Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раѓање на млади години

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 5 август 2024.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Еден аргумент не кажа кој е солиден за раѓање на млади години.
     
    На Misskirova и Purelove92 им се допаѓа ова.
  2. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Зашто уште читаш? Вас и 20 аргументи да ви дадат, вие секогаш ќе ги осудувате тие што раѓале млади. Неразвиен мозок имале, тригер е за членката погоре кредитот, нема да е тригер некоја на 20 да земе да чита што се пишува тука?
    Никаде не спомнав дали треба или не треба да се раѓа, не сум јас таа што треба да каже за туѓ живот. Само споменав дека ако некоја индивидуа нема финансиски пречки, а сака брак, не гледам зашто да не.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Знајш дека има самохрани млади мајки така? Не? Е сега знајш. Емпатија разликувај од жртва девојчееее....Аргумент од таткото на дедото на стрикото ќе купи стан :x Пишавме дека е индивидуално за некоја 20 годишна се надевам по елоквента од тебе :drunk:
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    7.912
    Пол:
    Женски
    Фронталниот резен се развива до 25тата година. Види и сама дека на 20 и 25 не размислуваш исто.
    И подобро можности можеш да му дадеш на детето ако ти си остварена личност на професионален план.
     
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.727
    Пол:
    Женски
    Абе незнам што барате постојано на теми кои ви се жива глупост . Зашто едноставно не "заобиџеш " па да не оставиш на нас да коментираме ?!
     
    На Just.do.it и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  6. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.264
    Пол:
    Женски
    Ако си млада мајка не значи дека треба да го оправдуваш раѓањето на млади години.Еве јас родив на 22 ама да сум го имала овој памет не би родила на 22.Не зборувам за љубовта према детето но годините се малку. Од тотално никакви грижи влегуваш во друг свет ,забораваш на себе ,еве јас ја искусив и ппд и мислам дека да сум била посозреана и по спремна за тоа не би поминала толку лошо ...
     
    На Selena01, Just.do.it и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Се согласувам ама од збор до збор со цело мислење.
    Машко созрева над 30-32, кој мисли поинаку, сѐ уште не созреал.
    Женско созрева порано и интелектуално е постабилно женското, од 24-26 па натака илити 4-5 години после запирање со раст во висина бидејќи машки растат до 28 а женски до 22 години.

    Математики на страна, туку ај вака.

    Не сум родител, ама сум имал и имам родители.
    Родителството е пре пре сериозна работа. За да се роди или за да се збрца и да се стане татко, прво е потребна финансиска независност, веднаш потоа психофизичка способност, тоа детенце ќе бара да цица, ќе бара памперси, нега, покасно здрава храна, образование итн.
    За сето тоа еден родител треба да има смирение, не треба егоизам.
    Треба да има соработка, не треба суета.
    Мајка, татко и Бог, свекрвиштето и таштиштето на страна, свекорот и дедото исто на страна ама бидејќи машките (маж е едно машко е друго, маж има став и истрајност додека машко ќе сретнеш в биртии, в казино и во останати смрдалници) се помалку опачни од женските да бидеме искрени, може да дојде до некое разбирање кај млади родители.

    Млада мајка односно млад родител прво и најпрво значи дека не е наша работа, но ако се случи да биде наша радост во живот - туѓа, моја не, јас 30ката ја газам - тогаш барем жртвувањето и радоста да бидат педала низ животот и тоа детенце да расте безгрижно, не како многумина од нас.

    Да избереме кога ќе станеме родители можеме, а тоа е само во брак. Кој нѐ тера на "лупање" вон брак? Што е страшно во една ете врска од неколку месеци да се запроси и да се каже "да" и сѐ да дојде потоа? 95% од проблемите во животот им се случуваат поради нив самите, поради погрешни одлуки, страсти, алкохол и останати демонски "современија".

    Се согласувам со фазите тинејџерство-образование-падови и подеми, па тек потоа родителство и сериозност.

    За огромна жал многу од помладите се под влијание од опкружување, најголем дел под влијание на мајчица, гледаме сите што сѐ има околу нас.

    Бог да им помага на младите родители а ќе биде сѐ во ред само ако се оддалечат од пороци и од лоши луѓе.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Никој нема договор со Господ до кога ќе живее. Демек ако роди на 19 години, сигурно ќе дочека тоа дете да порасне? Не мора да значи, живееме во време кога болести „косат“ и е страшно. Друго, за станбено прашање, па тоа ич не е лесно. Познаници што поминаа 5-6 години на брод или друг тип на работа во странство, купија станови, ама еднособни(ако е на ново и на добра локација, стар има поевтино, ама грдни пари ќе дадеш за реновирање), оти тој стан треба и да се опреми, треба мебел, плус давачки при купопродажба. Значи неколку години од животот треба да потрошиш ако сакаш свое катче, мало станче, ама твое. Купувањето на кредит за мене е јамка околу вратот. Со години ќе плаќаш. Е кога ќе отплатиш, тогаш е твое. И тие што родиле на 19 години без ден стаж, работа, без денар заработен, живеат така што мажот плаќа струја, свекрвата вода, свекорот за ѓубрарина, полнат и празнат фрижидер кој како може и стигне, и тоа си влече стресови, кавги, а што чекаат ред пред бања и што старите слушаат звуци дури младите имаат секс ти е плус. Стресен и лош живот, само да има човек памет во глава, здравје, да е вреден, снаодлив, да знае да штеди, инаку црно му се пишува во оваа средина. И не мора на детето да му купиш ајфон, ама нормален телефон му треба, ќе оди на школо, ако губи час и треба да го земеш, како ќе ти се јави? А ако немаш пари, како ќе му овозможиш, само со љубов ли? Тоа па што населението е порочно, пие, пиши и самото со боринче си бара да закачи некоја болест и да страда по болници, тоа е феномен за психолошко истражување. Тој што е себичен кон себеси, се труе, тој не е добар татко, дали ќе е на 19 или 50, исто му се фаќа. Демек татко алкохоличар, не му требаат пари, битно љубов им пружа на децата и ги добил на млади години? Како да не. Кога последен пат сте виделе маж што не пие алкохол? Јас на паметам.
     
    На Anyshka и SigmaMan им се допаѓа ова.
  9. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Јас капка не пијам еве.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    И плата од 1.000 евра не е нешто ууааауу, ако се работи за Скопје, а ако само мажот ја зема таа плата, пак
    ќе се сиромашни. Друго, заработувале и со средно, не требало учење, демек пари прават? Занаетчиите повеќето останаа приучени и земаат добри пари, ама тоа е моментален тренд поради миграција на Запад. Повеќето немаат ни фирми, пари на рака, и земал 1.000 евра, да земал, месецов можеби, ама тој во ПИОМ платил 0 денари, во сива зона е, без права, на ветрометина. Оние што шишаат, шминкаат по дома, прават нокти, исто сива зона. Народов пари нема и немал, а тоа што отепуваат од лажење е друго.

    И треба да се спомене дека кај нас и млади на 15 години се мажеа, што е ненормално, настрано, не знам како да кажам. Две такви постари од мене, во исто школо учевме, се омажија после 8 одделение. Тоа е ок? Срам им е дека се со основно, па на ФБ се означуваат дека завршиле средно текстилно.

    Завидувам на тие што имаат свој кров над глава, колку толку прошетале, сами си покриваат трошоци, имаат хармоничен брак, па и да родиле 1 дете и на 42 да го родиле, ако го изгледале, направиле човек, воспитале, ако дочекале тоа дете да се вработи, да застане на свои нозе, да, во мои очи тоа се големи луѓе.

    А што фајде ако родиш на 19 години, и друг ти купува влошки и памперс за детето, се караш секој ден по дома, трпиш стрес бетер од некој во воена зона сега(види ја темата Снаи и свекрви и јасно ти е), детето ако ти фати погрешен пат, што фајде? Да те величам си родила млада? Мајка ми ме родила на 19 години и не била добра мајка. Еден асален совет немам добиено од неа во животот, само строгост и строгост. Сеедно ми е на колку години ме родила, не ми смени ништо во животот тоа што ме родила на 19.
     
    На Anyshka, SigmaMan, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Леле вакво ние опшеството - маестро на синтисајзер. Од емпатија како пред се жена кон жени кои подигнале кредити за да си го прошетаат детето, оти знаеш сите сакаат се најдобро за децата сфаќа заглавена. Јас не се осудувам ни тој збор на некоја да и го речам од човечки аспект да не ја навредам..Секако дека има млади мајки заглавени во кредити, познавам една ПРЕКРАСНА е и почина партнерот на 32 години, сега е сама девојката работи и да е во кредити. Нема време косата да си ја измие за СЕ да и пружи на ќерката и неа сега јас треба да и се смеам и да и речам заглавена? Или некоја како тебе да оди и да и речи жртво!! Катастрофа.. Познавам и во секта мајки инаку, познавам и сексуални работнички за време на ковид исфрлени од работа без никакви примања, дете бара храна, а тоа боли. Мислиш ги осудувам? Никогаш. Мајката е џин бре се ќе направи за детето, ние само пишуваме како би се ублажило тоа и за мајката која е пред се жена . Те молам прочитај нешто од Sigmund Freud "theory on child development" пред да репличираш.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Од каде до каде го изврте муабетот. Гледаш што зборам? Дека и жена што родила на 40, или 25 или 19, секаде има шанси некој период од животот да заглави. Без разлика кога и е родено детето, без разлика дали е со брачен партнер или самохрана мајка. Тоа е тоа што го зборам, дека и на 19 и на 40 има struggles, бидејќи не знаеш животот што носи. И затоа пак ќе кажам, кој кога сака неќа раѓа, дали на 19,22,25,37. Животот е тоа. А вие во еден пост ми зборите дека дете родено на 35 немало да осети финанисиски проблеми, а сега пу пу не важи, постоеле личности кои не можеле глава да кренат од давачки. Реков и ќе речам заглавена у кредит, бидејќи е. Реално е така. Од убавина никој не зема кредит, јасно ни е тоа на сите. Само споменат беше кредидот да увидите дека у животот постојат пречки финансиски секогаш, без разлика на која возраст сте формирале семејство.
    Биди ми поздравена, нема веќе што да ти реплицирам, особено во ситуации кога ме прави некој the bad guy. Теориите на Сигмунд Фројд задржи си ги за себе. Ти си таа која има деца. Не знаеш животот што носи.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Секако, немам деца ама теориите секако ќе ги задржам имала / немала.
    Не те правам ништо што не читам барав повеќе емпатија на изразување затоа што овде има мајка на секоја возраст и се борци, а не жртви. :muscle:
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.727
    Пол:
    Женски
    Јас напред напишав дека годините не се мерило секогаш,имам другарка роди на 19 и супер си се. Ама , ама ....они незнаат што значи Дете и кои се потребите. И финансиски и психички и емоционални .
    Финансиски за почеток ! Колку само не се свесни ....
     
    На Just.do.it и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  15. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.264
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го напишав,еве и јас родив на 22 ама не оправдувам!!!!
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.902
    Допаѓања:
    171.571
    Пол:
    Женски
    Држете се до аргументирано и цивилизирано ниво на дискусија. Карање, навредување и оф топик не се толерира. Ако нешто е против правилата и/ли е навредливо - пријавете и не реплицирајте. Фала.

    Пријавете нешто ако не тргнав иако ќе ја читам сега цела тема.
     
    На Purelove92, SummerGirl, Mazegin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Jaс сум антикредит човек, ама со мала плата ни кредит не ти даваат. Да си кредитоспособен и тоа е нешто во оваа сиромашна држава. Мајка ми ме родила на 19, не гледам дека нешто полета од тој факт, само после 50 и е сеедно дали ќе умре, оти сум самостојна, тетки, стрини, сите млади родиле, некои дури и малолетни се омажиле на 16,17, на 18 години веќе биле мајки, а не гледам дека се воодушевени од тоа, напротив, се жалат дека биле деца, дека не проживеале, дека трпеле во бракот, дека не знаеле за подобро, дека никој ништо не ги поучил во животот. Сите дочекаа да поминат 60 години, удрија во 70, значи да родиле на 40 на пример, сега ќе имале деца од 28, 30 години, а тие кутрите се исцедени од чување внуци. На младост немале избор, на старост исто. Тажна македонска работа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Ретко кој може да биде добар родител толку млад, со тоа потполно се согласувам. Јас искрено само еден пар познавам што првото дете им се роди кога имаа 18 години, а се навистина добри родители. Моја генерација се двајцата. Сигурно не им било лесно, ама имаа огромна поддршка од родителите од двете страни, така и жената запиша факултет, дипломираше итн.
    Знам дека не се лоши родители :)

    Пак ќе кажам, овој пат не е за секого. За мене сигурно не беше, најголем страв на тие години ми беше бременост. Да се случеше, немаше да родам. Апсолутно не бев спремна никако.

    И ова е вистина за најголемиот дел од луѓето, не сме спремни толку млади. Најчесто овие приказни се "од играчка плачка", а во некои случаеви и присила (обично од позатуцани средини према женското дете - и вакви примери знам). Во некои случаеви дечкото пробува да ја забремени девојката за да ја "врзе" (и' се случи на другарка на тие години, среќа раскина пред да забремени) итн.

    Меѓутоа не е убаво од старт - млада родила, затоа не е добра мајка. Родителствувањето има толку многу со карактерот на една личност, некои никогаш не успеваат да созреат доволно за да бидат добри родители. И за тоа имам пример, на скоро 30 години на родителите родено дете, па жали Боже каде и како живее, безброј пати се пријавени во социјално, го "губат" детево постојано.

    Ептен некако широка тема е, и млади години 18 - апсолутно викам и јас не, веќе 22-23, ако е искрена желба, а не присила или "лек" за депресија (да не сум сама), за "поправање" на врската, за исполнување на социјални очекувања... итн.

    Суштински, независно од возраста, верувам дека секој треба да се запраша зошто сака да биде родител. За жал, секако тоа не е случај, па имаме генерации и генерации трауматизирани деца, кои го продолжуваат кругот.
     
    На jacqueline.s и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Имав 11 години кога татко ми, здрав - прав 40 годишен маж, имаше мозочен удар за кој не знаеа дали ќе преживее. Среќа преживеа и ден денес е жив, меѓутоа траумата си остана. А не бил стар кога сум се родила нели, 29 години имал.
    На мои пријатели, мајка им почина кога помалото дете немаше ни 2 години. А постарото го родила на 21.

    Животот толку немаме поима колку ќе трае, пресметкиве кој колку ќе живее едноставно се пренеизвесни.
     
    На Anaroz1, Tanjamm, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.364
    Пол:
    Женски
    По 3ти пат, да. Се согласувам , само реков дека разбирам од каде иде муабетот :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.