Форумџика на годината

Раѓање на млади години

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 5 август 2024.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.074
    Допаѓања:
    26.654
    Моите родители починаа на 40 и 45г. Двајцата од рак. За нив се грижевме јас и брат ми на наши 15/16 и 20/21 години...

    На другар родителите имале по 40г кога го добиле... ене ги на 75 се радуваат на внуци. Здрави, прави, витални..


    Нема никакво правило кој колку ќе живее.


    Инаку не е лесно ни на 35г да посветиш неколку години на деца а да паузираш кариера која била во полн ек.. додека имаш колеги на 35 со 10г деца кои имаат можност за голем професионален раст и раЗвој. Секоја медаља има две страни :)

    но, сепак сметам дека е прерано да се има дете пред 25г.
     
    На anggell, Ava.84, Anaroz1 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Баш така. Во моја околина имам и посвоени пријатели и роднини, на сите родителите ги посвоиле на 35+, живи и здрави им се и да си бидат.

    Нема правила тука баш.
     
    На eliesaab, LiquidLuna и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.170
    Пол:
    Женски
    Ајде реално сега, без препуцавања зашто и како...
    На 19 години уште не знаев што сакам од животов, ни на кај терам. На фах кога се запишав паметот ми беше во дружење, испити, театар...
    Сега, на 34 години кога имам дете, и кога гледам колку трпение и сталоженост треба за да издигнеш една душа која е комплетно зависна од тебе, сфаќам колку е потребно да си свесен дека тоа дете зависи од тебе и твоите постапки. Да се биде родител е страшно одговорна работа.
    Не знам колку на 19 години, 18, 20, мање више, некој е спремен на таа одговорност. Секоја чест на тие што се.
    Не за џабе старите рекле "Дете од стара мајка" :)
     
    На fashion-addict, Gosh, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Ова чиста вистина е. Јас доста имав стагнирано, дури сега имам желба и сили кога потпораснаа да одам понапред кариерно. Дури беа бебиња и помали гледав само да додржам работа, да иди плата и да поспијам :) другарка ми, врсничка моја, која веќе имаше порасната ќерка, можеше да се посвети повеќе и баш тогаш напредна. Кариера која бара надградување цело време ќе страда дури имаш бебе/тодлер, колку и да имаш години.
     
    На eliesaab, Anaroz1, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Јас на 33 немам ниту едно, од мајка ми муабет - мене на 23, сестра ми на 36 ја роди.
    Вика, со сестра ти се науживав. Со мене и сама била млада, исплашена и неискусна, а бабите мои уште толку мозок и' ваделе, итн. Со сестра ми друга приказна, нормално. Не знам за дете, ама за што било сега точно знам каде да ставам граница, на 20 не знаев. Од денешен аспект кога ќе се сетам на периодот 18-22 си викам Господ ме чувал, оти сама не сум се чувала ич :D Младост лудост :)

    Сепак, не сме сите исти, не можеме да бидеме. Многу фактори играат за тоа кој каков и кога ќе стане.

    Пријателите кои ги спомнав, на 18 што им се роди првото дете, еве средно ќе појде годинава. Мислам супер си заработуваат, добро живеат, со сите 3 деца секаде шетаат, ако треба имаат баба сервис, навистина дома ептен им помогнаа, сега веќе децава се поголеми и не им треба баш толку помош.

    Јас не би, ни 18 ни 20 ни 25 кога имав, ама ми се пример дека ако сакаш, не е трагедија. Луѓево иначе не се ич затуцани па да имале притисок некаков, како пример сестра и' се посвети ептен на кариера и тек сега на 30+ го роди првото, исто си беше од дома поддржана во своите планови.
     
    На eliesaab, FridaodaMk, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    10.170
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на исклучоците, алал на сите толку млади родители што успеале да покажат дека можат да бидат родители. Верувам
    дека ги има, ама тоа е ретко. Младоста го простува грешките, затоа е лесно кога си млад.

    Од друга страна кога имаш дете нема простор за грешки.

    Како и да е, од мојаа гледна точка, подобро е да створиш живот кога си зрел. Јас тоа го направив на 33 години, и понекогаш уште се запрашувам за некои работи дали постапувам правилно, затоа што за моето дете сум цел свет моментално и сакам тој свет да биде исправен. Сеуште имам чуство дека мајка ми секогаш подобро ќе знае од мене :)
     
    На eliesaab, KuklickaSk, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    179.251
    Пол:
    Женски
    Во суштина се во животот е многу непредвидливо и неизвесно. Сите сме во истата линија и никој од нас не знае кога ќе биде нашиот ред. Има и млади родители што супер се снашле во улогата и повозрасни.
    Добар родител те прават сплет на околности, ама особено колку си спремен да учиш како да бидеш добар родител. Ниту тоа знаење се стекнува со раѓање ниту пред, туку со искуството и спремноста постојано да учиш нешто ново.

    Ако веќе треба да дадам некое мислење, 19 години е прерано. Дали дека мене на 19 најбитно ми беше да го положам испитот и во кое диско ќе се оди во петок, а кое во сабота.. Бев толку ослободена од поголеми животни грижи еве не знам.. Не мислев ни на сериозни врски, уште помалку на деца.

    И јас мислам дека 25+ се некоја солидна ментална основа за деца. Од оваа перспектива, можеби 28 вака ми се чинат најидеални за прво бебе. Иако на таа возраст сеуште лично немав желба.

    Од аспект на тоа дека правење бебе, а како и наоѓање соодветен партнер не оди секогаш по план, не мислам да давам паушални мислења за граница. Мислам дека е исклучително себично да нарекуваш некого себичен само оти ја немал твојата среќа.
    На нас е на децата да им оставиме добра основа, да ги научиме да се добри луѓе, да им всадиме некои добри навики, да знаат како да тераат без нас без разлика на нашата возраст, оти единствена вистина е дека сите сме неизвесни.
     
    На KuklickaSk, Srckata28, Meddy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.732
    Допаѓања:
    107.097
    Пол:
    Женски
    Нема правила тука... :hai:
    Јас се омажив на 20 , родив прво дете на 21. Беше се планирано, и брак и бременост. Воопшто не се каам што рано станав мајка. На 21 година имав многу енергија и лесно низ песна ја израснав ќерка ми, на почетокот секако ми било тешко околу домашните обврски ама се навикнуваш со тек на време. Имав помош од моите и од свекрва ми и свекор ми па кога потпорасна малку беше друго веќе и за шетање и за се друго. Сега сме како другарки (големата ќерка ми е 13 јас 34 :))
    И секако децата ми се израснати во одлични услови, ништо никогаш не им фалело.
    Втората ќерка ја родив на 29.

    Според мене нема правило, има луѓе што и со високо образование па се немаат снајдено во животот. Нема мерило.
    Единствено над 35 не би раѓала.
     
    На Anaroz1, KuklickaSk, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.667
    Блазе си Ви на сите што сте созреале на млади години јас искрено на 18,19 години не знаев што точно сакам во животот и сега се ближам накај 30, некако уште не сум спремна за деца, ама па барем знам каков тип на маж би сакала, за разлика од 18,19 г кога имав и фала богу тогаш што не сум се омажила, ќе ми беше погрешен избор