неколку легални професии, некои од нив занаети, автомеханичар со добра клиентела, плочкар, електричар, ама треба да се вложи негде пред да почне да заработува повеќе од доктор, да биде добар во тоа што го работи, да биде баран. Искуството е тоа што се плаќа, а не знам кој би вработил некој без искуство за максимална плата.
Ти не ме разбираш. Нема поента веќе да се дискутира со тебе бидејќи верглаш од прегеска едно исто и станува смешно. @Biljarkata можеби татко му е автомеханичар, од каде јас би знаела. Сега правиме метафорички муабет. Легално е диспечер, легално е козметичар, легално е и автомеханичар да. Има многу програми и бенефиции за почнување на сопствен бизнис на млади до 28 години. Секако ако некој сака ќе најде начин. Колку родители има кои купуваат стан на синчиња на 30+ години, зашто па некој родител да не му помогне и на синот кој сака да има бизнис на 22-25 години? Дискутабилно е, ама секој си сфаќа како што сака.
Кој е тој гинеколог кој ти потврдил дека е најдобро да се раѓа на 26 жити све ? Старородки малце неубаво звучи од жена за жена , не мислиш така ? И како тоа својот плод го загрозуваат со нивните години објасни ми ? Постов ти е извини вака жива глупост.
Што е тој фамозен диспечер? Да станам еден таков ако е поплатено од доктор Реков понапред, ако исклучиме вујко владика. Пошто јас главно такви луѓе познавам, без претходново. И програми стартапи и све сум видела, без вујко владика тешко. И зошто за синови збориш цело време, нели е жената таа што раѓа? Значи родителите треба стан да купат, бизнис да му отворат и збориме за самостојност?
Значи џабе е надогрдување и факс ако немаш вујко владика. Ова така му испаѓа по твое? И целиот муабет пропаѓа у вода. Не знам некако контрадикторни сте ми. Тука мед од уста ви тече, во другите теми на 40+ се расправате зашто вашите родители оставиле на братот а не на вас. Нели самостојни сте, што барате уште? Или кога станува збор за млад човек, тој не смее да побара помош од родителите. Побогу земате кредити да ги прошетате и да ги школовате децата, каде е самостојноста тука? @Misskirova реалноста е навредлива. Пак ќе ќажам, ваш проблем ако фактите ве вреѓаат. Темава е жива глупост, не моето мислење.
Абе на крај дека некоја родила на 16 без основен интегритет и само надоградување ќе дојде добиток ќе не нарече. Во тоа што имам финансиска стабилност сама да си го плаќам кредитот без помош од партнер.
Ти спомена земање кредити за шетање деца, знаеш кој тригер е на оваа економија? Не. Жалосно сериозно . Јас само реприцирав би земала кога ќе имам сама да си платам, затоа што тој парнер со неговиот стан утре може да посака развод, ќе дозволам дете да изгубам заради што заработува повеќе од мене и што има константно место на живеење? Не. Само едукацијата, не ти зборувам за факултет гледам ти е слаба точка, трае додека си жива. Мајчинството не те дефинира како жена имаме толку многу аспекти и потенцијал ама треба да сакаме. Што ќе се случува со тебе кога тие деца ќе си заминат во сопствен стан и тргнат по свој пат? Тогаш не ќе знаеш што со себе и ќе учеш виолончело на 50 (што не е лоша работа ама за тебе е сигурно ужас). Нема врска мило ми е што заработува парнерот диспечер повеќе од доктор. Би сакала ти да заработуваш ама ете..
Кај реков такво нешто? Баш обратното, скоро сите што јас ги знам немале вујко владика, па се образувале за да бидат самостојни и се фала богу. Е да, се ожениле/омажиле и создале деца на старост, сите 25+ повеќето 30+. Јас ништо од никого не барам, фала богу. Ме исшколувале моите, доволно е. И мислам тука одговорноста на родителот завршува. И законски, до 26.
Освен жртва друго и не знаеш да се правиш за да ги оправдаш твоите постапки. Не ми е образованието слаба страна, школована сум и јас и заработувам солидно за да си ги удоволам моите лични потреби како жена која е без деца и маж. И никаде не реков дека жена мора да се посвети само на мајчинството. Не си ја сфатила суштината на муабетот. Гледам вознемирена си многу, тригер ти е кредитот, да не ти го зборам. @Biljarkata не беше наменето за тебе. Ги има многу кои и’ на 40+ чекаат од родителите.
Секако дека е тригер, познавам самохрани мајки кои не знаат главата кај им е и покрај работа земаат кредити. Ехх да ја знаеш болката која ја гледам во нивните очи додека се неизвесни што ќе прават и како да се издигнат од некаква ситуација..Не си ти крива опшеството ти го пери мозочето.